Стојаноски: Со ваков концепиран ребаланс ќе ја втурнете државата во уште поголема сиромаштија

Стојаноски посочи дека со овој ребаланс Македонија ќе го добие најголемиот буџет во историјата од 4,37 милијарди евра.

„Во изминатиот период внимателно ја следев целата дебата за ребалансот на буџетот за 2021 година кој за разлика од претходните пати го најавувате поскромно, а гледајќи ги и вредностите кои што се впишани во него, повеќе од јасно е зошто е тоа така. Гледате да го тргнете од очите на јавноста, да не се зборува за тоа, бидејќи не носи ништо за народот, ама носи за елитите од власта", Бојан Стојаноски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на седницата на Собрание на Република Македонија.

Стојаноски додаде дека со овој ребаланс власта потврди дека нивна единствената политика е купи ден – продај.

„Вака концепиран ребаланс дополнително ќе ја зголеми сиромаштијата и ќе ја втурне државата во уште поголема сиромаштија и бесперспективност. Неразвоен и креиран без концепт, нема јасна визија и е поставен на постулати кои што се апсолутно неодржливи. Креиран е стихијно, без одржлива стратегија која е насочена кон реален развој на економијата. Ребаланс концепиран за предизборен поткуп и за уште поголемо збогатување на Заев и фамилијата на власт", нагласи Стојаноски.

Стојаноски посочи дека со овој ребаланс Македонија ќе го добие најголемиот буџет во историјата од 4,37 милијарди евра.

„Проектираниот дефицит првично беше 4,9% а сега со ребаланост е 6,5% или во апсолутни бројки дефицитот во Буџетот ќе се зголеми за 183 милиони евра, пари кои ги немаме и ќе треба да се задолжиме, според вас годината ќе ја завршиме со долг од 751 милион евра што ви тврдам одговорно дека нема да е така, а проектираната стапка на раст ќе ја задржувате на 4,1% што е апсолутно невозможно особено во посткризна година погодена со еден бран зад нас и уште еден есенски потенцијален бран. Исто така морам да кажам дека оваа година нема да биде година на консолидација на економијата. Народната Банка ни предвидела раст од 3,9%, ММФ од 3,8%, ЕК 3,7% што значи дека Република Македонија во регионот ќе има убедливо најнизок раст", рече Стојаноски.

Стојаноски нагласи дека растот од 4.1 процент во 2021 година е невозможен заради два фактора:

- Во првите 3 месеца од годинава имаме пад на економијата за 1,9%, бруто инвестициите во минус од 16,6%. Според овие податоци економијата во наредните три квартали економијата треба да расте во просек од 6,1% за да може да го намали овој пад од 1,9% и да ја стигне таа ставка на раст од 4,1%.

- Како ќе постигнете раст од 4,1% кога просечната стапка на раст во периодот од 2017 – 2019 ви била 2,4% во безкризно време, а во моментов реализацијата на странски директни инвестиции и капитални инвестиции ви е очајна?

„Во 2021 со сигурност ќе ја завршиме со дефицит над 900 милиони евра. Македонската економија и во првите три месеци од 2021 е во рецесија. За само 4 години долгот на Република Македонија го зголемивте за 2,4 милијарди евра загрижувачки 63% од БДП. Вкупниот долг на Република Македонија е 7,2 милијарди евра. Што значи дека секое семејство во Република Македонија е должно по 4.800 евра, а само со ребалансот го задолжувате секој човек со по нови 500 евра долг", појасни Стојаноски.

Стојаноски кажа дека со власта на СДСМ животот е се поскап, цените се се повисоки, граѓаните се се посиромашни. Речиси сите производи се поскапени, само за пример зејтинот во мај 2020-тата година чинел 67 денари за литар – сега е 95 денари, брашното од 34 денари за килограм, а сега е 39, млекото од 45 денари на 52 денари и само за илустрација од почетокот на годинава до сега, значи само за 6 месеци за 1.000 денари се зголемила потрошувачката кошничка. Ако лани на едно семејство му требале 32.791 денар, оваа година му се потребни 33.742 денари за основната потрошувачка кошничка. Само во месец мај живеачката поскапела 3%.

„Приходите во ребалансот од 3.6 милијарди евра се посебна нереална и недостижна приказна. Нереални се очекувањата за обезбедување приходи од 3.6 милијарди евра во ситуација на незавршена пандемија, намален извоз на стоки и услуги, а економската активност е забавена, намалена потрошувачка, и владее безпарица", додаде Стојаноски.

Вулканот Ибу во централна Индонезија повторно исфрли пепел во висина од два километри

 Повторно е регистрирана ерупција на вулканот Ибу во провинцијата Северно Малуку во централна Индонезија, јавија индонезиските медиуми.

Вулканот исфрли пепел во висина околу два километри. Претходната ерупција беше на 26 март.

Локалните власти им забранија на жителите од регионот да се приближуваат до кратерот на растојание помало од два километри и ги повикаа луѓето да носат заштитни маски за да спречат респираторни заболувања.

Индонезискиот архипелаг, кој е најголем во светот, се состои од 18 илјади острови. Се наоѓа во таканаречениот огнен прстен на Пацификот, па во регионот е забележана силна сеизмичка активност. Во Индонезија има повеќе од 500 вулкани, од кои 130 се активни.

Американската централна банка потврди рекордна загуба

Американската централна банка потврди дека минатата година ја завршила со рекордна загуба од 114,3 милијарди долари, со повеќекратно повисок трошок на каматите на депозитите на комерцијалните банки.

Во 2022 година, Федералните резерви (ФЕД) работеа со нето добивка од 58,8 милијарди долари.

Деловниот извештај за минатата година го отсликува влијанието на зголемените основни каматни стапки, од нула на важечките 5,25 до 5,5 отсто, со цел да се спречи инфлацијата.

ФЕД почна агресивно да ги зголемува во пролетта 2022 година, што значи дека им исплатува камата на депозитите на банките, паричните фондови и другите финансиски компании.

Минатата година им биле исплатени 176,8 милијарди долари, во споредба со 60,4 милијарди долари во 2022 година, според ревидираните податоци.

Исплатата на каматите од обратните репо операции се зголемија од 41,9 милијарди долари на 104,3 милијарди долари.

Приходите на ФЕД од купените обврзници останаа повеќе или помалку на нивото од 2022 година и изнесуваа 163,8 милијарди американски долари.

Актуелниот парламентарен состав треба да одржи седница за инаугурација на новиот претседател

Актуелниот парламентарен состав треба да одржи седница за инаугурација на новиот претседател, нов Парламент до 28 мај.

Најдоцна до 28 мај треба да биде свикана конститутивната седница на идниот парламентарен состав, согласно новиот Деловник на Собранието. Седницата ќе трае најмногу три дена, а треба да ја свика сегашниот претседател на Собранието Јован Митрески. Доколку тој не го стори тоа, на 21 ден по изборите седницата ќе ја свика најстариот пратеник и ќе претседава со седницата до изборот на нов спикер. Претседател на новиот параментарен состав, согласно роковите од новиот Деловник, се очекува да биде избран најдоцна на 1 јуни.

Претседателот на Собранието Јован Митрески денеска на средба со новинарите информираше дека тој исто така до 12 мај треба да ја свика и седницата за инаугурација на новиот претседател, по изборите на 24 април и евентуален втор круг на 8 мај, заедно со парламентарните избори.

Во Собранието денеска треба да започне последната нова пленарна седница и да заврши до утре, а закажани се и продолженија на неколку други седници. Митрески нагласи дека на седницата е предложена Декларација за одбележување на четвртата годишнина од НАТО и 75 години од основање на Алијансата. Претседателот на Собранието смета дека е многу значајно да се донесе оваа Декларација на самиот крај овој мандатен состав и со тоа ќе остават порака за идните пратеници.

Тој вели дека има простор до почетокот на кампањата за претседателските избори следната недела за седница за евентуални итни прашања. Додека трае изборната коампања не планира да свикува седници и сите други активности на Собранието ќе бидат сведени на неопходниот минимум со цел да се избегне можноста за злоупотреба на собраниската говорница. Митрески посочи дека ова се редовни парламентарни избори и дека согласно Уставот, Собранието не е распуштено и останува во постојано заседание.

За време на овој парламентарен состав 2020-2024 закажани се 149 седници, 102 се завршени, а 46 незавршени. Донесени се 548 закони. Имајќи ги предвид и другите акти, одлуки и извештаи вкупниот број е 832. Не се донесени 130 акти кои се влезени во процедура и не се завршени.

Во мандатот на Митрески што започна на 26 јануари, донесени 72 закони и одлуки.

притисни ентер