Студентите го зазедоа Софискиот Универзитет - бараат оставка од парламентот и избори

Според тамошните власти, околу 50- тина студенти се затворени во зградата на Универитетот, а вратите ги затвориле со синџири.

Софискиот универзитет од синоќа е под опсада на студентите кои прогласија окупација на неопределено време, односно се додека Народното собрание не поднесе оставка и не се спроведат предвремени парламентарни избори.

Според тамошните власти, околу 50- тина студенти се затворени во зградата на Универитетот, а вратите ги затвориле со синџири. Во зградата нема ниту професори, ниту некој од вработените во администрацијата. Студентите објавија декларација, зад која застанаа и приватните универзитети, граѓански здруженија, но и околу 40-тина професори на софискиот универзитет. Студентите најавија дека од понеделник нема да се одржува никаква настава.

Повеќе од 135 дена на улиците на Бугарија секојдневно се одржувааат граѓански протести со кои са бара оставка на владата и на парламентот. Како првична причина беше именувањето на Делјан Пеевски за прв човек на бугарското разузнавање, чие име се споменува во повеќе матни бизниси.

Во Општина Велес до 11 часот излезноста 19,67 проценти

На 84 избирачки места во Општина Велес од вкупно 45.989 регистрирани гласачи, до 11 часот излегле 19,67 проценти или 9.046 граѓани со прави на глас.

Како што информира за МИА, претседателката на ОИК, Лили Велковска, на сите избирачки места гласањето се одвива во мирна и демократска атмосфера, без инциденти.

Во гостиварскиот регион најголема излезност има во Гостивар 10 проценти

Во гостиварскиот регион најголема излезност има во Гостивар 10 проценти, најмала во Маврово и Ростуше 3,5 отсто.

Според последните податоци до 11 часот во гостиварскиот регион на гласање излегле 10.129 граѓани. Најголем одзив има во Општина Гостивар, каде од вкупниот број избирачи 79,945 гласале 7,997, што е приближна излезност од 10,00 отсто.

По селата во подшарпланинскиот регион, во Општина Врапчиште на гласање излегле 1.781 граѓани од вкупно запишаните 25.913 со што излезноста достигнува 6,87 отсто.

Во најмалубројната општина која од оваа година е во ИЕ5 Маврово и Ростуше на гласање излегле 351 од вкупно 9,996 избрачи што е приближно 3,51 отсто.

Засега не се регистрирани застои или прекршувања на изборниот процес.

Одѕивот на гласањето до 11 часот над 15 отсто

Излезноста на гласачите до 11 часот според обработени податоци од 3.319 избирачки места од вкупно 3.480 изнесува 15,51 отсто.

Според Државната изборна комисија, на овие избирачки места гласале 281.308 избирачи.

Врз основа на податоците од веб-страната rezultati.sec.mk во Изборната единица 1 гласале 17,66 отсто од вкупниот број избирачи, во Втората изборна единица 14.34 отсто, во Изборната единица 3 одѕивот на гласање до 11 часот 18,86 отсто, во Изборната единица 4 – 18,55 отсто, во Изборната единица 5 – 15,02 отсто и во Изборната единица 6 има најмала излезност, односно на гласање излегле само 9,26 отсто од вкупниот број запишани избирачи.

За споредба на предвремените парламентарни избори во 2016 година до 10 часот одѕивот на гласачите бил 9,52 отсто, додека на претседателските избори што се одржаа минатата година излезноста до 10 часот изнесувала само 6,16 отсто.

Државната изборна комисија се очекува со нов пресек за излезноста на гласачите да излезе на прес-конференција во 13 часот и 30 минути.

притисни ентер