Студенти на УКИМ го претставија првиот болид на натпревар во Хрватска

Универзитетот одвои над 10.000 евра за поддршка на проектот.

По речиси две години работа, студенти на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, обединети во тимот „МЕС рејсинг“ (MES racing), креираа болид кој пред неколку денови беше претставен на натпреварот „Алп Адриа“ (Alpe Adria) што се одржа во Велика Горица, Хрватска, соопшти УКИМ.

- Целејќи кон унапредување на високото образование во земјава, како и кон отворање на нови можности за студентите и поддршка на нивните идеи, Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, одвои 620.000 денари за спроведување на проектот, а дополнително, Машинскиот факултет – Скопје и Факултетот за електротехника и информациски технологии - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје го поддржаа проектот со финансиски средства во висина од околу 280.000 денари. Препознавајќи го значењето на ваквиот тип на проекти, за понатамошно профилирање на врвни кадри како и за унапредување на економијата во земјава, и дел од македонските компании овозможија техничка поддршка и парични средства за реализирање на проектот, со што на студентите им беше овозможено нивната замисла да биде преточена во реалност и својата креација да ја претстават на таков престижен натпревар, се наведува во соопштението.

Тимот „МЕС рејсинг“ брои 20 студенти, главно од Машинскиот и Факултетот за електротехника и информациски технологии и неколку студенти од другите факултети.

Проф. д-р Ташко Ризов од Машински факултет – Скопје, појаснува дека натпреварот има за цел да ги едуцира студентите, да го поттикне нивниот претприемнички и иновативен дух, да придонесе во развојот на нови технологии, да овозможи вмрежување на локално и интернационално ниво, да го поттикне студентскиот активизам и да поттикне повеќе млади луѓе да започнат кариера во инженерството.

На овој европски натпревар, учество земаат преку 100 универзитетски тимови секоја година.

- „Проектот „Формула студент”, започна со една идеја од двајца студенти од четвртата година на Машинскиот факултет - Скопје. Овие двајца млади луѓе, поттикнати од желбата за поголема практична работа и жед за нови знаења, несебично ја споделиле визијата со своите колеги. На почеток, идејата беше примена со ниво на скептицизам, прашувајќи се дали е возможно да се започне еден ваков студентски проект од нула, без никакви претходни ресурси и искуство. Денес, речиси после две години, сведочиме дека идејата се претвори во реалност, истакна професорот Ризов.

Вели дека е огромна чест македонски тим да биде дел од реномираниот европски натпревар.

- Голема е честа нашиот Универзитет со свој тим да биде дел од овој реномиран европски натпревар. Таа чест оваа година ни ја овозможи тимот „МЕС Рејсинг“. Тимот, под менторство на професори од Машинскиот факултет – Скопје интензивно работеше на создавањето на болидот и притоа покажа силна истрајност, тимска работа и посветеност. Болидот стана симбол на нивната заедничка визија, нивните соништа и нивната посветеност за учење на нови нешта. Тимот „МЕС Рејсинг“, успешно го претстави Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” на натпреварот „Алп Адриа“, како дел од глобалниот ,,Формула студент” натпревар во Велика Горица, Хрватска, наведува професорот Ризов.

Студентот Димитар Алжуроски, тим лидер на „МЕС Рејсинг“, потенцира дека натпреварот е одлична можност за секој студент да го надгради своето знаење.

- Запознавме студенти, судии и инженери кои се на високи позиции или пак соработуваат со големи компании и можноста да се разговара со нив, да се научи нешто ново и да се земе пример од нив е навистина најзначајното нешто, вели Алжуроски.

Ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова упати порака до сите студенти постојано да го унапредуваат своето знаење и да ги презентираат своите креативни идеи на своите факултети за да добијат поддршка за нивно реализирање.

- Во нашата држава има многу брилијантни умови, а овој проект е само еден од многубројните докази за тоа. Навистина сме многу горди што нашите студенти се „во чекор“ со врвните светски откритија и што константно се надградуваат и отвораат нови хоризонти. Им благодариме на тимот „МЕС Рејсинг“, што достојно не претстави на престижниот натпревар во Хрватска. Се надеваме дека ни претстои период на многубројни успеси, бидејќи нашата главна цел е да создаваме исклучителни кадри, целосно подготвени за пазарот на трудот, во секоја област, наведува ректорката Ангелова.

Во еден ден му извадиле 20 заби и му вградиле 12 импланти- се вратил дома и починал

Жителка на кинескиот град Јонгканг, неодамна поднела жалба до Општинското здравствено биро, а по смртта на нејзиниот татко.

Г-ѓа Шу наведува дека на несреќниот човек во еден ден во локалната стоматолошка клиника му биле извадени 20 заби и вградени 12 импланти. Таа тврди дека тоа ја предизвикало неговата прерана смрт 13 дена подоцна.

Ќерката тврди дека таткото во последните денови од животот претрпел „страшни болки“, пред да доживее срцев удар на 28 август, пренесува Oddity Central.

Таа бара одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата.

Според писмената согласност на пациентот, на мажот му биле извадени природните заби, по што на вилицата му биле дупнати 12 дупки за импланти.

Претставникот на клиниката, каде што била извршена процедурата, објаснува дека бројот на заби кои може да се вадат одеднаш го одредува лекарот, врз основа на општата состојба на пациентот.

Не постои специфична регулатива, а клиниката и лекарот мора да ја имаат предвид толеранцијата на болката на пациентот и ризикот од инфекција.

„Колку повеќе заби отстранувате, толку повеќе пациентот реагира на болка и поголема е веројатноста за постоперативна инфекција“, рече Ксијанг Гуолин, директор на Центарот за орална медицина во Вухан.

Истрагата е во тек, но претставник на Општинското биро за здравство изјави дека „докажувањето на вината може да биде тешко“, со оглед на тоа што смртта настапила 13 дена по постапката.

Ужас во Франција: Маж си ја убил сопругата и двете мали деца, на една и 5- годишна возраст

Во Морман, во Сена-ет-Марн, во областа Ил-д-Франс, е уапсен човек кој рекол дека штотуку го убил „своето семејство“.

Околу 06:00 часот во Мормант, полицаец кој не бил на должност, кој одел на работа, видел маж вооружен со нож како напаѓа друг минувач на улицата, објави ТВ БФМ.

Пешакот е повреден во раката, а другиот во вратот, „и двајцата без значителни последици“, изјави обвинителот Жан Мишел Бурле.

Полицаецот успеал да го стави под контрола и да го уапси.

Потоа рече дека штотуку го убил „своето семејство“, сопругата и двете деца на една и петгодишна возраст.

Осомничениот нема криминално досие, туку „психијатриска историја“, додаде обвинителот.

Тој во моментов е хоспитализиран за да се утврди дали е способен да биде во притвор.Отворена е истрага за убиство со умисла, соопшти обвинителот.

Во Франција во просек се случува фемицид на секои три дена.

Во 2023 година, родителите убиле повеќе од 60 деца, според Voa d-lanfan, здружение кое брои убиства врз основа на случаи објавени во медиумите.

„Операција саксија“ е во тек во Амстердам, жителите во тешка меѓусебна кавга

Властите во холандската престолнина Амстердам ја почнаа „операција саксии“, бидејќи, како што истакнаа, прекумерното поставување саксии околу зградите го загрозува пристапот до објектите.

Жителите со вознемиреност реагираа на плановите на властите во Амстердам да ги отстранат, според нив, непромислено поставените саксии, објави Гардијан.

Во пристапот што локалните медиуми го нарекоа „операција саксии“, централниот кварт на холандската престолнина ги ограничува жителите да постават два саксии со дијаметар од 50 сантиметри, направени од „одржлив“ материјал и поставени на предниот ѕид на зградата.

Ќе се отстранат цели „градини“ со саксии на паркинзи и под дрвја, се вели во меморандумот на градските власти.

На состанокот на градскиот совет во вторникот, претседателката на Централниот извршен комитет на Амстердам, Амели Стренс, рече дека напуштените саксии со цвеќиња се непривлечни, лоши за биолошката разновидност и ги прават објектите помалку достапни за оние кои користат помагала за мобилност и инвалидски колички.

Некои жители на Амстердам се задоволни што градот реагира на загриженоста на луѓето за преполните тротоари, додека други посочуваат дека напуштените или паркирани велосипеди и тераси во баровите зафаќаат голем дел од јавните површини, како и отпадот, наведувајќи дека преголем број туристи го посетуваат градот.

притисни ентер