Стојаноска: Да купуваме македонски производи за да ја спасиме нашата економија

​Пандемијата со корона вирусот ја стави Македонија пред уште еден предизвик. 

Да го победиме вирусот, но и да ја пребродиме економската криза. Македонските работници повторно се пред опасност за губење на работните места. Македонските компании се повторно пред опасност од затворање. Ние Македонците знаеме што значи тоа, знаеме што значи затворени погони, затворени фабрики и илјадници работници на улица, без работа и без плата.

Да го превенираме економски колапс, затоа што само самите го можеме тоа. Да го превенираме економското пропаѓање на државата, затоа што закрепнувањето на економијата ќе биде болно и долгорочно. Можеби и повеќе и подолго од справувањето со пандемијата.

Пред безидејноста на власта за вистински, современи мерки, сега секој еден од нас е одговорен за да помогне во спречувањето на економската катастрофа. Сите ние сме дел од тој круг. Сите сме дел од трговијата и движењето на капиталот. Со изборот при купување, секој од нас прави избор кон спас на македонската економија, за спас на македонска компанија, спас на работно место за македонски работник. Ние, сите заедно, тоа го можеме. Едноставно купувајте македонски производи, производи со знакот за квалитет, за да продолжат со работа нашите компании, за да има работа за македонските работници.

Купувајте паметно. Купувајте македонски производи, затоа што ја сакаме Македонија.

Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа

Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски воздушен напад врз куќа во градот Рафа на југот на Појасот Газа, соопштија денеска палестинските власти.

Рафа, во близина на границата со Египет, е прибежиште на повеќе од половина од 2,3 милиони жители на Газа, кои избегаа таму поради тековните борби на северот на палестинската енклава.

И покрај повиците од светот за воздржаност, вклучително и од САД, израелската Влада со недели најавува копнена офанзива на Рафа, каде, како што тврди, се кријат многу борци на палестинското движење Хамас, против кое Израел води војна од октомври. /МИА

Сејдини: Модерна и прогресивна федерација, тоа е целта за сите нас

 Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, на денешното редовното генерално Собрание на федерацијата изрази задоволство од тоа како функционираат работите, но нагласи дека има простор за напредок.

- Ова за нас, како раководство на Фудбалската федерација на Македонија не е нов почеток, но веројатно е еден од најкомплексните периоди од работата во федерацијата. Одново да им помогнеме на другите да ја видат Фудбалската федерација на Македонија на начин на кој што ја гледаме ние. Модерна и прогресивна.

Се сметам за посветена личност, а односот кон сите обврски во изминатата година даваат оцена и приказ за мојата работа, но и работата на целата федерација. Сметам дека многу работи во нашата Фудбалска федерација функционираат доста добро, но знам дека има и работи што можеме да ги подобриме, рече меѓу другото Сејдини.

Првиот човек на ФФМ посочи дека само резултатот може да ги донесе навивачите на стадион, нагласувајќи ја фаворитската улога на репрезентацијата во Лига на Нации.

Ја потенцираше извонредната соработка со УЕФА и ФИФА и помошта која ја добиваме од нивните програми за развој на фудбалот и спортската инфраструктура.

Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога

 Полициски службеници вчера ги привеле Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана, соопшти МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

притисни ентер