Свет на духови: Морничави снимки од потонатата „Коста Конкордија“

После речиси две години од страшната несреќа на луксузниот брод, нуркачите на италијанската полиција се спуштија во морските длабочини до остатоците од Коста Конкордија и пронајдоа вистински „свет на духови“.

На снимката која е објавена се гледаат скалите, продавници, ходници, расфрлани предмети, садови. На ова морничаво место животот го изгубија 32 лица.
Нуркачите во бродот влегоа откако бродот беше исправен со помош на посебно изградена платформа под морето. Планирано е наскоро остатоците со помош на 30 џиновски метални боци полни со кислород да се подигнат од морето.

Околу целиот брод ќе биде поставена мрежа со цел да се избегне губре да испадне во морето. Италијанската влада во понеделникот даде зелено светло за поместување на остатоците кон пристаништето во Џенова.

Овој пат долг 241 километар ќе трае пет дена. Било каква прогноза за бура или посилен дожд ќе го наруши патот.

Луксузниот крузер заринка кај италијанскиот остров и загинаа 32 лица.

Минатиот месец нуркачите почнаа да трагаат по остатоците од загинатите.

На капетанот на бродот му се суди заради убиство од небрежност, предизвикување бродолом и напуштање на бродот.

Во општините Дебар и Центар Жупа избирачките места отворени навреме

 Во општините Дебар и Центар Жупа, сите 43 избрачки места се отворени навреме.

- Гласачките места се отворени во седум часот. Гласањето во општина Дебар се спроведува во 27 избирачки места од кои 22 се во градот, две во село Могорче и по едно во селата Џепиште, Горно и Долно Косоврасти. Право на глас имаат 19.334 гласачи, што е за 123 гласачи повеќе споредено со последниот изборен циклус, локалните избори во октомври 2021 година. Вчера своето граѓанско право го остварија 29 болни и изнемоштени лица, рече Рилинд Хаса, претседател на Општинската изборна комисија во Дебар.

Според Неџип Илјаз, претседател на ОИК-Центар Жупа и во оваа општина избрачките места се отворени точно навреме.

- Се гласа на 16 избрачки места, 9 се во Центар Жупа, по едно во населените места Броштица, Новак, Еленци, Брештани, Праленик, Коџаџик, Долгаш. Вчера правото на глас го искористија 3 болни и изнемоштени лице, изјави Илјаз.

Во единствениот избирачки список за општина Центар Жупа се запишани 7.383 со право на глас или 306 повеќе, во однос на повторените избори за градоначалник во април 2022 година.

Во Неготино навреме стартуваше гласањето за претседател на државата

Сите избирачки места се навремено отворени, успешно стартуваше изборниот процес за претседателските избори, информираше утринава, претседателката на Општинска изборна комисија Неготино, Елизабета Камчева. 

Таа потсети дека во текот на вчерашниот ден, беа пријавени и имаа можност да гласаат, согласно на законот, вкупно 142 болни и немоќни лица, како и осум лица од Неготино, сместени во старечки домови надвор од територијата на општината.

- Покрај тоа, на овие избори имавме пријавено и гласање од затвор од страна на 22 лица, а на три од странство, потсети таа.

Камчева додаде дека во избирачкиот список за општина Неготино, се запишани вкупно 15.840 избирачи со право на глас.

Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил

 Пет мртви тела, меѓу кои и три деца, се пронајдени во куќа во американската сојузна држава Оклахома. Од полицијата велат дека мажот ги убил сопругата и трите деца, а потоа се самоубил.

Полицијата верува дека Џонатан Кенди (42) се скарал со сопругата, 39-годишната Линдзи Кенди, а потоа пукал повеќе пати.

-Потоа, тој ја обиколил куќата, барајќи ги децата и пукал во нив. Убиени се 18-годишниот Дилан, 14-годишниот Итан и 12-годишниот Лукас. Ги бркал децата низ куќата, соопшти полицијата, пренесе Еј-би-си Њуз.

Целиот страшен настан го преживеал само десетгодишниот син, кој спиел за време на пукањето. Десет-годишното момче се јавило на 911 во понеделникот наутро и кажало дека сите во куќата се мртви. Засега не е познато зошто 10-годишното момче не е повредено. /МИА

притисни ентер