Судот одлучи Астра Зенека до крајот на септември на ЕУ да и испорача само 50 милиони дози

Компанијата AstraZeneca, која што ЕУ ја тужеше во белгиските судови поради доцнење во испораката на вакцини, е должна да достави 50 милиони дози до Унијата до крајот на септември, што е помалку од она што Унијата го барала.

Британско-шведската компанија ја поздрави одлуката, велејќи дека таа во голема мера ќе го надмине она што се бара од неа.

ЕК, од друга страна, изрази задоволство што судот потврди дека АстраЗенека не ги почитувала своите договорни обврски.

Комисијата ја тужеше фармацевтската компанија на 26 април за непочитување на обврските од договорот потпишан кон крајот на август 2020 година.

AstraZeneca вети дека ќе достави 300 милиони дози до Европската унија до крајот на јуни, но повеќепати не ги исполни своите обврски поради проблемите со производството.

Испорачале само 30 милиони дози во првиот квартал, од 120 договорени, соопшти ЕУ. Затоа Унијата побара останатите 90 милиони дози да и бидат доставени до крајот на јуни.

Сепак, судот на крајот пресуди дека AstraZeneca мора да достави 50 милиони дози до 27 септември, во три транши: 15 милиони дози до 26 јули, 20 милиони до 23 август и 15 милиони до 27 септември.

AstraZeneca е задоволна што судот пресудил дека мора да испорача вкупно само 80,2 милиони дози до 27 септември, а тие веќе испорачале повеќе од 70 милиони.

„АстраЗенека ја поздравува одлуката на првостепениот суд во Брисел. Комисијата побара 120 милиони дози кумулативно до крајот на јуни 2021 година и вкупно 300 милиони дози до 27 септември 2021 година. Судијата нареди испорака на вкупно 80,2 милиони дози до 27 септември. Компанијата досега испорача повеќе од 70 милиони дози и до крајот на јуни значително ќе ја надмине бројката од 80,2 милиони дози “, се вели во соопштението на „АстраЗенека “.

Но, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека денешната пресуда на судот го поддржува ставот на ЕУ дека АстраЗенека не ги исполнила своите договорни обврски. Судиите пресудија дека АстраЗенека извршила „сериозно кршење“ на своите договорни обврски кон ЕУ.

"Оваа одлука ја потврдува позицијата на Комисијата. АстраЗенека не ги исполнува своите обврски од договорот", рече фон дер Лајен.

Судот заклучил дека AstraZeneca не вложила максимални напори да ја достави договорената количина вакцина, вклучително и од лабораториите во Велика Британија, што било експлицитно споменато во договорот и што доведе до значително одложување на испораката до Европската унија.

Судот не го прифати барањето на Европската комисија да има предност пред другите.

Израелската армија го потврди убиството на висок функционер на Хезболах

Израелската војска потврди дека го убила Али Абед Асан Наим, заменик командант на ракетната дивизија на Хезболах. Тој бил убиен во напад со беспилотно летало во либанскиот регион Базуриех, објавија британските медиуми.

Израелската војска соопшти дека Наим насочил ракетен истрел со тешка боева глава кон израелска територија од Либан. Според израелските воени претставници, убиениот висок функционер на Хезболах бил одговорен за планирање и извршување на напади врз израелски цивили.

„Хуавеј“ минатата година со двојно поголем профит

Кинескиот телекомуникациски гигант „Хуавеј“ денеска соопшти за значително поголем профит во 2023 година, благодарение на силните резултати од неговите оддели за обработка заснована на Интернет и софтвери за автомобили.

Приходите на компанијата се зголемија за 9,63 отсто минатата година, на 704,2 милијарди јуани (99,4 милијарди долари).

Нето добивката се зголеми повеќе од двојно и изнесуваше 86,9 милијарди јуани.

Главниот столб на компанијата минатата година беше неговиот оддел за опрема за ИКТ инфраструктура, со приход од 362 милијарди јуани, што е за 2,3 отсто повеќе од 2022 година. Голем број западни земји забранија инсталирање на опрема на „Хуавеј“ во мобилните мрежи, повикувајќи се на националната безбедност.

Бајден: Постојано работиме да издејствуваме ослободување на Гершкович

Белата куќа објави изјава од претседателот Џо Бајден по повод навршувањето на една година руски затвор на новинарот на Волстрит џурнал, Иван Гершкович.

-Новинарството не е злосторство и Иван замина за Русија да ја врши својата работа на известувач со ризик за неговата безбедност за да се открие вистината за жестоката агресија на Русија против Укаина. Веднаш по неговото неправедно и незаконско задржување тој од затворот испрати писмо до своето семејство, изјави претседателот на САД.

Во писмото новинарот напишал дека „не губи надеж“.

-Како што им кажав на родителите на Иван, јас исто така не губам надеж. Ќе работиме секојдневно да издејствуваме негово ослободуање, рече Бајден.

Тој вети дека САД и понатаму ќе ги осудуваат и ќе воведуваат мерки „за обидите на Русија да ги користи Американците како монети за размена“.

Гершкович беше задржан лани во март. Оттогаш е се уште во притвор и чека судење по обвинение за шпионажа, што е категорично отфрлено од него, неговиот работодавач и владата на САД.

Во случај да биде прогласен за виновен, тој може да биде осуден на 20 години затвор./МИА

притисни ентер