Сугарески: Ќе ја доизградиме и модернизираме пругата до границата со Бугарија

Меморандумот за развој на железницата што го потпишавме со Република Бугарија е предуслов за одржлив економски раст и развој на регионот, како и значаен чекор напред во однос на заедничките инвестиции што ќе ги реализираме за довршување на Коридорот 8 кон исток, рече денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Сугаревски на прес-конференција ги соопшти деталите од Меморандумот.

- Со Меморандумот се обврзуваме да ја доизградиме и модернизираме пругата до границата со Бугарија, а Владата на Бугарија се обврза да ја доизгради пругата до нашата граница, со што целосно ќе го заокружиме железничкото поврзување. Вкупната должина што треба да се доизгради до границата со Бугарија е околу 89 километри. Изградбата претходно е поделена на три делници, а постапките за сите три делници веќе се почнати, нагласи Сугрески.

Изградбата на делницата Куманово-Бељаковце е во фаза на реализација, а средствата во висина од 46 милиони евра се обезбедени од Европската банка за обнова и развој.

- Пругата требаше да биде готова уште минатата година, но поради одредени проблеми со проектната документација и нерешените имотно-правни односи градбата е пролонгирана до 2018 година. За ова време ќе бидат надминати сите настанати проблеми се со цел пругата да биде изградена во рамки на договореното, рече Сугарески.

Во делот од Бељаковце до Крива Паланка во должина од 34 километрим, во завршна фаза е постапката за изработка на техничка документација. Постапката за изведувач, како што рече, е почната и се очекува до средината на идната година да имаме избрано градежна фирма што ќе го гради овој дел од пругата. Оваа делница ќе биде завршена до 2021 година, а 145 милиони евра веќе се обезбедени од Европската банка за обнова и развој.

Тој потенцира дека на Самитот во Трст што се одржа минатиот месец на Македонија и бил доделен грант-неповратни средства во висина од 70 милиони евра од страна на ЕУ. Овие пари ќе бидат искористени за изградба на оваа делница и за овој износ, како што рече, ќе го намалиме кредитното задолжување кон ЕБОР.

За третата секција од Крива Паланка до границата со Бугарија во должина од 24 километри, во завршна фаза е изработка на проектна документација. Се проценува дека изградбата би чинела меѓу 350 и 400 милиони евра.

- Досега имаме обезбедено 60 милиони евра преку Оперативната ИПА програма 2014-2020, а останатите ќе ги обезбедиме преку меѓународни финансиски институции кои имаат пројавено интерес за финансирање на оваа делница. Нашите планови се изградбата да почне во 2020, а да заврши во 2025 година, рече Сугарески.

Тој информира дека Бугарија со Меморандумот се обврзала модернизацијата на железничката линија од Софија до Ѓуешево да биде завршена до крајот на 2026, а делот од Ѓуешево до границата со Македонија да биде завршена до крајот на 2027.

- Изградбата на пругата е од огромно зачење не само за двете земји, туку има значење и за целиот регион. Ќе се отворат нови можности за сите транспортни компании, ќе се создадат нови транспортни рути, а изградбата на пругата ќе има силно влијание и врз економијата. Генерално ќе имаме олесување на транспортот и намалување од притисокот од досегашнте несакани случувања на Коридорот 10, рече Сугарески.

Тој информираше и за изградбата на пругата кон Албанија, која не е составен дел од Меморандумот. Должината на оваа пруга е 66 километри, а во завршна фаза е изработката на основните проекти кои треба да бидат готови до крајот на годината. Потоа ќе се пристапи кон обезбедување финансии, а изградбата ќе чини околу 550 милиони евра.

Според Сугарески, многу е важно Македонија да има функционална пруга и кон запад бидејќи на тој начин ќе го заокружиме Коридорот 8 кој е еден од значајните паневропски коридори во регионот. /МИА

Тајрис Макси е играчот со најголем напредок во НБА

 Како што се ближи крајот на натпреварувањето во НБА лигата, така се повеќе се зборува за индивидуалните награди. Првата веќе пристигна.

Кошаркарот на Филаделфија, Американецот Тајрис Макси е добитник на наградата за играч кој најмногу напредувал во изминатиот период, објавено е на веб-страницата на НБА.

Мекси (23) доби повеќе гласови во финалниот избор од Коби Вајт од Чикаго и Алперен Шенгун од Хјустон. Наградата се доделува од 1985 година.

Минатата сезона победник беше Лаури Марканен од Јута, а меѓу оние кои досега ја освоија оваа награда се Горан Драгиќ, Паскал Сиакам, Јанис Адетокумбо, Пол Џорџ, Трејси Мекради, Зек Рендолф, Хидает Туркоглу итн. /MИА

Де Бруин ќе му се придружи на Роналдо ова лето?

Манчестер Сити не успеа во мисијата да ја одбрани тројната круна. 

Во четвртфиналето на Лигата на шампионите беа поразени од Реал, но затоа Сити се уште е во конкуренција за двојната круна во Англија и шестата шампионска титула во последните седум години.

Сепак, ова лето Манчестер Сити би можел да остане без својот најдобар играч Кевин де Бруин.

Фантастичниот триесет и тригодишен Белгиец под водство на Гвардиола освои се и остави голема трага во Премиер лигата.

Актуелниот договор на Де Бруин истекува во летото 2025 година, а саудиски Ал Наср сака да ја искористи таа ситуација. Белгиецот моментално вреди 60 милиони евра на пазарот, но доколку клубот на Роналдо го сака играчот на Манчестер Сити, ќе мора да плати многу поголема отштета.

Во Манчестер Сити Де Бруин заработува околу 21 милион евра по сезона. /МИА

Тела на 19 мигранти пронајдени кај брегот на Тунис

Телата на 19 лица се пронајдени во близина на брегот на Тунис, еднo од главните влезни места за мигранти кои сакаат да го преминат Средоземното Море во Европа, а полицијата уапси петмина шверцери на луѓе.

Крајбрежната стража на Тунис соопшти дека ги пронашла телата во вторникот во близина на пристанишните градови Махдија и Сфакс, вториот по големина град во земјата каде што мигрантите се судрија со полицијата во последните недели.

И покрај ризиците, мигрантите продолжуваат да се обидуваат да преминат од Северна Африка во Европа, патувајќи со брод преку Средоземното Море од Мароко, Алжир, Тунис и Либија до Италија, Грција, Малта и шпанските Канарски Острови. Повеќе од 49.000 луѓе дојдоа во Европа по море оваа година, вклучително и повеќе од 7.000 од Тунис до Италија.

Многу повеќе се обиделе да ја поминат оваа рута, вклучително и илјадници кои биле пресретнати од северноафриканските власти, а се проценува дека 473 лица се мртви или исчезнати, според Меѓународната организација за миграција на ОН. /МИА

притисни ентер