Студија за нивото на соработка меѓу Македонија и Грција

Студија за нивото на соработка меѓу Македонија и Грција: Значително зајакнување на поврзаноста меѓу двете земји во голем број области.

Постои значително зајакнување на поврзаноста меѓу Македонија и Грција во голем број области на политиките, но потребна е значителна работа да се направи во голем број други области што чекаат на вниманието на засегнатите страни на двете земји. Така што, двете страни треба да дадат целосна политичка поддршка на идејата за повеќестепена поврзаност и да овозможат да произлезат различни форми на соработка. Институционалната рамка треба да се прошири со потпишување на нови билатерални договори и меморандуми. И спроведувањето на постојните договори треба да стане приоритет за обете страни.

Ова е заклучокот на студијата „Проширување на соработката на повеќе нивоа помеѓу Грција и Македонија во пост-Преспанското опкружување", спроведена со финансирање на Владата на Шведска и реализирана заеднички од Програмата за Југоисточна Европа на грчката Фондација за европска и надворешна политика (ЕЛИАМЕП) во Грција и тинк-тенк организацијата Аналитика во Македонија.

– Нивото на поврзаност помеѓу Грција и Македонија во секое поле од животот, од инфраструктурата, до контактите со луѓето и соработката, стана важен елемент за проценка на напредокот во односите меѓу двете нации од Договорот од Преспа од 2018 година. Целите утврдени во Договорот од Преспа, вклучително и стратешка соработка во сите сектори (член 9), контакти меѓу луѓето (член 12), кооперативни синергии во областа на инфраструктурните врски (член 14), невозможно е да се постигнат и одржат без силни билатерални врски на сите нивоа од животот на два народа, се посочува во студијата.

На презентирањето на студијата минатиот месец говореа амбасадорите на Шведска во Скопје и Атина, претставниците на Елиамеп и на тинк-тенк Аналитика, авторите на студијата, исто така и други заинтересирани страни од Грција, Македонија и други земји.

– Извонредно е да се види подобрувањето што е направено меѓу двете земји. Како што покажува Договорот од Преспа, билатералните решенија можат да бидат конструктивни алатки за подобрување на меѓусоседските односи. Ние сакаме да видиме континуиран и засилен ангажман на ЕУ и соработка меѓу ЕУ и регионот. Шведска ја поддржуваше и ќе продолжи да ја поддржува Македонија на нејзиниот европски пат. Лесно е да се заборави дека, во декември 2019, сè уште имавме предизвици да воспоставиме нова методологија и да постигнеме консензус за отворање преговори со Македонија и Албанија, рече Кристин Форсгрен Бенгтсон, амбасадор на Шведска во Македонија.

Според неа, во 2020 година и покрај кризата Ковид-19, многу од тие предизвици беа решени, но, како што рече, не стигнавме до крај, изразувајќи надеж дека оваа 2021 година ќе биде година на напредок на нашето заедничко патување.

– Сега е време Грција и Македонија да создадат солидна основа пред влезот на Македонија во ЕУ. Затоа што не е прашање дали тоа ќе се случи, туку само кога ќе се случи. И кога тоа ќе се случи, двете земји треба да ги искористат сите свои алатки за креирање политики, како и поддршката на ЕУ, за да развијат културно, социјално и економски богато подрачје каде што луѓето се уверени и веруваат во иднината, рече Шарлот Самелин, амбасадор на Шведска во Грција.

Студијата предлага иновативна рамка за проценка на соработката меѓу двете земји во контекст на опкружувањето по Договорот од Преспа. На соработката се пристапува преку динамичен концепт на поврзаност, кој вклучува и описна димензија (т.е. начини на кои двете земји се поврзани преку разни полиња) и толкувачка (т.е. идејата дека проширувањето на овие врски ќе доведе до поефикасна и корисна соработка).

Во документот се повикува на размислување за соработката како наменски процес, како и за нејзините ограничувања и фактори за олеснување. Преку поврзаноста, оваа студија истовремено ги допира техничките и материјалните аспекти на конекциите (врските) и соработката (т.е. инфраструктура), како и политичките, институционалните и општествените аспекти (т.е. владите, засегнатите страни и граѓанското општество). Студијата треба да претставува еден вид базична основа за мерење на идното темпо на поврзаност и соработка помеѓу Грција и Македонија.

Целта на студијата е да ги зголеми придобивките од поврзаноста, истовремено обезбедувајќи ја нејзината функционална и политичка рамка во пост-Преспанското опкружување. Со студијата се охрабрува да се направат достапни и расположливи податоците за поврзаноста за пошироката јавност, со цел да се забрзаат стратешките одлуки за решенија поврзани со соработка и инвестиции во корист на граѓаните на двете земји.

Студијата ги мапира и прави преглед на тековниот статус и трендовите на врските (конекциите) и нуди докази за тоа кава е тековната поврзаност. Студијата на овој начин, исто така, се обидува да ги идентификува празнините што ја попречуваат поврзаноста со цел да се привлече вниманието на владите, општествата и деловните субјекти од обете страни за евентуално воспоставување агенда за поврзаност во новата ера на односи меѓу двете земји. Со решавање на прашањето за поврзаност, студијата има за цел да придонесе за зајакнување и понатамошно интензивирање и збогатување на соработката во пресрет на Договорот од Преспа.

Поврзаноста, во оваа студија, е разбрана како способност на две општества да можат да се поврзат едни со други и како клучен двигател на соработката помеѓу две општества. Поврзувањето може да има големо влијание врз луѓето, врз бизнисите како и врз владините контакти. Во овој контекст, оваа студија ја проценува поврзаноста меѓу Грција и Македонија, истовремено обезбедувајќи основа за стратегии за придвижување на односите и врските меѓу двата народа, почнувајќи од општите односи, каде што е основата за соработка, па понатаму од силно воспоставените односи кои обезбедуваат одржлива и функционална рамка во пост-Преспанското опкружување.

Студијата ја испитува поврзаноста во скоро сите главни области на политиките, од владата до владините контакти, до деловните контакти, до контактите меѓу луѓето, вклучително и за трговија, енергија, транспорт, телекомуникации, пристаништа, гранични премини, управување со вода, туризам, академија, култура и граѓанско општество./МИА

По тригодишна врска, девојката на Дибала признава: Сакам и мажи и жени (ФОТО)

Пејачката и актерка Оријана Сабатини е во врска со sвездата на Јувентус, Пол Дибала, а на социјалните мрежи ја следат 5,5 милиони луѓе.

Дибала ја видел на концертот на Ариана Гранде во Буенос Аирес во 2017 година, каде што Сабатини била танчерка. Тој бил толку маѓепсан што веднаш и го побарал бројот и ја поканил на пијачка по што започнала романсата. Тие се во врска веќе три години.

Сега Сабатини го сврте вниманието кон себе велејќи дека таа сака и жени.

„Ако треба да си ставам етикета - да, мислам дека сум бисексуалка.

Италијанците и Аргентинците пишуваат веќе три години, навестувајќи дека Сабатини сака и мажи и жени, особено по синглот „Остани или бегај“ во чие видео таа се гушка и бакнува со манекенката Соледад Алонсо.

„Нема ништо подобро во животот од чувството за слобода“, одговорила таа тогаш на прашањето дали е личност која сака и мажи и жени.

Руски доктор: Имунитет се создава 45 дена по вакцинацијата

Имунолошкиот одговор на корона вирусот не се развива пред 32-45 дена по вакцинирањето, или максимум 52 дена после тоа, изјави денеска Александар Горелов, заменик директор за наука на Централниот истражувачки институт за епидемиологија.

„Знаеме дека антителата не се произведуваат пред да поминат 32-45 дена, додека максималното количество се развива по четири периоди на инкубација или 56 дена подоцна, кога сите можеме слободно да дишеме. Сепак, тоа не значи дека можеме да престанеме да носиме маски “, рече Горелов, пренесува ТАСС.

Горелов истакнал дека луѓето не треба да се грижат ако поради некоја причина го пропуштат датумот на втората доза.

"Всушност, тоа не е толку критично, бидејќи светот има информации дека одредени земји ја применуваат вакцинацијата во рок од шест недели. Значи, мислам дека времето може да се избере во овој период. Всушност, веќе сме свесни дека ова е класичен пример за 30 -45 дена временската рамка помеѓу вакцинациите да биде прифатлива “, рече експертот.

Русија на 18 јануари започна масовна вакцинација против корона вирусот.

Граѓаните можат бесплатно да добијат една од двете регистрирани вакцини Спутник V или ЕпиВаКорона.

Пејачка тврди дека во својот дом чува череп на шестгодишно девојче (ВИДЕО)

Пејачката Азалија Бенкс тврди дека поседува череп на шестгодишно девојче што го чува во својот дом.

Азалија била гостинка во една австралиска радио станица каде зборувала за нејзината љубов кон коските и човечката анатомија.

За време на разговорот, таа им открила на водителите на шоуто, Кајл Сандилендс и Џеки О, дека е сопственик на черепот на шестгодишно девојче, што го купила преку Интернет.

„Ако ги проверите картичката и возачката дозвола, ако сте донатор на органи, не земаат само здраво срце или црн дроб, туку имаат право на секој дел од телото и некои од нив ги продаваат, на пример черепи, како овој “, рече пејачката, покажувајќи го черепот.

Шокирани од она што го виделе и слушнале, домаќините ја прашале зошто има череп на дете во нејзиниот дом.

"Ова е череп на шестгодишно девојче кое починало од траума на главата. Обожавам коски. Го почитувам задгробниот живот. Мислам дека коските се место каде човек ја задржува енергијата", рече Азалија.

Пејачката гостувала во емисијата за да ги демантира гласините кои кружат на Интернет дека ја изела својата мртва мачка.

Таа објасни дека мачката Луцифер се борела со проблеми со бубрезите многу години, по што починала од лоша исхрана.И откако ја закопала мачката, Азалија рекла дека решила да ја ископа и да го зачува черепот.

"Јас не јадам мачки. Не би јадела мачка која е мртва веќе три месеци", заклучила Азалија.

притисни ентер