Студија во Израел: Две дози од Фајзер вакцината штитат повеќе од 95 проценти

 Две дози од Фајзер вакцината штитат повеќе од 95 проценти, само една доза значително ја намалува заштитата.

Досега најголемата студија за ефикасноста на вакцината на Фајзер/Бионтек против коронавирусот кај општата популација покажа дека вакцината обезбедува повеќе од 95 проценти заштита. Во исто време, таа заштита значително паѓа ако некое лице се вакцинира само еднаш наместо препорачаните две дози.

Авторите на студијата од националната кампања за вакцинација во Израел изјавија дека тоа обезбедува докази од реалниот живот дека пандемијата може да заврши со брзи, глобални програми за вакцинација

Анализата на податоците за јавното здравство од Израел – една од земјите со најголем процент на целосно вакцинирани возрасни – покажа дека вакцината исто така ги заштити старите лица исклучително ефикасно во време кога доминираше позаразната англиска варијанта, според резултатите објавени во медицинскот списание „Лансет".

До почетокот на април, речиси пет милиони луѓе во Израел примија две дози вакцина Фајзер/Бионтек, што е повеќе од 70 проценти од населението.

Студијата покажа дека двете дози обезбедуваат 95,3 проценти заштита од инфекција и 96,7 проценти заштита од смрт седум дена по втората доза. После 14 дена, таа заштита се зголеми на 96,5 проценти, односно 98 проценти.

Но, заштитата е значително помала кога луѓе примиле само една доза на вакцина.

Помеѓу седум и 14 дена по првата доза, се покажа дека заштитата од инфекција е 57,7 проценти и заштитата од смрт 77 проценти.

Авторите нагласуваат дека единечна доза може да обезбеди пократок период на заштита, особено во средина каде што се појавуваат нови вирусни варијанти.

„Важно е што студијата покажува дека две дози на вакцина значително го зголемуваат нивото на имунитет и заштита", наведува Џонатан Бол, професор по молекуларна вирусологија на Универзитетот во Нотингем, кој не беше вклучен во студијата.

„Затоа е важно луѓето да ги добијат двете дози. За време на студијата, пријавени се 232.268 потврдени инфекции со ковид-19, а англиската варијанта Б117 е идентификувана во скоро 95 проценти од тестираните примероци. Регистрирана е 4.481 тешка инфекција и 1.113 смртни случаи. Научниот тим објави дека не може да го проучи влијанието на јужноафриканската варијанта, која беше идентификувана и во Израел.

Најголемата студија за општата популација на Фајзер/Бионтек исто така спроведена во Израел, беше скоро петпати помала и вклучуваше 1,2 милиони луѓе.

Ејал Лешам од медицинскиот центар „Хаим Шеба" и Анелиес Вајлдер-Смит од Лондонското училиште за хигиена и тропска медицина напишаа дека резултатите од студијата „сугерираат дека високата стапка на покриеност со вакцините може да понуди излез од пандемијата".

„За жал, брзата покриеност на ниво на население не може лесно да се повтори во многу други земји", нагласија тие

„Глобалната употреба на вакцини (Фајзр/Бионтек) е ограничена поради проблеми со снабдување, високи трошоци и барања за складирање на екстремно ниски температури.

Скандал во Гугл: Отказ за 28 вработени, кои протестирале против потегот на гигантот (ВИДЕО)

Американската технолошка корпорација Гугл отпушти 28 вработени кои активно се спротивставија на големиот договор на компанијата за 1,2 милијарди долари со Владата на Израел.

Вработените во две канцеларии на Google, во Њујорк и Калифорнија, протестираа против „Nimbus Project“, според кој Google, во соработка со Amazon, ќе обезбеди облак услуги за складирање и обработка на податоци за израелската влада, пренесува технолошкиот портал Verge.

Тие рекоа дека договорот ќе им помага на израелските власти, а особено на израелската армија, во „спроведувањето на политиката на геноцид“, мислејќи на тековниот воен конфликт на Израел со палестинското движење Хамас.

Според информациите од интерен меморандум на Google, компанијата отпуштила вработени кои за време на протестот „уништувале канцелариска опрема, ја попречувале работата на другите вработени и им се заканувале на нивната безбедност“.

Поради оние кои одбиле да престанат да се однесуваат така, интервенирала полицијата и тие биле отстранети од канцеларијата, се додава во соопштението.

„Огромното мнозинство од нашите вработени ја прават вистинската работа. Ако сте еден од ретките кои мислат дека ќе го одобриме минатото однесување што ги прекршува нашите политики, размислете повторно“, предупреди шефот за глобална безбедност на Google, Крис Раков.

Пендаровски во Чешиново-Облешево: Немаме нови години за губење

Ние немаме уште 20 години да чекаме, туку треба да ги направиме следните чекори, за повеќе да не биде изборно прашање „Дали сте за Европа?“.  

Да сте за Европа значи да сте за подобар живот, порача денеска пред граѓаните на општина Чешиново-Облешево кандидатот за претседател Стево Пендаровски.

„Добро е да се биде членка на ЕУ, кога си земја членка на ЕУ, добиваш огромни средства од европските фондови прво за земјоделство, а потоа и за инфраструктура. ЕУ дава сериозни пари за да се обезбеди рамномерен регионален развој за да не биде некој регион многу богат, а некој многу сиромашен и поради тоа важно ни е да станеме земја-членка на ЕУ“ порача Пендаровски.

Но, додаде тој, опозицијата го блокира патот кон ЕУ, се противи на договорите, со изговор дека ќе направи нови договори, кои наводно ќе биле подобри.

„Тие велат, ова не чини, тоа не чини, ние ќе направиме нови договори. Додека тие ги направат тие договори, под претпоставка дека ќе бидат подобри, што нема да биде случај и оние малку млади што се во државата ќе се иселат од тука“ истакна Пендаровски.

Пендаровски порача дека работите ќе се сменат на подобро само ако сите се посветат на она што е важно за граѓаните и државата и од присутните побара поддршка на изборите на 24 април, соопштуваат од неговиот тим.

Драма во авион: Млад Италијанец ненадејно почина, тргнал на одмор со бремената сопруга

Италијанецот Џузепе Стило (33) ненадејно починал во авион на Рајанер, а трагедијата се случила кога тој и неговата бремена сопруга тргнале на одмор.

Двојката полетала од Торино до Ламеција Терме.

Одеднаш му се слошило, а неговата сопруга, која седела во друг дел од авионот, на почетокот не ни знаела што се случува. Дури кога видела дека патниците и членовите на екипажот се раздвижиле, таа станала и отишла кај сопругот, кој веќе починал.

Италијанските медиуми јавуваат дека Федерика Марела, сопругата на Џузепе, е бремена и дека парот заминал на краток одмор за да ги наполни батериите пред да станат родители.

- Екипажот на авионот и еден патник, кој е лекар, дадоа сѐ од себе. Користеле дефибрилатор, пробале реанимација, но залудно – рекол еден од патниците, пренесе Дејлимејл.

Фредерика доживеала голем шок и на крајот била префрлена во болница. Лекарите биле загрижени за здравјето на бебето бидејќи била бремена во петтиот месец. На полицијата ѝ рекла дека Џузепе не се чувствувал добро тоа утро, но дека не сакал да го откажат одморот. Веднаш откако дознал што се случува, пилотот го свртел авионот и се вратил во Торино. Џузепе Стило бил страстен турист. Сакал да пешачи и да патува. Неговите пријатели тврдат дека тој бил „повеќе од маж“. Сите од градот Вибо Валентина кои го познавале него и Фредерика останале во шок по веста за трагедијата.

притисни ентер