Судење за „Плацови на Водно“–сведок кажуваше како се купувале плацови и станови

Александар Ивановски познат како Алек Теранова во Кривичниот суд сведочеше како биле купувани „Плацовите на Водно“ за истоимениот случај, но и станови на улицата Бихаќка, каде што живееше експремиерот Никола Груевски.

Тој во судницата раскажуваше дека бил замолен од обвинетиот Сашо Мијалков да ја основа фирмата „Синах Инженеринг“, фирма ќерка на кипарска офшор компанија, за која подоцна дознал дека управител бил обвиентиот Ристо Новачовски, а потоа и да помогне при купопродажбата на плац на Водно од 11 000 метри квадратни по цена од милион ипол евра, имот за кој Мијалков му тврдел дека е за негов пријател.

„На барање на Сашо. Ми кажаа дека е дозволена градба на неколку индивидуални куќи. Во 2015-та година кога излегоа бомбите тие плацеви се споменуваа во неколку наврати. Во тој момент разговарав со Сашо. Му реков – јас мислев плацевите се за тебе, а стварно не биле за тебе. Се споменуваше името на Никола Груевски. Тој кажа, да, гледаш дека не сум те лажел, ставрно не се за мене.Во 2015-та година од медиумите дознав дека овие палцеви ги купил господинот Камечв, односно фирмите Кара или која беше. Во една прилика го прашав Камчев што ти требаше тој плац да го купиш, кога да кажам жаргонски е озрачен, а тој одговори Морав, зошто да не, во тој контекст.“ – сведочеше Ивановски

На прашање на обвиниетлката Лиле Стефанова дали ја познава фирмата „ИТК Инженеринг“ Ивановски рече дека таа фирма чиј управител е неговата секретарка е основана по замолница на Мијалков за да се купи плац на Водно овој пат во државна сопственост преку јавно наддавање, а потоа бил замолен преку истата фирма да купи стан од 40 квадратни метри, кој се граничи со станот на Груевски.

Логички е дека истата фирма купува стан кој се граничи со тогашниот стран на Греувски, дефакто и овој оплац би требало да е наменет за него. Во 2018-та година по бегството на Груевски во Унгарија добив повик од него за да ме праша дали имам некој стан во Центар за да купи еден за да се преселат неговата сопруга со децата. Се прекина врската, па пак се јави. Му кажав дека немам во Центар. Потоа уште еднаш ме побарал, не сум го чул телефонот. – сведочеше Ивановски.

По обвинителството сведокот го испрашуваше и Мијалков кој меѓудругото го праша дали има доказ за контактите и средбите за кои тврди дека ги имал со него, на што Ивановски одговори дека нема бидејќи разговорите биле по телефон.

Во овој случај покрај Груевски и Мијалков, обвинети се бизнисменот Орце Камчев, мајка му Ратка Камчева,Ненад Јосифовиќ и Ристо Новачовски.

Приватните специјализанти продолжуваат со штрајкот

Наместо поддршка, добиваме притисоци од поискусните колеги - специјалисти, но нема да отстапиме од нашите барања, се пожалија приватните специјализанти кои четврт ден штрајкуваат.

Тие повторија дека бараат зголемување на месечниот надоместок, кој изнесува 26.000 денари и пензиско и здравствено осигурување.

Незадоволни се што надлежните, како што велат, немаат слух за нивните проблеми, и најавија протест пред Министерството за здравство во понеделник напладне.

Без исполнување на нивните барања, како што рекоа, само ќе продолжи поразителниот тренд и дел од специјализантите да ја напуштат земјава.

Тие додаваат дека побарале поддршка од сите катедри на Медицинскиот факултет, меѓутоа не ја добиле.

За нивниот проблем, уште на првиот ден од штрајкот, министерот за здравство Демири побара трпение и најави решавање на нивните проблеми по завршувањето на изборите.

Вработените во културните институции од утре почнуваат со протести

Околу 3 000 вработени во културата се уште немаат земено мартовска плата. 

Не само што платите доцнат туку културните работници, како што обвинија од синдикатот нема да го добијат ниту зголемувањето за 12 % кое велат им следи согласно колективниот договор.

Тие денеска излегоа на протест пред министерството, а доколку денеска не добијат плата најавија дека протестите ќе продолжат и утре и во следниот период.

„Како министерката за култура на 1ви април од истото ова место ветуваше покачување на платите за март, ако претходно исто тоа покачување не го договорила со министерот за финансии, за сега кој да биде виновникот за неисплатата на плати во културата. Што се случува и кој е одговорен за колапсот што го создадоа во културата, неупсехот на владата, особено на министерството за култура да ги исполни своите обврски со тоа што не ги исплати ветените плати на сите вработени во културата согласно законите и договорите.“- изјави Вера Атанасовска – претседателка на синдикатот на култура.

Културните работници поддршка добија и од ССМ, од каде порачаа дека мерењето на политичката сила на грбот на работникот е неприфатливо.

„Пред две недели бевме тука и слушнавме дека министерката за култура дава целосна поддршка и го зборува тоа што го зобрува и синдикатот, платите во културата растат за 12 % за жал две недели подоцна тоа се уште се нема случено и ние сме загрижени дека мерењето на политичката сила на грбот на овие работници е неприфатливо и не смее да се случи во едно демократско општество. “, вели Слободан Трендафилов – претседател на ССМ.

Поради доцнењето и неусогласувањето на платите регираа и од СОНК, од каде најавија дека доколку пробелмот не се реши вработените ќе стапат во генерален штрајк.

„Проблемот на вработените во културата е актуелен за вработените во културата многу повќе него случувањата на политичката сцена и од таа причина првично веројатно ќе одиме со протест и ако се продлабочи овој проблем веројанто ќе донесеме и одлука за генерален штрајк во сите установи на културата.“- -изјави Јаким Неделков – СОНК .

Согласно усогласувањето на платите со минималанта плата во државата, мартовската плата на вработените во културата треба да им биде зголемена за 12 %, како што велат, пресметките од установите за кутура се готови, но одобрение од финанасиии се уште нема и покрај ветувањето на министерката за култура.

Колку од препораките на оценската мисија ќе бидат спроведени од Судскиот совет?

По низата скандали и критики кои минатата година го потресоа Судскиот совет, нивен приоритет за наредниот период ќе биде спроведувањето на препораките на Европската унија и оценската мисија, која изготви 40 мерки за реформа на телото. 

Оваа заложба членовите на телото ја наведоа во годишниот извештај за 2023-та година кој ќе биде испратен до Собранието. Освен ова, претседателката Весна Дамева, кажа дека ќе се посветат на нивната основна обврска, односно дека се залагаат за заштита на интегритетот, независноста и професионалноста на судиите и инситуциите и ќе се спротистават на секое надворешно влијание.. Тие се пожалија дека поради ниските плати и услови голем дел од стручните соработници си заминале од советот, и побараа зголемување на нивниот буџет и обезбедување на финансиска незавиност.

„ Ова е еден од поважните Извтештаи бидејќи 2023 година за Судскиот совет беше многу тешка година и јас се надевам дека 2024 година ќе биде многу успешна година за некако на некој начин да ја покриеме во 2023 година.“-Весна Дамева – Претседателка на Судски совет.

„ Знаеме сите дека недостаток на кадар не е единствената причина туку и недостаток на основни средства за работа ако ние сакаме ефикасност во работењето на СС мораме да имаме не само стручен кадар кој ќе обвозможи да се работи квалитетно и ефикасно туку да ги имаме и основните средства, што значи дека ние потенцираме дека имаме потреба од зголемен буџет, затоа треба да се вметне тоа “-Тања Чанчарева Илиевска – Член на Судски совет.

„ Јас се надевам на слух кај извршната власт кај законодавната да ни помогне на осамостојување финансиски така ќе бидеме осамостоени на секој друг начин“-Весна Дамева – Претседателка на Судски совет.

Од вкупно 40 препораки кои дојдоа од ЕУ, 17 се во доменот на самиот Судски совет, додека за останатите 23 се потребни интервенции во Уставот и во законите кои ја регулираат конкретната материја. Ова лани во декември го кажа евроамбасадорот Гир, кој посочи дека без имплементација на овие мерки, ЕУ не гледа како земјата ќе ги спроведе потребните реформи во правосудството. Препораките предвидуваат кој се може да биде член на ова тело, точна дефиниција што е истакнат правник,начинот на кој тие се избираат и нивниот шест годишен мандат, кој се предлага да биде скратен, на дисциплинските постапки и разрешувањето на судиите, за транспарентноста во комуникациите со јавноста, како и на финансиската автономија на Советот.

притисни ентер