Стојаноска: Ветуваме гасификација на Гостивар и на цела Македонија

Носителот на изборната единица 6 на листата на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска денес од гостиварската населба Циглана се обрати на граѓаните на Гостивар, се наведува во партиското соопштение.

Таа ги поздрави жителите на нејзиниот роден Гостивар и на жителите на населба Циглана. “Тука живеат вредни и чесни луѓе, луѓе домаќини и Циглана важи за бастионот на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар. Бастион затоа што ВМРО-ДПМНЕ нема изгубено во Циглана. Така ќе биде и овој пат на 15 Јули. Жителите на Циглана велат не само што се патриоти туку затоа што овој пат се локал патриоти и ќе го заокружат бројот 14 не само заради носителот на листат кој што е од Гостивар туку затоа што на нашата листа на првите добитни места се наоѓаат токму гостиварчани и сите заедно се обврзуваме дека ќе ја вратиме вербата во честа и достоинството и ќе ја обновиме Македонија”.

“На изборите ќе се избира меѓу проф. Д-р Христијан Мицкоски и Зоран Заев. Меѓу обновата што ви ја нуди ВМРО-ДПМНЕ и криминалот на Заев. Помеѓу чесната понуда на ВМРО-ДПМНЕ и рекетирањето од СДСМ кое е на очиглед на сите”, предупреди Стојаноска.

“Во нашата програма со 1000 проекти ви ветуваме и стоиме на зборот дека ќе ги зголемиме платите за 20 проценти. Пензиите ќе ги зголемиме за 25 проценти. Ветуваме силна економија”, истакна Дафина Стојаноска.

Носителот на ИЕ 6 на листата на ВМРО-ДПМНЕ за Гостивар ветува “изградба на модерна инфраструктура. Таа е потребна за обнова и на економијата и стопанството и индустријата. Ветуваме целосна гасификација како на Гостивар така и на цела Македонија. Така ќе инвестираме во екологијата и во иднината со тоа што ќе ги заштитиме шумите на Шар Планина од дивите сечачи”.

“Ве повикувам на 15 јули да излеземе во голем број, со лична заштита и да не се плашиме да му ставиме крај на владеењето на СДСМ. На изборите ве повикувам да заокружите број 14 за обнова на Македонија”, порача Дафина Стојаноска.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Фото: Градникот пред „пукање“

Брусхалтерот само што не пукнал, српската пејачка Дара Бубамара ги истакна своите бујни облини, кои тешко може да се соберат во нејзината долна облека.

Популарната пејачка Дара Бубамара во секоја прилика гордо ги истакнува своите бујни силиконски гради.Прво имала солидна големина тројка, но потоа ставила уште поголеми силикони.

Нејзините фанови велат дека пејачката има гради поголеми од петка.

Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен карактер постапувала по над 1.300 жалби

Во првите два месаца од оваа 2020 година Агенцијата постапи по повеќе од 750 заостанати предмети од перидот на Комисијата.

За неполна година од работењето на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, која е правен наследник на некогашната Комисија со иста надлежност, го зголеми бројот на институции иматели на информацвии за 146 и денес вкупно нивната бројка изнесува 1.403 на број. Клучна активност се и постојаните обуки и консултации со лицата одговорни за доставување на инфоармации од јавен карактер а со тоа и на зголемување на транспарентноста на јавните институции.

Ова го истакна директорката на Агенцијата Пламенка Бојчева на денешната прес-конференцијата на која зборуваше за резултатите од нивното работење. Заради ситуацијата со пандемијата овие обуки на надлежните лица иматели на информации ги започанале со задоцнување, но во иднина ќе се одвиваат во континуитет со физичко проистуство или онлајн.

– Новитет од големо значење во работата на Агенцијата е прекршочната комисија, Воведена е можност за изготвување на саннции кон оние иматели на информации кои не постапиле по дадениот пристап до инфоамации или по решение на Агенцијата. Со тоа конечно имамме алатка преку која како Агенција можеме да вилаеме за поголема транспарентност и да ја оправдаме довербата на барателите. Во првите два месаца од оваа 2020 година Агенцијата постапи по повеќе од 750 заостанати предмети од перидот на Комисијата, а воедно тековно остапуваме до новопристигнатите жалби кои се овеќе од 600 во изминатиот период досега, информираше Бојчева.

Преку проект финансиран од ИПА 2 Агенцијата работи на зајакнување на своите институционални капацитети преку промоворање и зајјакнување на спроведувањето на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер во Република Северна Македонија, а тоа треба да се постигне со реорганизација и продуцирање на интерни документи, импелментација на модернизирани ИТ алатки и обезбедување подобрени услуги за барателите на информации.

Покрај подигнување на јавната свест за правото на слободен пристап до инфоамците од јавен карактер, зголемување на одговорноста и транспарентноста на државните органи како и зајакнување на капацитетлтелите на имателите на инфоамците со цел да ги почитуваат законските прописи и евроспките стандарди со реализација на проектот креирана е веб страица на Агенцијата, како и е-порталот за баратели slobodenpristap.mk . На овој портал се наоѓа листата на иматели на информации,до која барателите ќе можат директно да пристапат до иматели на информации. Во подготовка е и изработка на е-портал за имателите кој има за цел доследна примена на Законот за слободен пристап до инфорамции од јавен карактер.

Во финална фаза се, додаде Бојчева и на изработка на новиот веб сајт на кој сите заинетресирани страни ќе можат да ги добијат потребните инфоармации, насоки и контакти. Таа истакна дека Агенцијата, нагласи таа, има потреба и од зголемување на својот тим.

По повод одбележување на Межународниот ден за слободен пристап до инфомрмации од јавен карактер, денеска беа промовирани и два видео-спота изработени со финансиска поддршка на НДИ и соработка со невладината „Види вака", едниот за потенцијалните баратели на информации, а второт за службените лица – иматели на информации.

– Транспарентноста и отчетноста на институциите и правото на граѓаните за пристап до информации од јавен карактер се основа на демократските процеси во општетството и се една д основните евроспки вредности – вредности и права за кои се залага и нашето општетство. Агенциојата за заштита на правото на слободен простап до правото на инфоамции од јавен карактер има клучна улога во заштијата и остварувањето на уставно загарантираното право за слободен пристап до иннфоармациите од јавен карактер. Би сакала да ги повикам граѓаните, граѓанските организации и медиумите да го користат правото на слободен пристап до информации од јавен карактер… Агенцијата е тука да ги поддржи овие процеси и да придонеси во напорите за отворено и отчетно оптетсгво и инфпормирани граѓани, порача Бојчева./МИА.

Драстично намален Вардар кај Јегуновце

Водостоите на реките во земјава варираат, некои се под, а други над просекот за септември.

Според денешните хидролошки мерења, Вардар кај Јегуновце е драстично намален, за скоро половина метар, но кај Велес бележи двојно зголемување, додека кај Скопје и Демир Капија е во рамки на просекот.

Намелени се и нивоата на Треска кај Македонски Брод, на Лепенец кај Скопје, на Крива Река кај Крива Паланка, на Струмица кај Ново Село, на Црна и на Сатеска кај Ботун.

Покачени нивоа бележат Пчиња кај Пелинце и кај Катлановска Бања, Црна Река кај Новаци и Дрим кај Ложани.

притисни ентер