Стопанската комора и ДЗС потпишаа Меморандум за соработка

Стопанската комора на Македонија и Државниот завод за статистика (ДЗС) ја интензивираат соработката. Целта е размена на уште поквалитетни, навремени, комплетни информации од двете страни.

Ова денеска го официјализираа претседателот на Комората Бранко Азески и директорката на Заводот Благица Новковска со потпишување Меморандум кој, како што нагласија, е во насока на остварување активности од заеднички интерес. Институциите ќе се поврзат со дневни линкови за брзо доставување на потребните, точни, релевантни податоци.

- Оценивме дека сега е моментот, пред значајните промени што ќе се случат на глобално ниво и во статистиката и во водењето на економските политики во услови на криза, да ја формализираме нашата соработка на повисоко ниво. Ние ги користиме податоците од ДЗС многу внимателно за да дојдеме до јасни индикатори при предлагањето на нашите мерки, ДЗС, пак, ги користи нашите логистики за да дојде до податоците на правните лица -членки на Комората, рече Азески по парафирањето на документот.

Тој смета дека со новиот начин на поврзување Комората многу побрзо и поквалитетно ќе ги конципира предлог мерките за подобра бизнис клима, но значително ќе се забрза и нивната испорака до Владата.

- Квалитетните, навремени, меѓународно споредливи статистички податоци се суштина на целиот тој процес. Тоа се факти на кои ја базираме и докажуваме оправданоста на нашите барања, ни овозможуваат аргументирано да настапуваме, без паушални, субјективни, лични согледувања, потенцира Азески.

Според Новковска, за да се добијат релевантни, точни статистички податоци неопходна е соработка со компаниите, но и нивна поддршка. - Статистиката мора да се прилагодува на актуелните, глобални случувања, пред се, треба да воведува нови истражувања, истакна директорката.

Стопанската комора и досега, за своите анализи најмногу ги користеше податоците од ДЗС. Само последнава година, од вкупно земените 105 информации при креирањето на предлог насоките за подобрување на бизнис климата 48 отсто се на ДЗС, за енергетската политика 63 отсто од 350 податоци се на ДЗС и 71 процент од 105 податоци при истражувањето на новите пазари како предуслов за зголемен извоз се исто така на државниот завод за статистика.

Директорот на ФБИ: „ТикТок“ е проблем за националната безбедност на САД

Директорот на ФБИ, Кристофер Реј изјави дека социјалната апликација „ТикТок“ е проблем за националната безбедност на САД, пренесе БТА.

Реј ја објави оваа изјава додека американскиот Конгрес се подготвува да гласа за легислативата за забрана на апликацијата.

-Апликацијата и припаѓа на кинеската компанија ByteDance, која „има обврски кон кинеската влада“, рече Реј во ексклузивно интервју за Ен-би-си Њуз.

-Кога се разгледува моќта, пристапот, технолошките способности и контролата што ги има ТикТок, Американците треба да се запрашаат што мислат за моќта, пристапот, можностите и контролата што ги има компанијата што е сопственик на ТикТок, кинеската влада и, на крајот, кинеските разузнавачки служби, посочува директорот на ФБИ.

Претставничкиот дом на САД во саботата одобри голем пакет помош за Украина, Израел и Тајван. Во рамките на овој пакет е содржан и ултиматумот во врска со „ByteDance“. Се очекува пакетот помош брзо да биде одобрен од Сенатот.

Американските власти тврдат дека ТикТок и овозможува на кинеската влада да шпионира и манипулира 170 милиони корисници во Соединетите држави. /МИА

ДИК: Немаме пријавено поголеми неправилности

Прес-конференција на Државната изборна комисија.

Од Државната изборна комисија велат дека досега нема пријавено погоелеми неправилности околу гласањето за првиот круг од претседателските избори. На неколку гласачки места се појавиле мали технички проблеми кои се решаваат во од.

Наредната прес конференција на ДИК е закажана за 13 и 30 часот, кога повторно ќе информираат за текот на гласањето.

Македонија меѓу земјите со најмногу планински области во светот

Бутан, мала јужноазиска земја лоцирана во источните Хималаи, е најпланинската земја во светот, со планини кои покриваат 98,8% од нејзината вкупна површина.

Просечната надморска височина на Бутан е 3.280 метри надморска височина.

На листата следува Таџикистан со 91.9% покриеност со планини, потоа Киргистан со 90.7%, Лесото со 90.5%, Црна Гора со 89.3%, Ерменија со 85.9%.

Македонија е седма на оваа листа со 85.5% планински области, следува Швајцарија со 83.6%, Либан со 81.1% и Непал со 80.7% покриеност со планини.

притисни ентер