„Ние сакаме луѓето да носат маски во текот на денот во јавниот превоз“, рече на прес-конференција Марија Розен Остлунд, докторка задолжена за контрола на инфекцијата во областа Стокхолм.
Покривањето на устата и носот се советува и во одредени затворени простори - како што се фризерски салони, аптеки или продавници - како и на работното место доколку е потребно, додаде таа.
Препораките стапуваат на сила веднаш и се привремени и траат до 22 март.
Тие се спротивставуваат на неподготвеноста на Здравствената агенција за поддршка на таквата мерка, заради тврдењето дека е ограничен доказ за ефективноста на носењето маска.
Шведска тргна по посебен пат во пандемијата на коронавирус со релативно благи мерки во споредба со другите земји и со препораки и повици за здравиот разум.
Либералната здравствена политика беше проследена со поголем број на заразени и жртви отколку во другите европски земји.
Од врвот на новите инфекции во декември, бројот на случаи со коронавирус повторно опаднал, но веќе некое време останува на истото високо ниво.
Во главниот град на Стокхолм, минатата недела бројот на заразени се зголемил за 27 проценти, по порастот од 24 проценти претходната недела.
Пред тоа, на Швеѓаните им било препорачано да носат маски само за време на метежот во јавниот превоз.