Субвенциониран оброк за студентите по стари критериуми, до март ќе се бара системско решение

Студентите ќе продолжат да добиваат субвенциониран оброк по старите критериуми до март, а дотогаш работна група со претставници на студентските сојузи и МОН ќе изнаоѓа системско решение за нов закон за остварување на ова право. 

Пред Собранието вчера беше организиран студентски протест поради поднесениот предлог од група пратеници со кој се менуваат условите за добивање субвенција за оброк, кој по реакциите е повлечен од собраниска процедура. Се протестираше и за подобрување на условите во студентските домови и унапредување на студентскиот стандард.

На средбата во Собранието меѓу студенти од универзитетите собранија, пратеници и министерот за образование и наука Јетон Шаќири, а на која присуствуваше и премиерот Димитар Ковачевски, беше договорено субвенцијата да биде по старите услови и исплата ретроактивно од септември, по 120 денари дневно, а во меѓувреме да се бара долгорочно, системско решение од март 2023 година.

-Ќе имаме временски рок на усогласување за новото системско решение кое ќе значи дека студентите ќе добиваат здрав студентски оброк и ќе се реализира исплатата на дневна основа. Се договоривме во овој период ретроактивно за вредноста што беше досега, со измените од 2021 година, а во наредниот период со системското решение ќе биде повисока сумата за студентскиот оброк. Значи, од март ќе биде повисока и тоа почнувајќи од 140 денари или според тоа какви ќе ни бидат анализите до тој период, изјави Шаќири по тричасовната средба во Собранието.

Во однос на барањето за подобрување на условите во студентските домови, министерот рече дека ќе разгледаат каде е состојбата најпроблематична за да може најитно да се интервенира.

-Од Германската банка за развојни политики веќе имаме добиени проекти во вредност од 24 милиони денари и одредени студентски домови се во одредени фази. Во периодот на разговори со студентите ќе видиме што може да се изменаџира со новиот буџет, рече Шаќири.

Во однос на затоплувањето на студентските домови, премиерот изјави дека доколку има потреба за догревање, Министерството за образование и наука заедно со Министерството за економија ќе постапи онака како што е направено за прехранбената индустрија и за другите витални функции во државата.

По реакциите во јавноста беше повлечен од Собранието предлогот на група пратеници за измени за остварување на правото на студентски оброк, кој беше на дневен ред на пленарната седница закажана за в среда. Во Предлогот беа сменети досегашните критериуми за субвенциониран оброк, според кои студентите не треба да бидат корисници на стипендија од МОН, правото да не важи за апсолвенти и за студенти чии родители земаат плата поголема од минималната.

Студенти од повеќе факултети вчера протестираа пред Собранието и со транспаренти искажа незадоволство од условите во студентските домови и скромните оброци што ги добиваат.

Јован Јанев, член на Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, пред почетокот на средбата во Собранието, за медиумите изјави дека бараат зголемување на субвенцијата за студентски оброк од 120 на 150 денари дневно, реконструкција на студентските домови, изедначување на стипендиите со највисоката и изземање на студентите од антикризните мерки на Владата.

-Со фактот што Македонија доживува одреден степен на инфлација, потребна е поголема финансиска и мотивациска поддршка на студентите. Реконструирање и реновирање на студентските домови – бидејќи во добар дел од нив условите се катастрофални и нечовечки. Потребно е и изедначување на стипендиите и оние студенти кои земале помала, сега да ја земаат поголемата стипендија. Исто така, многу важно барање е изземање на студентите од антикризните мерки на Владата затоа што државата не треба да штеди на студентскиот грб. Ние реагираме на начинот на кој лукаво и дрско групата пратеници од владејачкото мнозинство пробаа да го протуркаат овој Предлог-закон, рече Јанев, нагласувајќи дека го бараат тоа што го заслужуваат и што отсекогаш им припаѓа.

Уролозите бараат и вакцината BSG да се стави на позитивната листа на лекови

Вакцината BSG која е имуно терапија за оперираните пациенти со тумор на бешиката да се стави на листата на позитивни лекови, бара Македонското здружение на уролози и пациентите кои имаат ваква состојба. 

Професорот Дохчев објаснува дека оваа вакцина е многу важна кај оперираните пациенти кои имаат рецидив или повторено враќање на тумор на мочниот меур. Вакцината дава локален имунитет и се користи 30 години во начинот на лекување.

„Често се бориме со карциномот на мочен меур со БСГ вакцина, таа и истата вакцина само многу појачана во огромни колични дози и се користат живи бактерии на туберкулоза, но ослабени не патогени да не предизвикаат болест. и од 2.13 Ова се нарекува имуно терапија со цел да се зголемува локланиот имун одговор. “-Проф. Др Сашо Дохчев Клиника за урологија

Уролозите велат дека целиот процес на лекување чини околу две илјади евра и се дава по одредена шема определена од страна на доктор. Уролозите ќе поднесат и писмено барање до министерството за здравство овој лек се стави на позитивна листа.

„ Драго ми е ако министерот има слух и може да не разбере да се стави на позитивна листа зошто овој лек е многу скап. И од 5.29 И овој лек кончено да се стави на позитивна листа навистина предизвикува големи трошоци кај граѓаните“, изјави Дохчев.

Инаку од утре во аптеките ќе се издаваат новите лекови кои беа ставени на позитивната листа на лекови. На новата листа опфатени се лекови за висок притисок, срцеви заболувања, лекови за третман на депресија, како и за деменција.

Во моментов има само еден авион за гаснење пожари, за среќа дождот стави крај на стихијата

Според информациите од Европскиот информациски систем за шумски пожари, годинава изгореле 94.000 хектари шума.

Иако благодарение на дождот, сите пожари во земјава се изгаснати, во случај повторно да се појават државата ќе биде исправена пред нов предизвик.. Двата ер трактори и еден полициски хеликоптер се вон функција, и во моментов во земјава има само еден авион за гаснење.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов пак вели дека дефектите на едниот полициски хеликоптер и ер трактор не се сериозни и се надева дека во најбрз можен рок ќе бидат оспособени за да одговорат на задачите во иднина.

Во следните месеци се очекува да биде направена и најавената реформа на системот преку спојување на ЦУК и ДЗС и државата поподготвена да го дочека следното лето. Покрај формирањето на специјалната единица од 120 врвно подготвени луѓе за справување со пожарите, неопходно ќе биде и инвестирање во воздухпловите кои се покажаа како клучни во гаснењето, смета Ангелов.

Досега во земјава се регистрирани 126 шумски пожари, кои направија штета од невидени размери, а беше регистрирана и една жртва од огнената стихија во Кумановско.

Според информациите од Европскиот информациски систем за шумски пожари, годинава изгореле 94.000 хектари шума, односно 3.6 проценти од вкупната површина на земјата.

Во Шангај откажани над 600 летови поради тајфунот Бебинца

Аеродромите во Шангај денеска откажаа стотици летови во очекување на налетот на тајфунот Бебинца.

Повеќе од 600 летови се откажани од аеродромите Хонгкиао и Пудонг. Исто така се затвораат и дел од мостовите и автопатиштата.

Тајфунот Бебинца моментално е на неколку стотици километри од брегот. Се очекува ветровите на тајфунот вечерва да достигнат брзина од 151 километар на час, соопшти Кинеската метеоролошка управа.

Поради тајфунот евакуирани се 9.318 луѓе од една област во Шангај. Во блискиот град Жоушан утрово беа затворени рестораните, супермаркетите и продавниците, а во прекин е и јавниот превоз.

Се очекува невремето да донесе и до 254 милиметри дожд на метар квадратен, во делови од источниот брег кои ќе бидат најтешко погодени./МИА

притисни ентер