Судењето за убиствата на Вања и Панче повторно одложено, овој пат за 20 септември

Таткото на убиената Вања, Александар Ѓорчевкси и тројцата помагачи за грозоморните убиства на малолетното девојче и 74 годишниот Панче Жежовски денеска беа спроведни во скопскиот Кривичен суд каде седнаа на обвинителна клупа. 

Но, само што почна судењето за овој случај , веднаш се одложи за 20 септмеври поради тоа што судот денеска одлучи да го прифати барањето на обвинителството за спојување на обвинителниот акт за првообвинетиот за убиствата Љупчо Палевски Палчо за кое вчера беше дадено позитивно мислење од судот, заедно во еден предмет со обвинеието за останаите четворица обвинети, бидејќи доказите се истите..

-Наместо судење на денешното прво рочиште за убиствата на малата Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски имаше спојување на предметите. Па така, на сите обвинети за овој случај ќе им се суди заедно, наместо одделно како што беа поднесени обвиненијата.

Единствено во судот денеска не беше спроведен првообвинетиот за двојното убиство Љупчо Палевски Палчо поради тоа што обвиненијата не беа споени. За него истрагата почна подоцна затоа што се чекаше да биде екстрадиран од Турција, каде што беше уапсен откако избега од државава.

Според обвинението тој се товари дека бил главниот организатор на грабнувањата како и извршител на убиствата. Останатите обвинети Боре Видевски, Велибор Манев и Влатко Кешишов се обвинети дека се соизвршители во грозоморните убиства. Според обвинителството на 22 ноември лани, тие заедно го грабнале Жежовски во Велес со намера да го присилат да им го даде неговото возило, за да го користат за грабнување на малата Вања во Скопје. Обвинетите отишле до неговата куќа го врзале и во багажник од автомобил го пренеле до местото Рудник во околоната на Велес, каде го убиле. Пет дена подоцна, обвинетите потпомогнати од таткото на девојчето, ја грабнале Вања од влезот на нејзината зграда и врзана ја однеле во близина на местото викано Дупки во атарот на селото Бразда, каде на свиреп начин ја убиле. Нивната цел, според обвинителството било да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп.

Малолетната Вања која беше пријавена за исчезната на 27 ноември лани, беше пронајдена мртва во влизина на Скопје на 3 ти декември, кога беше пронајден мртов и велешанецот Панче Жеожовски кој пак беше пријавен за исчезнат на 24 ноември.

Авиокомпанијата „Емирати“ забрани пејџери и воки-токи по нападите во Либан

 Авиокомпанијата „Емирати“ од Дубаи забрани на патниците да носат пејџери и воки-токи на своите летови, откако минатиот месец беа детонирани уреди користени од либанската група Хезболах.

„На сите патници кои патуваат кон, од или преку Дубаи им е забрането да пренесуваат пејџери и воки-токи во пријавениот или рачниот багаж“, се наведува во соопштението на авиокомпанијата објавено на нејзината веб-страница.

Се додава дека сите забранети предмети ќе бидат запленети од полицијата на Дубаи како дел од засилените безбедносни мерки.

Илјадници пејџери и радио уреди кои ги користеле припадници на Хезболах експлодираа во септември. Се верува дека за нападот е одговарен Израел, иако тој не презеде одговорност.

Најголемата авиокомпанија на Блискиот Исток исто така објави дека летовите за Ирак и Иран остануваат суспендирани до вторник, додека летовите за Јордан ќе бидат обновени утре.

Летовите за Либан ќе останат суспендирани до 15 октомври поради ескалацијата на израелските напади врз Хезболах, вклучувајќи напади во близина на аеродромот во Бејрут.

Неколку други авиокомпании исто така ги суспендираа летовите за Бејрут и други регионални аеродроми поради зголемените тензии. /MИА

Синер ја запроси руската тенисерка Калинскаја

Светскиот рекет број еден, Италијанецот Јаник Синер ја запроси руската тенисерка Ана Калинскаја, пренесува „Кориере дело спорт“.

Според „Кориере“ 25-годишната спортистка добила предлог за брак на забава во Њујорк. Таа се согласила.

Врската меѓу Синер и Калинскаја стана позната во мај оваа година. Тенисерите присуствуваа на натпревари кога играше едниот партнер неколку пати во текот на сезоната.

Дваесет и тригодишниот Италијанец е победник на два Грен слем турнири (Australian Open 2024 и US Open 2024). Вкупно има 17 АТП титули (од нив 16 во сингл).

Калинскаја освои три ВТА турнири во двојки во текот на нејзината кариера.

Макрон: Приоритет е враќање на политичкото решение за Блискиот Исток

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денеска во интервју емитувано на радио „Франс Интер“ изјави дека „приоритет е враќање на политичкото решение“ за конфликтот на Блискиот Исток.

Францускиот претседател притоа побара прекин на испораките на оружје за Израел, кое се користи во конфликтот во окупираниот Појас Газа, пренесува порталот БФМ ТВ.

- Мислам дека денес приоритет е да се вратиме на политичко решение и да престанеме да испорачуваме оружје за водење борби во Газа, изјави Макрон./МИА

притисни ентер