Стојаноска: ЈО со своето неделување во 2018, му овозможило на Дончев да го стои истиот криминал и во 2019 година

Зоран Заев и ЈО директно го штитат осомничениот за криминал Ден Дончев кој незаконски се стекнал со над 100.000 евра во два наврати.

Медиумите објавија аргументи и докази кои индицираат на криминал кои сите го гледаат, само обвинителите од јавното обвинителство кои што се задолжени за гонење на криминал молчат.

Јавното обвинителство молчи и со тоа директно го крие и го помага криминалот на Ден Дончев.

Постапките на Јавното обвинителство се дрски и директно ја потценуваат интелигенцијата на граѓаните.

ЈО со своето не делување и непостапување дозволило Дончев во 2018 година незаконски да се стекне со 50.000 евра без за тоа да биде повикан барем на распит.

На Дончев му биле префрлени 50.000 евра од муртинската Ремаркет на име консултантски услуги иако истиот немал право да врши таков вид на дејност додека директорувал со ФЗОМ. Дончев директно го прекршил член 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и за тоа поминал неказнет. Ова е срам за ЈО!

Не делувањето во 2018 година му овозможило на Дончев да помине неказнет и да го стори истото дело и во 2019 година кога од страна на истата фирма од Муртино Ремаркет му биле префрлени 80.000 австралиски долари.

ЈО кое според новата кривична постапка е главен орган во истата не преземало буквално никакви дејствија.

Целосна угушеност на постапките против Дончев имаме и од државните институции под контрола на Зоран Заев како Управата за финансиско разузнавање, Финансиската полиција и УЈП.

До кога институциите ќе го штитат и нема да преземат ништо против криминалецот Ден Дончев?

Со СДСМ на власт имаме само Рекет, криминал и корупција. Криминалците наместо на истражна клупа или во затвор, завршуваат со стотици илјади евра во џеб без притоа барем да бидат прашани како се стекнале со истите.

Македонија не може да продолжи по патот на криминал на Зоран Заев. Потребна е итна стратегија за излез од криминалната жабокречина.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев добивме хибриден режим, криминал и сиромаштија.

Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

До крајот на денов локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи

До крајот на денов и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од јужен правец. 

Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 28 степени, информираат од УХМР.

Во Скопје, променливо облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Температурата ќе биде 25 степени.

Под влијание на серија на влажни бранови, до почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд.

- Утре наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и силен ветер (над 70 км/час), локално во форма на невреме. Од петок, а особено за време на викендот поради спуштање на студена воздушна маса врнежите од дожд на планините и повисоките места ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Врнежите повремено ќе имаат обилен карактер, наместа над 40 л/м2 за краток период, соопштуваат од УХМР.

Убиена жена во Пеќ, втор случај на фемицид во Косово за пет дена

Женско лице е убиено утрово во градот Пеќ во Косово, а осомничен за злосторот е нејзиниот сопруг, кој, како што јавија медиумите, ѝ се предал на полицијата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Случајот за медиумите го потврди портпаролот на Основното обвинителство во Пеќ, Шкодран Никчи, кој информира дека убиството се случило со огнено оружје. Осомничениот е уапсен, а на местото на настанот пристигнале соодветни екипи.

- Во Пеќ се случи убиство, при што се сомнева дека сопругот ѝ го одзел животот на сопругата во стан во центарот на градот. Во моментов на местото на настанот се главниот обвинител, обвинител и сите релевантни екипи. Осомничениот е уапсен, изјави Никчи.

Полицијата соопшти дека инцидентот се случил денеска во 8 часот и 15 минути.

- Денеска околу 08:15 часот полицијата е известена дека на улицата „Бил Клинтон“ во Пеќ се случил инцидент, полицијата веднаш излегла на местото на настанот, како и лекарска екипа, која констатирала смрт кај жртвата (женска ), осомничениот во овој случај е уапсен и се наоѓа во просториите на Полициската станица во Пеќ“, се наведува во соопштението на портпаролот на полицијата за регионот на Пеќ, Дритон Ругова.

Според медиумите, се работи за брачна двојка на околу 45-годишна возраст кои заеднички имаат три деца. Мотивите за убиството се уште не се познати.

Ова е втор случај на фемицид за неколку дена на Косово.

Во петокот (12 април) 21-годишна жена беше застрелана во Урошевац во Центарот за социјална работа од страна на поранешниот сопруг. Притоа беше ранет и 15-годишниот брат на жртвата.

Медиумите известуваат дека и двајцата сторители на убиствата веќе биле пријавувани во неколку наврати за семејно насилство.

Вчера во Приштина се одрза протест на невладини организации со барање до институциите да преземат мерки за заштита на девојките и жените.

Нов „Блек шарк“ прстен на „Шјаоми“

Компанијата „Блек шарк“ (Black Shark) го објави својот нов технолошки производ - „паметен прстен“ наречен „Блек шарк ринг“.

Инаку „Блек шарк“ како гејмерска подружница на „Шјаоми“, е во завршна фаза на развојот на новиот паметен уред којшто го најави со објавување неколку видеа на својот Веибо-профил. „Блек шарк ринг“ е претставен во сребрена, црна и црвена боја, а неговата дебелина е 2,2 мм. Тенка црна линија минува низ средишниот дел на прстенот и, во еден дел се проширува.

Според првичните податоци, прстенот има „Смарт тач“ технологија, а ќе може да ги следи здравствените параметри на корисникот - отчукувањата на срцето, заситеноста на крвта со кислород, или температурата на човековото тело.

Кога почнува продажбата и колку ќе чини прстенот - сѐ уште не се знае. Колку долго ќе трае батеријата на прстенот - не е познато, но неофицијалните податоци говорат дека неговото куќиште би обезбедувало работа до 180 дена.

притисни ентер