Столтенберг се надева дека Македонија ќе стане полноправна членка на НАТО до декември

Германија е силен поддржувач на земјава за членство во Европската Унија – вакво уверување доби претседателот Пендаровски на средбата со неговиот германски колега Франк Валтер Штајнмајер. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

Во Албанија 131 новозаразени, тројца починати од коронавирус

Во Албанија во последните 24 часа се потврдени нови 131 случаи на коронавирус, а три лица починале.

Според „ Worldometers “, во таа земја во моментов има 5.257 активни случаи.

Од почетокот на епидемијата, во Албанија се заразени вкупно 12.666 лица, од кои 367 починале.

Ванеса Брајант го тужи шерифот поради објавените фотографии од местото на несреќата на Коби

Ванеса Брајант покрена тужба против полицискиот оддел и шерифот Алекс Вилануева за фотографиите од местото на несреќата во кој загинаа нејзиниот сопруг и нивната ќерка.

Тужбата, која се однесува на душевна болка, нарушување на приватноста и небрежност, е поднесена пред Врховниот суд во Калифорнија.

Портпарол на обвинетиот изјавил дека засега немаат коментар, пренесува Вашингтон пост.

Од друга страна, во тужбата се наведува дека „непростливите постапки на одделот на шерифот и предизвикале на г-ѓа Брајант душевна болка и траума поради загубата на Коби и Џана“.

Да потсетиме, во март беше објавено дека членовите на полицискиот оддел во Лос Анџелес се обвинети за споделување фотографии од местото на несреќата, како и дека едниот се пофалил со фотографиите. Медиумите објавија дека им било наредено да ги избришат фотографиите, но не била покрената официјална истрага.

Им било кажано дека нема да претрпат никакви последици доколку ги избришат фотографиите.

Во Франција повторно над 10.000 новозаболени

Во Франција, во изминатите 24 часа се пријавени повеќе од 10.000 нови случаи на коронавирус, шести пат за 12 дена.

Според податоците на Министерството за здравство на таа земја, во изминатите 24 часа биле регистрирани 10.008 случаи, скоро двојно повеќе отколку вчера, кога биле евидентирани 5.298 пациенти.

Ројтерс, сепак, забележува дека бројот на заразени лица пријавени во понеделник е често пати помал поради доцнењето на податоците за време на викендот, и дека во саботата бил забележан рекорден број на заразени лица, 13.498.

Во Франција досега се пријавени вкупно 468.069 случаи на коронавирус.

Земјата денеска пријави уште 78 жртви на корона, со што вкупниот број на починати достигна 31.416.

притисни ентер