Свети Николе ќе почне со кампања за донирање на крвна плазма

Светиниколскиот кризен штаб ќе почне кампања за донирање на крвна плазма за пациентите заразени со корона вирусот. 

По вчерашните седум нови случаи, бројката на активни инфицирани со коронавирусот изнесува 64.

-Според излагањето на присутните заболени од корона вирусот има и едно двомесечно бебе, седум лица се на болничко лекување.Од МВР не информираа дека на 481 лице им е изречена казна за неносење маска. На седницата се разгледа и се донесе заклучок да се поведе активна кампања за донирање на крвна плазма од излечени лица од КОВИД-19 , која им е потребна во лекување на заболените лица, се вели во соопштението на Општинскиот кризен штаб-Свети Николе.

Апелираат до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите за заштита од КОВИД-19, како и често миење на раце, држење на дистанца и носење ма заштитни маски.

Кој ќе има приоритет при вакцинацијата против Ковид -19?

Министерот Филипче најави дека се обезбедени над 800 000 дози на вакцини..

Првата пратка од 833.000 КОВИД вакцини во земјава најдоцна до март. Приоритет ќе им се даде на лекарите и сестрите кои работат со болни од корона, лицата над 65 години, хронично болните со белодробни и кардиоваскуларни заболувања, вработените од критичната инфраструктура и транспортот.

Вакцината ќе се прима во две дози во веќе постоечките вакцинални пунктови и ќе биде незадолжителна, кажа денеска министерот Филипче. Веќе се преговара и за дополнителни 800.000 дози преку Европската унија. Понуди за дистрибуција на нови дози стигнале и од компании од Полска и Грција.

Од кога ке почне вакцинацијата? Деталите од Сања Трајковска Ставров..

МЗ:На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 843 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 843 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, информира Министерството за здравство. 

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 79 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 65 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 57 болни, а во Куманово 116 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 123, во ковид центарот во Гостивар 61, а во Струга 36 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 68 пациенти, во Кочани 18, во Кичево 20, Кавадарци 39, а во Гевгелија 17 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1286 и има околу 160 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Двајца тешко повредени во сообраќајка кај Струмица, пренесени во Клиничкиот центар во Скопје

Четири лица се повредени во сообраќајната несреќа која се случи денеска во 14 часот на патниот правец Струмица-Ново Село, во близина на крстосницата кон село Сачево кај Струмица. 

Двајца од нив со потешки повреди се пренесени на лекување во Клиничкиот центар во Скопје, а останатите двајца од кои еден е со потешки, а другиот со телесни повреди се на лекување во струмичката болница.

Ова го соопшти портпаролката на СВР Струмица, Хризантема Рендевска, која информираше дека во сообраќајката учествувале автомобили марка „опел астра", управувано од К.М (73) од Струмица и „пежо", во кое се превезувало три члена на семејство од селото Сушица. Патниците од „пежото" се потешко повредени и двајца од нив се пренесени на лекување во Скопје, додека возачот на „опел астра" е повреден и е задржан на лекување во струмичката болница.

Во извлекувањето на повредените од автомобилите учествуваа и шест пожарникари на ТППЕ Струмица.

На местото на несреќата увид извршија полицијата и обвинител од Јавното обвинителство во Струмица.

Заради сообраќајката патот неколку часови беше затворен за сообраќај, а полицијата го насочуваше преку заобиколни патишта. По извршениот увид сообраќајот на патниот правец Струмица-Ново Село е нормализиран./МИА

притисни ентер