Стотици патници од ЈАР останале заглавени на пистата во Амстердам поради опасниот сој

Неколку стотици патници од Јужна Африка (ЈАР), кои пристигнале во Амстердам со два лета, чекале со часови во авионите, а потоа биле подложени на тестирање за ковид поради загриженост за новооткриената варијанта на коронавирусот.

Холандската влада претходно во текот на денот ги забрани сите патувања од Јужна Африка, а министерот за здравство Хуго де Јонге рече дека сите патници кои веќе се на летови ќе мора да бидат подложени на тестирање и карантин по пристигнувањето во Холандија.

Патниците на двата лета на KLM, од Кејптаун и Јоханесбург, изјавија дека чекале со часови на пистата.

„Голем аплауз бидејќи дојде автобус што ќе не однесе... некаде“, напишала на Твитер новинарката на Њујорк Тајмс Стефани Нолен, која пристигнала од Јоханесбург.

„Со автобус до салата до огромната редица. Оддалеку гледам работници во заштитни одела. Сè уште нема грицки...“, напишала таа во друг твит.

„Сè беше направено внимателно, така што беше потребно подолго време. На патниците им беше дадена храна и пијалок и ќе бидат тестирани за коронавирус“, се вели во соопштението на аеродромот Шипхол.

Локалните здравствени власти подоцна објасниле дека само оние патници кои биле позитивни на коронавирус ќе мора да бидат ставени во карантин.

Израел го критикуваше конечниот извештај за обвинувањата против УНРВА

 Израел го критикуваше извештајот за Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА), главниот обезбедувач на хуманитарни услуги во Газа, пренесе ДПА.

Експертите задолжени за истрага на неутралноста на ОН во однос на наводите дека вработени во ОН биле вмешани во нападите врз Израел на 7 октомври препорачаа заострување на заштитните мерки во „осум критични области“.

Во исто време, во нивниот извештај се вели и дека Израел досега не доставил докази дека одредени вработени биле членови на терористички организации.

Извештајот „ја игнорира сериозноста на проблемот“, напиша портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи Орен Марморштајн на X.

- Проблемот со УНРВА-Газа не е во неколку лоши јаболка; тоа е гнило и отровно дрво чии корени се Хамас, напиша тој.

- Хамас толку длабоко се инфилтрира во УНРВА што веќе не е можно да се одреди каде завршува УНРВА, а каде почнува Хамас, напиша Марморштајн.

- Вака не изгледа вистински и темелен преглед. Вака изгледа обид да се избегне проблемот и да не се решава директно, нагласи тој и додаде дека „УНРВА беше дел од проблемот, а не дел од решението“.

- Постојат и други решенија. УНРВА не може да биде дел од решението во Газа ниту сега, ниту во иднина, изјави портпаролот на израелското МНР. /МИА

Пет тела пронајдени во куќа во Оклахома, полицијата се сомнева дека станува збор за убиство

Телата на пет лица, меѓу кои две деца, се пронајдени во куќа во Оклахома Сити, соопшти денеска американската полиција. 

Поручникот Гери Најт од полицијата на државата Оклахома изјави дека загинатите се членови на едно семејство и дека починале од насилна смрт, пренесува Ен-Би-Си Њуз.

Најт додаде дека полицијата сè уште не може да открие што точно откриле инспекторите.

-Полицијата беше испратена во дом на околу 20 милји западно од центарот на Оклахома Сити под сомнение дека содржи тела, рече Најт.

Според него, на сите тела имало повреди кои изгледаат како да се работи за убиство. /МИА

„Гответе со Дракче“ - Пржена пастрмка

Во понеделник (22.04.2024) во емисијата гостин ни беше Петар Нечовски.

Состојки за денешниот рецепт:

2 пастрмки

4 лажици пченкарно брашно

5 лажици бело брашно

малку магдонос за украсување

1 црвен домат

мајонез, лимон

сув зачин, сол, бибер

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

притисни ентер