Само 88.000 работни места се компромитирани во производството на мотори и менувачи, објави весникот, повикувајќи се на извештајот на Советот на германската влада за Националната платформа за иднината (НПМ).
Електричните мотори имаат помалку делови и бараат помалку одржување од моторите со внатрешно согорување и тоа ќе резултира во отпуштања, известува реномираниот економски весник.
Производството на возилата ќе биде дополнително автоматизирано и нема да биде доволно за да се одржи сегашниот број на работни места, ги цитира Ханделсблат зборовите на претседателот на НПМ, Хенинг Кагерман.
Во 2018 година, бројот на вработени во автомобилската индустрија во Германија се искачи на 834.000, што е највисоко ниво од 1991 година.
Најголемото германско здружение за автомобилска индустрија (ВДА), кое предупреди во декември за натамошно намалување на работните места во 2020 година како резултат на пад на глобалната продажба, рече дека проценките на НПМ се засновани на „нереално екстремно сценарио“, пренесува Ханделсблат, повикувајќи се на изјави на службени лица во ВДА.
Германската автомобилска индустрија, важен двигател на растот на најголемата економија во Европа, ги засилува плановите за воведување електрични возила под притисок на Европската унија (ЕУ) за понатамошно намалување на емисијата на јаглерод диоксид, потсетува Ројтерс.