Странски и домашни инвеститори ќе инвестираат во старечки домови и во детски градинки?

Досега интерес пројавиле 37 домашни и три странски инвеститори за изградба на старечки домови и 28 македонски и еден странски инвеститор за изградба на детски градинки, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Странски и домашни компании се заинтересирани да инвестираат во изградба на домови за стари лица и во детски градинки. Како резултат на поволностите кои ги дава државата, а се со цел привлекување инвеститори во оваа област, досега интерес пројавиле 37 домашни и три странски инвеститори за изградба на старечки домови и 28 македонски и еден странски инвеститор за изградба на детски градинки, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

„Владата донесе мерки со кои целта е изградба на домови за стари лица и детски градинки. Се започна со активности и се усвоија мерки со кои се продава градежно земјиште со почетна цена од едно евро за метар квадратен, понатаму се намалија комуналните такси за 95 проценти при изградба на домови за стари лица и детски градинки, се обезбедија поволни кредитни линии преку Македонската банка за поддшка на развојот со 5,5 % каматна стапка, се споија со активните мерки за вработување од државата, а се нуди поддршка од Агенцијата за претпримеништво“, изјави Душан Томшиќ од Министерството за труд и социјална политика.

Во пакетот кој што се однесува на изградба на приватни детски градинки, има мерки со кои фирмите со повеќе од 50 вработени би можеле да одлучат дека е исплатливо, без ориентација кон профит, да отворат сопствени градинки, или во партнерство со други фирми, со што ќе обезбедат децата на вработените да бидат згрижени по субвенционирани цени. Пониската цена на сместување во однос на земјите членки на ЕУ, може да побуди интерес кај постарите жители од ЕУ, да ги користат услугите на установите за стари лица во Република Македонија. Изградбата на нови установи, а со тоа и поголемата конкурентност, ќе го унапреди квалитетот на услугите и ќе ја намали цената за сместување за крајните корисници. За сите услови заинтересирани субјекти можат да се обратат на бесплатниот телефонски број 15 505 или на e-mail адресата [email protected]

Центарот на Њујорк , Менхетн , во целосна темнина (ВИДЕО)

Поради прекин на електричната енергија, голем дел од Менхетен рано утрово останал во целосна темнина.

Десетици илјади луѓе во другите делови на Њујорк сеуште се без електрична енергија по минувањето на тропската бура Исаја.

Портпаролот на електроенергетската компанија ,,Cnsolidated Edison” изјави дека денешното затемнување започнало во 5.13 утрово (11,13 часот по Централноевропско време) во Харлем, горната западна и горната источна страна на Менхетен и дека биле погодени околу 180.000 корисници. Прекинот траел околу половина час, рече тој.

Уште 5.000 корисници останале без електрична енергија во посебен прекин во Квинс.

Засега не е позната причината за утринските прекини на електрична енергија, кои зафатија и неколку линии на метрото.

Екипите работат нон-стоп за да ја вратат електричната енергија низ градот, откако тропска бура го погоди американскиот источен брег.

Повеќе од 60.000 корисници во Квинс, Статен Ајленд и Бронкс уште се без електрична енергија, објави компанијата Кон Едисон, наведувајќи дека снабдувањето за многу од нив нема да биде повторно воспоставено пред недела навечер.

Германија и Франција демонстративно ги напуштиле преговорите за СЗО

Германија и Франција ги напуштиле преговорите за реформа на Светската здравствена организација (СЗО), лути на обидите на САД да ги водат разговорите и покрај тоа што тие  ја напуштија организацијата.

Нивниот потег е удар врз американскиот претседател Доналд Трамп, бидејќи Вашингтон, кој моментно претседава со Г7, се надевал дека ќе објави најави план за сеопфатна реформа на СЗО во септември, два месеци пред претседателските избори во САД.

Соединетите држави во јули објавија дека ќе го напуштат СЗО на една година откако Трамп ги обвини дека се премногу блиски со Кина и лошо управувале со пандемијата на коронавирус. СЗО ги негираше сите обвиненија.

Европските влади исто така го критикуваат СЗО, но тие не го следат Вашингтон.

„Никој не сака да биде вклучен во реформскиот процес и да добие нацрт за тоа од земја што штотуку самата ја напушти СЗО “, рече висок европски претставник вклучен во преговорите.

На прашањето за потврда на одлуката на Париз и Берлин, портпаролите на владите на Германија, Франција, Велика Британија и Италија немаа коментар.

Но, француското Министерство за здравство рече: „Соединетите држави не треба да бидат лидер во реформите во СЗО, откако објавија дека имаат намера да ја напуштат организацијата“.

Запрашан за ставот на Франција и Германија, висок функционер на администрацијата на Трамп рече: „Сите членови на Г7 експлицитно ја поддржаа суштината на идеите за реформа на СЗО“.

„Сепак, жално е што Германија и Франција на крајот избраа да не се приклучат на групата во прифаќањето на планот“, изјавија од Белата куќа.

Седумгодишно дете почина во САД од коронавирус , а немал никакви болести

Седумгодишно момче , болно од ковид - 19 години е најмладиот пациент , која починал од оваа болест во американската држава Џорџија од почетокот на пандемијата на коронавирус.

Малиот Афроамериканец немал други здравствени проблеми според податоците објавени од таа држава.

Случајот е од округот Четам, кој го вклучува градот Савана, соопшти Министерството за јавно здравје на државата Џорџија.

Веста за неговата смрт дојде во време кога владата расправа низ целата земја за почетокот на учебната година и за ризикот од инфекција или ширење на вирусот со кои се соочуваат децата. Во извештајот не е наведено каде или кога детето се заразило.

Претходно, најмладиот случај на жртва на коронавирус во државата Џорџија беше 17-годишен Афроамериканец во округот Фултон кој имал и други здравствени проблеми покрај Ковид-19. Според податоците на таа држава, повеќе од 30 лица кои се во дваесеттите години починале од корона вирусот.

Во Џорџија, според последните податоци, од вирусот починале над 4.000 луѓе, а потврдени се и повеќе од 200 000 случаи на инфекции.

притисни ентер