Столтенберг на средби со државниот врв, попладнево се обрати во македонскиот парламент

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг пристигна во дводневната посета на Македонија, прва откако земјата е членка на Алијансата...

Попладнево тој имаше средба со премиерот Димитар Ковачевски и се обрати во македонскиот парламент, а вечерва е на состанок со претседателот Пендаровски...

Пред вила Водно е Андријана Лазова, Андријана која е клучната порака која Столтенберг ја упати во земјава?

Почна испитувањето на материјалите земени од најопасниот астероид: Ова е ризница со богатство

Лажичка темна прашина и гранули собрани од астероидот Бену, на повеќе од 300 милиони километри од Земјата, пристигна во Природонаучниот музеј во Лондон, каде што научниците се подготвуваат да го тестираат.

100 милиграми од материјалот собран од астероид стар околу 4,6 милијарди години за време на мисијата Озирис-Рекс на американската агенција НАСА стигнале до британскиот музеј, кој ќе се овозможи увид во формирањето на Сончевиот систем, пишува Гардијан.

Леталото на НАСА собрало повеќе од 70 грама материјал од астероидот, но вадењето на неговиот материјал беше тешко поради проблеми со завртките на сондата.

- Ова е извонредно. Ова е како мала ризница која не води до потеклото на Сончевиот систем. Не можам да ги дофатам примероците и да видам што можеме да научиме од нив за раниот Сончев систем - изјави за Гардијан д-р Ешли Кинг, научник кој ќе работи на испитувањето на примероците во Природонаучниот музеј.

„Можеби не звучи како да имаме многу материјал, додаде таа, но ова е доволно за работа и испитување“.

- Ова се 100 милиграми чиста убавина. Донацијата е мала, но доволна. Ова е само една лажичка материјал, но замислете една лажичка шеќер и колку поединечни зрна има во неа. Значи, ќе го проучуваме овој материјал, зрно по зрно. Можеби ни претстои цел животен век - рече проф. Сара Расел, научник од Природонаучниот музеј, Лондон, за Би-Би-Си.

Таа исто така рече дека астероидот содржи минерали слични на глина кои ја задржуваат водата, што може да покаже како Земјата станала планета со вода погодна за живот.

- Можно е астероидите како Бену да обезбедувале хранливи материи подеднакво неопходни за одржување и развој на животот на Земјата - изјави Руселова за Sky News.

Природонаучниот музеј вели дека Бену е „непроменета маса од почетокот на Сончевиот систем“ која дава индиции за потеклото на Земјата, но додава дека астероидот има потенцијал да ѝ наштети на Земјата и се смета за најопасниот астероид во Сончевиот систем.

НАСА има многу повеќе материјали што мисијата Озирис-Рекс ги врати на Земјата на 24 септември, но не се знае точно колку. Овие 100 милиграми се земени од околу 70 грама, кои биле извадени од сондата. Сепак, дел од сондата се уште е недостапен и не е целосно отворен. Се верува дека во него би можело да има уште 200 грама материјал.

Вечерва во Само Вистина дебатираа пратениците Миле Лефков и Мартин Костовски

Костовски: Техничка влада може да се укине за следните избори. Лефков: Не само што изгубивте во Куманово, туку ви се формира и трета партија.

Лефков: Вие сте од Куманово, лидерот ви е од Куманово, не само што изгубивте во Куманово, туку ви се формира и трета партија, вие да се кандидирате за претседател во било која зграда за претседател на куќен совет, ќе изгубите. Вие сте избрани од граѓаните, но за жал никој не ги почитува граѓаните. Кога зборуваме за Премиер Албанец, зборуваме за Премиер на препорака од ДУИ, најкриминалната партија, нема ден да нема скандал поврзан со нив. До кога ќе мафтате со европското знаменце за ваша корист и носите закони што се далеку од европски?

Костовски: Факт е дека конзистентноста и договорите меѓу коалиционите партнери се почитувале и ќе се почитуваат и во иднина. Ние не ретерираме од тоа да има Премиер Албанец, не е важно што е по нациоанлност, важен е квалитетот на личноста и тоа нема да се рефлектира врз рејтингот на СДСМ. Имаме лидер на партијата посветен и ве уверувам дека ќе излеземе како победници на изборите во 2024 година. Техничка влада може да се укине за следните избори, не постои заглавување по лифтови и влечеа луѓе за да гласаат, јас сум задоволен што може да зборувам да нема техничка влада.

Бојан Јовановски е пуштен на слобода

Осудениот Бојан Јовановски-Боки 13 е пуштен на слобода, дознава Канал 5 од судски извори. 

Неофицијално,причината била лошата здравствена состојба, за што Кривичен суд добил лекарски извештаи од повеќе доктори, како и цели лекарски козилиуми.

Ова значи дека Боки 13 ќе се лекува од слобода, а откако му беше извршена операција и му беше отстранет желудникот.

Адвокатот Владимир Туфегџиќ вели дека ја добиле одлуката, за која вели дека иако е задоцнета, е праведна.

притисни ентер