Стоилковски:Скандал во Ѓорче Петров-Фатени живи со 12.500 евра за две машини за перење

Почитувани, фатени се живи!, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Откако објавивме дека само во Ѓорче Петров, две машини за перење чинат 25.500 евра, за што објавив и документи од Јавни набавки и документ потпишан, документ за јавна набавка на стоки со договорни страни детска градинка „Росица" -Ѓорче Петров и ДОН ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје со потписи од директорката на градинката и од носителот на набавката.

Почитувани општината на Александар Наумовски од СДСМ истрча да каже дека набавката сега немало да се изврши. Набавката којашто е цели 10.000 евра повеќе од пазарната вредност на двете машини за перење, само за потсетување наместо нивната цена од 25.500 денари, ова е една понуда за иста машина со исти перформанси како набавката по цена од 6.650 евра плус ДДВ, што значи вкупно 15.000 евра, цели 10.000 евра повеќе од она што може пазарно да се набави, плаќа општина Ѓорче Петров преку градинката „Росица" за само две машини за перење. Сега таа набавка откако ја објавивме немало да се изврши.

Криминал до криминал, лага до лага!

Ова е Договорот, потпишан од директорката на градинката поставена од Александар Наумовски. Ви покажав договор, датум, потпис, 18.05.2021 година.

Ова е дел од документите од Јавни набавки, каде стои дека е завршена процедурата.Ова е објавениот тендер и општината вчера потврди дека огласот траел 15 дена.

И сега, Наумовски преку општинскиот портал вели градинката самостојно вршела избор, тие немале врска. Ама на продажбата се пријавиле двајца, еден од нив немал комплетна документација, па морало да го изберат единствената понуда со комплетна документација, таа со понуда од 25.500 евра за две машини за перење. И трето, најсомнително, општината на Александар Наумовски вели градинката немала пари, па договорот сега немало да се реализира.Ова е одговор на Наумовски, одговор на општината, кој што вака во целост можеби ја испраќа најважната порака- фатени се живи.

Почитувани, тука има основен сомнеж за криминогености!

1.Ако нема врска општината или ако нема врска Наумовски со оваа набавка, зошто се јавуваат неповикани? Наместо Наумовски да повика истрага, да ја повика и директорката на градинката, да ја казни за ваков чин, тие ја правдаат оваа одлука и притоа најавуваат поништување на договорот.

2. Како тоа, како второ прашање во услови на криза, на економска криза нема фирми заинтересирани за тендер на општинска градинка која што достигнува цена до вредност од 25.500 евра за само две машини за перење? Имало само една заинтерсирана фирма, втората се откажала. Зошто притоа не е спроведена е-аукција за проширување на видливоста на тендерот, со цел подобра понуда? Ако имало само една понуда, со толку висока цена, 10.000 евра повеќе од пазарната, зошто тогаш е потпишан овој договор, а не е поништен тендерот?

3. Ако немале пари, под трето прашање, зошто тогаш е спроведен воопшто тендер, тој тендер, оглас којшто траел 15 дена и зошто тогаш е спроведена постапката до крај, потпишан е договор, за којшто според договорот еден од членовите вели дека при услови за раскинување или прекинување на договорот, вели ако една од договорените страни не ја исполни својата обврска, другата може да бара исполнување на обврските или да го раскине договорот во секој случај има право на надомест на штета. И сега кој и од каде ќе ја наплати казната, каде ќе завршат тие пари?

Има одговори за сето ова и тие одговори мора да го даде градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумовски, чиј што кадар е директорката на градинката.

На крај, благодарам за поканата од Наумовски да одам во градинката, упатен во вчерашното соопштение, ама мене таму не ми е место, ама не му е место ниту нему, а очигледно ниту на директорката поставена од него. Деталите и документите од оваа прес конференција но и од следните ќе бидат испратени до ЈО за организиран криминал, сега сметам дека нив им е местото таму, па потоа да видиме кој каде ќе оди.

Почитувани, само вчера во Штип над 100 семејства останаа без леб над масата, над 10.000 луѓе во Македонија годинава станаа дополнително социјални случаи, над 50.000 луѓе останаа без работа во кризата, над 20.000 деца останаа без правото за образование, илјадници починаа заради необезбедена навремена здравствена заштита, ама затоа во Ѓорче Петров се набавуваат две машини за перење за над 25.500 евра.

На Британец му извадиле бубрези, тешки рекордни 35 килограми: Можам да дишам (ВИДЕО)

Ворен Хигс, 54, од Виндзор, Велика Британија, страда од полицистична бубрежна болест.

Тоа е наследна болест која предизвикува раст на цисти во бубрезите и може да доведе до откажување на бубрезите. Зафаќа едно лице од 1.000 и нема лек.Хигс бил опериран пред неколку месеци, а хирурзите велат дека неговите бубрези биле рекордно големи.

Имено, тежеле вкупно 35 килограми, а хирурзите му ги отстраниле двата бубрега.Се верувало дека стариот рекорд изнесувал 7,4 килограми, а тој бубрег е изваден од пациент во Индија.

Хигс се вратил во релативно нормален живот три месеци по операцијата и вели дека се чувствува многу подобро.

„Можам да дишам, можам да јадам“, вели тој, но сепак се бори со рамнотежата.

Сепак, тој редовно оди во теретана и тренира и планира да истрча 10 милји дневно.

Во Романија нема места на ооделите за интензивна нега, пациентите лежат на душеци на подот

Рекорден број на нови смртни случаи од коронавирус денеска се регистрирани во Романија, а болничкиот систем достигнал точка што нема повеќе слободни кревети на одделите за интензивна нега.

Во последните 24 часа, пријавени се повеќе од 18.800 нови инфекции со „Ковид-19“, а 574 луѓе починале. Романија е втората земја во Европа со најниска стапка на вакцинација, пишува Ројтерс.

Видеата од болниците во Букурешт покажуваат пациенти како лежат на душеци на подот или држат резервоари за кислород на преполните клупи во ходниците. Мртовечниците работат со полн капацитет.

"Нема доволно простор за сите случаи. Ако стапката на вакцинација беше 70 до 80%, сега ќе имавме десет пати помалку смртни случаи", рече Клаудио Русу, доктор во единицата за интензивна нега.

Во Романија, само 36% од возрасната популација е целосно вакцинирана, а просекот на Европската унија е 74%. Досега во октомври, едно лице на секои пет минути починува во земјата од последиците од инфекција со ковид.

Условите за избор на Мис на Франција ги шокираа кандидатките, подготвија тужба

Француските активистки за правата на жените поднесоа тужба против организаторите на изборот Мис Франција за дискриминација, пренесува порталот Франс инфо.

Групата Osez le féminisme (Осмели се за феминизмот) со три одбиени кандидатки ја обвинија Мис Франција и Ендемол за дискриминација на работа. Тие тврдат дека е неприфатливо условот за избор да е висината над 170 сантиметри, кандидатките да не се во брак и да се „претставнички на убавината“.

„Според францускиот закон, забранет е секаков вид дискриминација врз основа на возраста, моралот, физичкиот изглед и семејниот статус“, изјавила за АФП Виолан Де Филипис-Абате, адвокат на групата „Осез ле феминисме“.

Но, прашање е дали француските натпреварувачки можат да се третираат како вработени. Имено, тие потпишуваат договор, но тоа не е договор за вработување. Француските медиуми пишуваат дека тужителите сега се повикуваат на судската одлука од 2013 година, кога поранешниот кандидат за г -дин Франција ги тужел организаторите од слични причини.

притисни ентер