Стојаноска: Заев преку Ковачевски се обидува да направи мост за тивок премин

 Заев преку Ковачевски се обидува да направи мост за тивок премин и премолчување на неговите криминали.

Шеста година по ред започнуваме со истата мантра, истите ветувања, истите луѓе. А исти се, дури и надградени, четирите кризи, но и задолжувањата и криминалите. Сега истите луѓе ќе ги гласаат истите политики- пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска на денешната собраниска седница за избор на нова Влада.

Стојановска рече дека Заев се обидува преку Ковачевски да направи мост за тивок премин и премолчување на неговите криминали, но сепак тоа нема да му успее затоа што ќе дојде судот на народот и департизираните судски институции.

Ковачевски многупати изјави јавно дека тој не е политичар, туку дека е експерт. Токму овој момент мене ми дава за право да се посомневам во тоа дека ковачевски е човек од збор и дека ќе води своја политика како премиер, дека ќе е свој во изборот на тимот и во ставовите. Да изјавуваш дека не си политичар пред само неколку месеци, а денес да си претседател на политичка партија и октроиран за мандатар е навистина огромна сличност со Зоран Заев или пример за тоа како некој може да се понижи до толку за да Заев биде неговиот патрон, покровител, па дури и Бог на кој му се поклонува- рече пратеничката Стојановска.

„Еден универзитетски професор, да и се поклони на главата на мафијата во државава, да му се поклони на еден човек кој бегал од часови на училиште и едвај завршил факултет, еден ваков универзитетски професор може да биде само еден лош пример и срам за сите останати негови колеги", дополни Стојаноска.

За предложените имиња во новата влада Стојановски истакна дека се доказ дека СДСМ навистина нема избор и иднина во која треба да се верува и на која треба да и се даде шанса, по кој знае кој пат.

„Македонија и нејзините граѓани се преморени од давање шанси, Македонија и нејзините граѓани сакаат луѓе со кредибилитет и без ниту еден направен криминал до сега. Доста ни е од криминалци и манипулатори, нема ниту време ниту место за трета шанса за заевизмот и неговите старо – нови ликови. Заев во ликот и делото на Ковачевски нема да трае долго, но долго ќе траат последиците од нивните шанси, едно е да ја украдете шансата а сосема друго е да ја заслужите. Оваа украдена шанса скапо ќе ве чини на следните избори, кај и да е ќе ве стаса како резултатите така и одговорноста, бегање нема", заклучи Стојаноска.

Со почит,

--

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

МЗ: Хоспитализирани 576 пациенти со Ковид-19, има 183 слободни кревети

На инфективните одделенија и во ковид – центрите во државава се хоспитализирани вкупно 576 пациенти со Ковид-19 и има 183 слободни кревети. 

Во ковид – центрите во Скопје вкупно се хоспитализирани 174 пациенти од кои 71 на Клиниката за инфективни болести, 75 во ГОБ „8 Септември" и 28 на Клиниката за белодробни заболувања ТБЦ, информираа за МИА од Минстерството за здравство.

Посочија дека според податоците кои клиниките и болниците секое утро им ги доставуваат, во моментот во Скопје слободни места има на Инфективната клиника, во ГОБ „8 Септември" и на Институтот за ТБЦ.

Министерството за здравство, како што се нагласува, на дневна основа ја следи состојбата со болничките капацитети во однос на нивната исполонетост, со цел навремено планирање на наредните чекори за соодветно згрижување на сите пациенти кои имаат потреба од болничко лекување.

Наплив од новозаразени што бараат болнички кревет – се отвораат нови болнички капацитети

Се бројат последните слободни места за болничко лекување во инфективната клиника, освен намалувањето на болничките капацитети на клиниката намален е бројот на персонал 16 вработени се на боледување.

Директоракта на клиниката Стевановиќ вели дека засега не се отвора модуларната болница додека не се исполнат капацитите во ковид болниците. Во цврстата градба на оваа клиника од болницата може да се сместат 100 пациенти.

Метеж пред инфективната клиника освен болничкото сместување, зголемен е бројот и на пациентикои доѓаат во амбулантите. Во дневните прегледи има граѓани кои имаат и реинфекции, вакцинирани и невакцинирани. Најголем процент од болничките пациенти се возрасни граѓани. Се уште делта сојот е присутен кај болничките, но и омикрон голем дел од пациените им создава тешка клиничка слика и потреба за лекување во болница, пред се возрасните граѓани и оние со други заболувања.

Во болницата ГОБ„ 8 септмеври“се сместени 75 пациенти, од оваа болница велат дека сите се на кислородна поддршка и скоро секој ден се трошат близу два тона кислород. Во Скопје во ковид центрите се сместени 174 пациенти, на ниво на цела држава има над 570 пациенти кои се лекуваат во болница, само 183 празни мести има во сите ковид центри во Македонија

Средба Тренчевска – Дуџак: МТСП и ООН продолжуваат со заедничката соработка

МТСП и ООН продолжуваат со заедничката соработка на полето на социјалните политики, родовата еднаквост и заштита на децата.

Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска денеска се сретна со постојаната координаторка на Обединетите нации во земјава, Росана Дуџак со која разговараа за тековните проекти во кои Министерството за труд и социјална политика соработуваат со агенциите на ООН, како и за идната соработка во насока на креирање и имплементирање на уште подобри социјални политики кои ќе одговорат на потребите на граѓаните и поголема заштита на човековите права.

Министерката Тренчевска, информираше дека изминативе денови се одржаа состаноци со сите сектори во министерството при што беше направен пресек на сите досегашни активности, воедно и досегашната соработка и заеднички активности со агенциите на ООН.

„Министерството за труд и социјална политика има одлична соработка со сите агенции на ООН на повеќе прашања кои се во надлежност на министерството. Особено е значајна соработката во подготовката на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, како и креирањето и развивањето на мобилната апликација за поддршка на жртвите на родово базирано насилство каде во координирана работа работеа двата сектори еднакви можности и социјална заштита со УНДП, УНФПА. Соработката во креирањето на политиките во областа на родовата еднаквост продолжува и понатаму,“ рече министерката Тренчевска.

Во насока на идните заеднички активности министерката Тренчевска го посочи отворањето на Ресурсниот центар за родово одговорно креирање политики и буџетирање, кој е прв таков во регионот, со можност да прерасне во регионален центар. Центарот треба да обезбедува експертска поддршка, добри практики, истражувања и обуки за градење на капацитетите на државните службеници во областа на родовото одговорно буџетирање.

На средбата стана збор и за процесот на деинституционализација и правата на лицата со попреченост, при што беше истакнат одличниот напредок на нашата држава во ова поле. Во поглед на заштитата и правата на децата беше посочена соработката со УНИЦЕФ, која продолжува и понатаму.

Тренчевска изрази благодарност за досегашната помош и поддршка изминатите години, а особено во време на Ковид 19,која што претставува голем предизвик не само во поглед на здравството и економијата туку и предизвик во поглед на човековите права и нивната заштита.

Двете страни изразија задоволство за можноста за понатамошна продлабочена соработка со агенциите на ООН во областите кои се во надлежност на ова министерство.​

притисни ентер