Струмица е меѓу најзагадените во светот, следете во живо во реално време

Воздухот во Струмица е меѓу најзагадените во светот, а според онлајн платформата „Уаки-инфо“е меѓу првите 20 на листата.

Поради енормното загадување на воздухот во Струмица претходните два дена, од денеска стапуваат на сила мерки препораките и мерките за надминат праг на алармирање на суспендирани честички пм 10..

Министерството за животна средина информрише дека тие се активираат откако вчера и завчера, вредноста на канцерогените честички го надминаа прагот од 150 mg/m3 и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи....

Препораките предвидуваат ослобидување од работни обврски на бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар. Исто така се предидвува и работното време за сите што работат на отворено да биде од од 11.00 до 17.00 часот, а се препорачува и да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено.

Меѓунајзагадените градови во светот и понатаму е и Скопје, покажуваат податоците на „Ајкјуер“, специјализираната интернет страница. Ветерот само малку го спушти Скопје на листата на градови со најзагаден воздух во светот... Откако синоќа повторно главниот град беше еден од првите 10 градови, утрово забележан е благ пад на 21-то место... Екстремно загадување се бележи и во Кавадарци..

Според податоците објавени на веб-страницата, индексот на загаденост изнесува 95 а Скопје денес е рангирано на 17 место.

Според податоците, во воздухот е измерена значителна количина на ПМ 2,5 честички, односно шест пати над дозволената граница според стандардите на Светската здравствена организација.

Први на листата во континуитет се Делхи, Индија и Карачи, Пакистан.

Загаденоста на воздухот во реално време може да ја следите преку „Уаки инфо“ на следниот ЛИНК.

„Операција саксија“ е во тек во Амстердам, жителите во тешка меѓусебна кавга

Властите во холандската престолнина Амстердам ја почнаа „операција саксии“, бидејќи, како што истакнаа, прекумерното поставување саксии околу зградите го загрозува пристапот до објектите.

Жителите со вознемиреност реагираа на плановите на властите во Амстердам да ги отстранат, според нив, непромислено поставените саксии, објави Гардијан.

Во пристапот што локалните медиуми го нарекоа „операција саксии“, централниот кварт на холандската престолнина ги ограничува жителите да постават два саксии со дијаметар од 50 сантиметри, направени од „одржлив“ материјал и поставени на предниот ѕид на зградата.

Ќе се отстранат цели „градини“ со саксии на паркинзи и под дрвја, се вели во меморандумот на градските власти.

На состанокот на градскиот совет во вторникот, претседателката на Централниот извршен комитет на Амстердам, Амели Стренс, рече дека напуштените саксии со цвеќиња се непривлечни, лоши за биолошката разновидност и ги прават објектите помалку достапни за оние кои користат помагала за мобилност и инвалидски колички.

Некои жители на Амстердам се задоволни што градот реагира на загриженоста на луѓето за преполните тротоари, додека други посочуваат дека напуштените или паркирани велосипеди и тераси во баровите зафаќаат голем дел од јавните површини, како и отпадот, наведувајќи дека преголем број туристи го посетуваат градот.

Банда во Индонезија продавала бебиња преку Фејсбук- богати туристи на Бали ги купувале

Во Индонезија е откриен синџир за трговија со бебиња кој „оперирал“ преку социјалната мрежа Фејсбук.

Децата биле продавани на Бали, а добро организирана група дејствувала во градот Депок во Западна Јава, на околу 27 километри од главниот град Џакарта, објави Индипендент.

Новороденчињата биле купени од нивните родители за помалку од 950 евра и продавани на странци на Бали по четири пати повисока цена, соопшти полицијата.

Тие истакнаа дека се случувало и некој однапред да се договори и да ја плати договорената сума пред да се роди бебето.

Досега се уапсени осум лица под обвинение за трговија со луѓе и кршење на законите за заштита на децата. Меѓу фатените има два пара родители, две лица кои дејствувале како извидници и купувачи, посредник и брокер кој управувал со трансакциите, пишува Independent.

Шефот на полицијата на Депок, Арија Пердана, рече дека децата биле рекламирани на Фејсбук по цени од 580 до 870 евра. Трговците потоа ги превезувале бебињата во туристичкиот центар на Бали каде ги продавале на странци за 2.630 евра.

Ланецот за трговија со бебиња бил откриен откако властите добиле дојава од јавноста.

Арија Пердана рече дека успеале да ја спречат продажбата на две новородени бебиња, девојче и момче. Криминалната група веќе извршила пет такви наредби на Бали, додаде тој.

„Тие се договорија со идните родители пред да се родат бебињата, ветувајќи итен транспорт до Бали веднаш по раѓањето. Така, ако на странец му требало бебе, тие ќе им го продадат“, изјави началникот на полицијата за весникот „Компас“.

Полицијата открила дека жена го продала своето бебе за 10 милиони рупии (околу 580 евра) откако нејзиниот сопруг одбил заедно да го одгледуваат детето.

Тие исто така се сомневаат дека незаконските активности на групата се прошириле многу подалеку од Бали, па истрагата ќе ја прошират и на други области.

„Она што досега го откривме е ограничено на Бали, но меѓународниот организиран криминал може да се случи насекаде, а сторителите можат да бидат насекаде“, рече Пердана.

Во Индонезија, лице осудено за трговија со луѓе може да биде осудено на 15 години затвор и парична казна од 600 милиони рупии. Прекршувањето на Законот за заштита на децата носи иста максимална затворска казна, заедно со парична казна од 300 милиони рупии.

Американец три часа пукал и убил 81 животно, во куќата му нашле арсенал со оружје (ФОТО)

Маж од Калифорнија е уапсен откако, наводно, случајно пукал и убил повеќе од 80 животни во лозје.

Канцеларијата на шерифот на округот Монтереј почнал да прима повици за истрели, непосредно пред 3:30 часот во вторникот во областа на Ејвери Лејн. Полицајците притрчале на местото и ги слушнале истрелите, но поради темнината и густата вегетација не успеале веднаш да го пронајдат напаѓачот. Издадена е наредба на луѓето кои живеат во близина да останат на место, а со помош на дрон биле лоцирани осомничениот и очигледно удреното возило, пренесува Law&Crime.

Специјалната единица SWAT на округот Монтереј му пришле на осомничениот со оклопно возило и го уапсиле 39-годишниот Висенте Џозеф Аројо од Салинас.

Полицијата ја пребарала областа и пронашла 81 мртво или смртно рането животно, вклучувајќи минијатурни коњчиња, кози, зајаци, заморчиња, кокошки, патки и други видови птици. Животните кои преживеале биле пренесени во ветеринарна клиника, но поради тешките повреди морале да бидат евтанизирани, изјавија замениците на шерифот.

Властите пронашле и неколку пушки и пиштоли, вклучително и нелегално автоматско оружје, како и празни и наполнети чаури со муниција, соопшти полицијата.

Аројо првично беше обвинет за намерно користење огнено оружје со груба небрежност, суровост кон животните, нелегално поседување автоматско оружје и поседување огнено оружје како претходно осуден престапник, меѓу другите обвиненија. Неговата кауција првично беше одредена на 50.000 долари.

Меѓутоа, кога детективите го пребарале неговиот дом, наводно пронашле уште седум парчиња оружје, вклучително и огнено оружје без сериски број, познато како „пиштол дух“, како и околу 2.000 парчиња муниција. Затоа, кауцијата била зголемена на милион долари.

„Нема сомневање дека налогот што го извршија нашите заменици и детективи, што резултираше со заплена на ова дополнително оружје, ја направи нашата заедница побезбедна“, рече шерифот на округот Монтереј, Тина Нието.

„Убедена сум дека спречивме да се случи уште една трагедија во иднина“, заклучи таа.

притисни ентер