Светот ѝ оддава почит на кралицата Елизабета Втора

Политичари, спортисти, уметници и лица од јавниот живот ѝ оддаваат почит на крализата Елизабета Втора, која вчера почина по 70 години владеење со Обединетото Кралство.

-Изјавувам пред сите вас дека целиот мој живот, без разлика дали е долг или краток, ќе биде посветен на вашата служба и на службата на нашето големо царско семејство на кое сите припаѓаме., рече Кралицата Елизабета Втора на крунисувањето во 1953.

Никогаш претходно едно исклучително ветување не е одржано толку екзактно, ќе речат многумина денеска на крајот на една ера, која седум децении ги обединуваше Британците, но и уште 15 земји од Комонвелтот.

Новиот крал, Чарлс Трети со сопругата Камила од Шкотска попладнево пристигна во Бакингамската палата, емотивно дочекан од стотици граѓани. Тој вечерва ќе има обраќање до нацијата, а утре и официјално ќе биде прогласен за крал во палатата Сент Џејмс.

По повод смртта на Елизабета Втора, на островот е планирана најмалку 12-дневна жалост, сите натпревари и фестивали веќе се откажани, а звуците на камбаните кои одекнуваат низ црквите, попладнево накусо беа прекинати од 96-те почесни плутони истрелани во Хајд Парк во Лондон во чест на секоја година од кралицата.

Илјадници луѓе и денеска ѝ оддаваат почит на Елизабета Втора пред Бакингамската палата и замокот Балморал во Шкотска, каде почина вчера како втор најдолговечен монарх во светот по Луј 14.

-Се чувствувам емоционално. Чувствувам болка во стомакот. Навистина така се чувствувам, како „Ох Боже, тоа навистина се случи“. , вели жителка на Лондон

-Таа работеше правилно до последниот ден и тоа е неверојатно. Сето тоа те прави да се чувствуваш како горд британски сонародник. , вели жител на Лондон.

Иако веста е шокантна, информациите укажуваат дека државата за нејзината смрт се подготвувала од поодамна, со безопрекорно разработен план наречен „Уривањето на лондонскиот мост“, кој го предвидува целиот протокол - од нејзината смрт па се до грандиозниот погреб во Вестминстерската опатија во Лондон, кој според најавите треба да се случи за 10 дена, односно следниот понеделник, кој би бил неработен ден. Претходно, во вторник нејзиното тело со авион ќе биде пренесено во Бакингамската палата во Лондон, каде според информациите ќе биде изложено околу пет дена, а каде се очекува почит да и оддадат стотици илјади луѓе.

-Кралицата Елизабета Втора беше карпата врз која модерна Британија беше изградена. , изјави Лиз Трас, премиерка на Британија

-Mислите и молитвите на американскиот народ се со народот на Обединетото Кралство и Комонвелтот во нивната тага.

-Ова беше жена што го даде животот да им служи на другите. , Џасинда Ардерн, премиерка на Нов Зеланд

-Беше мудра, љубобитна, грижлива, духовита. , вели Џастин Трудо, премиер на Канада

Токму така, духовита и непосредна ја памети и поголем дел од јавноста, со зајадливите досетки за политичарите и скромноста на јавните настапи.

- Стави ги двете раце. Има нож таму. -Молам. – Има нож таму. Знам дека има.

Низ децениите се соочи со многу предизвици. Од притисокот на јавноста поради нејзината задоцнета реакција за смртта принцезата Дајана, преку обвинувањата за расизам во кралското семејството и долгогодишната политика на колонијализмот, па се до смртта на нејзиниот сопруг Филип. Проценките се дека светот го обиколила 42 пати, а била домаќин на 112 државни посети. Престојувала во 100-ина различни земји, вклучително и во поранешна Југославија. Во 72-та година, Елизабета Втора се одзва на поканата на Тито и Јованка Броз, што беше прва посета на една комунистичка земја и наиде на критики во западните медиуми.

-Југославија ја слави посетата на поранешниот сојузник и постојан пријател. , се вели во извештајот на Асошиејтед Прес.

По смртта на кралицата, Британија ќе претрпи извесни одредени промени. Од ново лице на банкнотите и поштенските марки, до националната химна. Зборовите на химната која потекнува од 18 век ќе се сменат од Боже чувај ја кралицата во Боже чувај го кралот.

Кисела Вода ги одбележа Светскиот ден на лицата со церебрална парализа и Детската недела

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски вечерва беше дел од одбележувањето на Светскиот ден на лицата со церебрална парализа и Детската недела. 

Во МКЦ, во организација на Општина Кисела Вода, Здружението на деца и родители со церебрална парализа, заедно со децата од Детскиот алтернативен театар „Мали, а, големи“, пред преполна сала, се одигра инклузивната детска претстава „Малиот принц“.

-Денес сме тука заедно да го одбележиме Светскиот ден на лицата со церебрална парализа и Детската недела, на еден навистина посебен начин – со инклузивната театарска претстава „Малиот принц“. Оваа претстава е доказ дека инклузивноста не е само збор, туку вредност која ние како општина ја негуваме и применуваме преку конкретни проекти. Денес на оваа сцена ќе видиме како децата од Здружението на деца и родители со церебрална парализа, заедно со децата од Детскиот алтернативен театар „Мали, а, големи“, ни го претставуваат светот на пријателството, љубовта и храброста.

Преку овој настан јасно се гледа дека сите деца, без разлика на нивните предизвици, имаат еднакви можности да ги покажат своите таленти и да учествуваат во општествените активности. Со секој ваков проект ја намалуваме маргинализацијата и го отвораме патот за поинклузивно и поправедно општество.

Во Општина Кисела Вода, инклузивноста е приоритет во секој сегмент од нашата работа. Со бројни проекти покажавме дека секое дете заслужува шанса да сонува, создава и учествува, без пречки и ограничувања. Оваа претстава е само еден од многуте примери каде нашата општина стои цврсто зад идејата за еднаквост и поддршка за сите.

Ве уверувам дека со вакви и слични проекти ќе продолжиме да ги отвораме вратите за сите деца и да создаваме средина каде сите се прифатени и вреднувани за тоа што се. Благодарам на сите кои го поддржаа овој прекрасен проект и на сите деца учесници кои ќе ни ја пренесат магијата на театарот-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски во своето излагање пред присутните, соопштуваат од општината.

Техеран ги предупреди Заливските земји: Ако му помогнете на Израел, ќе следува наша реакција

Иранскиот режим ги предупреди државите од Персискиот Залив дека ќе се соочат со одмазда доколку дозволат Израел да го користи нивниот воздушен простор за да го нападне Иран.

Оваа вест, како што јави Simpe Flying, прва ја пренесе агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на ирански официјални лица кои рекле дека би било „неприфатливо“ воздушниот простор на земјите од Персискиот Залив да се користи за напад врз Иран од страна на Израел или неговите сојузници. .

Да потсетиме, Иран на 1 октомври изврши масовен ракетен напад врз Израел, при што беа истрелани 181 ракета. Неколку проектили поминаа низ израелскиот систем за противвоздушна одбрана и погодија неколку воени бази, иако официјален Ерусалим тврди дека „не е причинета значителна материјална штета“, а медиумите објавуваат и фотографии од остатоци од ракети.

Во услови на зголемена загриженост за можна израелска одмазда, Иран ги предупреди земјите од Персискиот залив дека доколку му пружат „секаква помош на Израел“ - како на пример да дозволат нивниот воздушен простор или воените бази да се користат како полигон - иранските сили ќе одговорат.

За време на иранскиот напад во април, борбени авиони на јорданските вооружени сили учествуваа во пресретнувањето на некои ракети, иако неодамнешните израелски напади на либанска територија ги заострија односите меѓу двете земји. Другите земји од Персискиот залив, вклучувајќи ги Бахреин, Кувајт и Катар, се домаќини на воени бази управувани од САД, клучен израелски сојузник и потенцијално место за напади врз Иран. Доколку Израел изврши напад, се очекува првенствено да ги таргетира воените постројки во Иран, но исто така може да се обиде да ги оневозможи нафтените капацитети на Иран.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абаз Аракчи, отпатува во Саудиска Арабија на разговори со официјални претставници од другите земји од Заливот, нагласувајќи ја важноста на „регионалното единство“ против Израел. Техеран, исто така, разговараше со претставниците на Заливот на маргините на конференцијата во Доха, Катар, минатата недела, информирајќи ги дека Иран, во најмала рака, очекува неговите регионални соседи да останат неутрални во секој конфликт.

САД го зголемија своето воено присуство во регионот во изминатите неколку недели. Ова вклучува распоредување на нови ударни групи на носачи на авиони и подобрување на борбените способности на борбени авиони на Блискиот Исток.

Рафаел Надал има милионска колекција на автомобили, најскап е оној на Џејмс Бонд (ФОТО)

Сега веќе пензионираниот Рафаел Надал по завршувањето на исклучителната тениска кариера може да се пофали не само со спортски успеси туку и со импресивна колекција на автомобили.

Легендарниот шпански тенисер, кој освои 22 Грен слем титули, отсекогаш бил страствен вљубеник во луксузни автомобили.

Во неговиот рај во гаражата се кријат некои од најскапите и најмоќните модели на светот, а секој од нив има посебен стил и карактер.

Aston Martin DBS, 285.000 евра

Најскапиот автомобил во колекцијата на Надал е престижниот Aston Martin DBS.Овој модел со V12 мотор од 760 коњски сили забрзува од 0-100 km/h за само 3,6 секунди.

Ферари 458 Италија, 215.000 евра

Брзиот Ferrari 458 Italia е најбрзиот ѕвер на Надал, кој достигнува 100 km/h за само три секунди.Придвижуван е од V8 мотор со 562 коњски сили, а неговиот модерен дизајн го прави стилска икона.

Mercedes Benz AMG G63, 155.000 евра

Надал ја обожава цврстата Г-класа на Мерцедес, која првично беше дизајнирана за воена употреба.Овој луксузен SUV се издвојува по своите теренски способности и атрактивен дизајн.

Mercedes Benz AMG SL55, 206.000 евра

Овој спортски Мерцедес е познат по својата брзина и елеганција, со 470 коњски сили и максимална брзина од 295 km/h.Надал често го користи овој автомобил за да ужива во долги возења.

Kia EV6 GT, 58.000 евра

Како долгогодишен амбасадор на брендот Kia, Надал го фаворизира EV6 GT, електричен автомобил со 577 коњски сили.Овој модел комбинира свест за животната средина и импресивни перформанси.

Киа Стингер, 41.000 евра

Најприфатливиот модел во неговата колекција е Kia Stinger, елегантен семеен автомобил со мотор од 365 коњски сили.Иако е најевтин, Stinger нуди брзина и стил што им се спротивставува на луксузните модели.

притисни ентер