Стојаноски: Тема треба да биде кој е одговорен што се случи една ваква трагедија - Канал 5

Стојаноски: Тема треба да биде кој е одговорен што се случи една ваква трагедија

„Фокусот на јавноста не треба да биде во евтини политички флоскули и фрази“

Стојаноски: Тема треба да биде кој е одговорен што се случи една ваква трагедија

Фокусот на јавноста не треба да биде во евтини политички флоскули и фрази, кои што некој упорно ги пласира бидејќи тие таму кои што седат се претставници на одредени членови на одредена политичка партија, сметам дека овој момент треба да оставиме простор на оние органи кои што треба да дадат одговори на тоа кој е крив за ова што се случи, а не граѓаните да слушаат жестоки политички препукувања, кои од вторник и те како ќе ги има. Наредната недела ќе се одржат две Собраниски седници, десетина комисиски и редовните опозициски пратенички прашања и ничие право нема да биде скратено. Некогаш е потребно да се спушти топката и да се направат неколку чекори назад. Тема треба да биде кој е одговорен што се случи една ваква трагедија, вели Бојан Стојаноски во Само Вистина.

Во Молдавија закажани парламентарните избори за 28 септември

 Во Молдавија ќе се одржат парламентарни избори на 28 септември, соопшти денеска локалниот парламент, додека гласањето ќе го одреди политичкиот пат на поранешната советска република, која се наоѓа меѓу европските аспирации и руското влијание

Во Молдавија закажани парламентарните избори за 28 септември

„Нашата задача е да ја зачуваме стабилноста и да се приклучиме на Европската унија во следните четири години“, рече проевропската претседателка на Молдавија Маја Санду, која ги прекина односите со Русија по војната во соседна Украина и ги отвори пристапните преговори со Брисел.

Таа зборуваше пред 101-члениот парламент во кој моментално доминира нејзината централно-десничарска партија Акција и солидарност, по убедливата победа на претходните парламентарни избори во јули 2021 година.

„Болно е да се признае, но ние сè уште имаме кревка држава“, рече Санду, предупредувајќи на можно враќање на „корумпираниот систем“ од минатото.

Молдавските власти соопштија дека имало купување гласови на претходните избори. Тогаш полицијата покрена истрага против повеќе од 140.000 граѓани на оваа сиромашна земја со околу 2,5 милиони жители./МИА

Трамп најави засилени трговски преговори, Кина подготвена за разговори

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека се водат трговски преговори со неколку земји, вклучувајќи ги Мексико, Јапонија и Кина, и ги опиша како продуктивни.

Трамп најави засилени трговски преговори, Кина подготвена за разговори

Како што јави Си-Ен-Ен, Трамп на мрежата „Трут сошла“ напиша дека разговарал со претседателот на Мексико и со највисоките трговски претставници на Јапонија, додека Кина, како што рече, е меѓу земјите што сакале средба со неговата администрација.

Како што наведе, кинески извори велат дека се отворени за преговори, но под услови на меѓусебно почитување и реципроцитет.

Италијанскиот премиер Џорџа Мелони денеска отпатува за Вашингтон на разговори во Белата куќа.

Путин: Катар е клучен партнер на Русија на Блискиот Исток

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска за време на состанокот со катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани во Москва дека Катар е клучен партнер на Русија на Блискиот Исток.

Путин: Катар е клучен партнер на Русија на Блискиот Исток

„Нашите односи стануваат се посилни. Неодамна во Доха се одржа меѓувладина комисија и ми се чини дека беше многу корисна. Катар е еден од нашите приоритетни партнери воопшто, а особено на Блискиот Исток“, рече Путин.

Додаде дека во билатералните односи е изградена долгогодишна добра традиција.

притисни ентер