Стоилковски: Се профитира од асфалтот во Скопје

Дебело се профитира во Скопје за асфалт. Асфалт за чии што договори стои потписот на Петере Шилегов.

Само со Петре Шилегов во услови на економска криза градежни фирми не се борат за милионски тендери на град Скопје, и работата се зема „од прва".

Само со Шилегов, тендерите на Скопје не се интересни за градежниците да обезбедат работа и плата.

Само со Шилегов, улиците, асфалтот чини по неколку милиони евра, ама за тоа само ретко која фирма била заинтересирана.

Само со Шилегов нема трка за два милиони евра за една улица. Нема трка за три милиони евра за булевар.

Почитувани,

Профитер е скандал за местење на тендери.

Тука имам список на сите тендери на Град Скопје за улички, за асфалтирања, каде јасно се гледа дека со Шилегов едноставно згаснува трката на електронската аукција.

Нема трка, нема наддавање, нема борба за земање на работата. Градежни фирми во ек на криза се незаинтересирани за работа за два или три милиони евра.

Почитувани,

Петре Шилегов го зголемува личното богатство за невозможни скоро половина милион евра.

Половина милион евра во луксузни вили, автомобили, градење на диво на дополнителни луксузни катови во Карпош.

Почитувани, тука имам список со сите тендери поврзани со градежни зафати од град Скопје, каде што речиси 40 тендери, со милионски износи во последните две години, биле неинтересни за градежните фирми. Електронската аукција завршувала со едно наддавање или воопшто немало намалување на цената!

Само за споредба, на вакви тендери имало традиција на наддавања дури и до 40- 50 пати. И одеднаш- штама. Нема заинтересирани за 2 или 3 милиони евра во услови на рецесија, во сулови на економска криза.

Ова укажува само на едно на местење на тендери. Укажува на дебело профитирање од секој метар асфалт во Скопје. Дебело профитирање од асфалтот во Скопје во последните 3 години.

Почитувани,

Петре Шилегов за 4 години го зголемува личниот луксуз за речиси половина милион евра.

Почитувани, цел месец Шилегов води кампања ама нема одговор дали и колку е Петре профитер од секоја нереална на тендерите на град Скопје?

Цела кампања измина без одговор која или кои фирми му ја граделе луксузната вила од 300 квадрати на Маврово, ниту која или кои фирми му ја граделе дивата надградба на Шилегов во скопски Карпош и дали тоа е поврзано или има некаков линк со тендерите добиени од Град Скопје.

Почитувани,

Петре Шилегов за 4 години го зголемува личниот луксуз за речиси половина милион евра. Градежни фирми се незаинтересирани да добијат работа од два или 3 милионио евра тендери од Град Скопје

Нема полошо од СДСМ за Скопје, нема полошо од Шилегов.

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации со јавност на ВМРО-ДПМНЕ

Видео: Стотици луѓе оделе голи по пустина во Израел

Стотици луѓе покриени само со бела боја оделе низ пустината во близина на Мртвото Море како дел од проектот на американскиот уметник Спенсер Туник, пишува Гардијан.

54-годишниот фотограф го посетил местото во јужен Израел како гостин на Министерството за туризам за по трет пат да го покаже повлекувањето на Мртвото Море, а инспириран бил од библиската приказна за сопругата на Лот која се претворила во столб од сол додека бегала од Содом.

„За мене, телото претставува убавина, живот и љубов“, рекол Туник, која досега организирал десетици фотографирања на голи луѓе.

Докторантката Ана Клејман за Гардијан изјавила дека се приклучила на снимањето за да ги освести луѓето за оваа еколошка криза.

„Навистина се чувствував природно кога се соблеков“. Откако ќе се соблечете, не сакате повторно да се облечете “,рекла таа.

Пред десет години, уметникот снимил над илјада модели на брегот на Мртвото Море, кое се повлекува за еден метар годишно.

Летот на Туник го платило израелското Министерство за туризам, а израелскиот град Арад ги покрил другите трошоци.

Градоначалникот Арад Бен Хамо смета дека проектот е „одраз на либералниот дух во неговиот град“ и се надева дека ова снимање ќе привлече посетители и на тој начин ќе собере средства за финансирање на нов музеј на Мртвото Море.

Видео: Со сопственото тело го штити автомобилот од град

Краткото видео во за рекорден временски период собра бројни симпатии.

Нема многу за што да се зборува. Бурата доаѓала, а сопственик на Тојотата немал подготвено засолниште. Така, тој одлучил да го заштити својот лимен миленик со она што го има до себе, ќебе, картон и сопственото тело.

Иако видеото трае само неколку секунди, секој малку поголем љубител на автомобили ќе го разбере овој гест.

За многумина, автомобилот е повеќе од лим и само превозно средство од точката А до точката Б.

И кога станува збор за автомобил како Тојота Супра, работите стануваат повеќе од јасни.

Станува збор четвртата генерација на моделот што се произведува до 1998 година, а дури и денес тоа е најбараната генерација на Супра и цените честопати се превисоки.

@jakemcgloin

When life doesn’t throw you lemons 😂#sydney #hail #badweather #covid #covid19

♬ Mad World - Michael Andrews

Убиец од Флорида бил пуштен порано од затвор а потоа усмртил жена со шрафцигер

Маж од Флорида, кој бил осуден во 1993 година за убиство на тинејџерка, признал дека избодел жена до смрт со шрафцигер, откако бил пуштен од затвор.

Ерик Пирсон (54) во саботата беше обвинет за убиство на Ерика Вердеција (33), чие тело било пронајдено во канал во близина на Форт Лодердејл.

Пирсон признал дека ја прободел жртвата со шрафцигер четири пати на 25 септември.

Тој бил пуштен од затвор минатиот септември, откако отслужил 27 години од 40 годишната казна, за задавување на Кристина Витакер (17), пишува „The New York Post“.

"Зошто го пуштија на улица? Зошто? Ќе плати овој пат. Нема да застанеме додека не го видиме на електричен стол", рекла мајката на Ерика, Кармен Вердеција.

Полицијата го поврзала Пирсон со исчезнувањето на Ерика откако пријателите рекле дека последен пат ја виделе во продавница со маж кој за себе рекол дека е убиец. Откако полицајците го прегледале камионот на Пирсон, во него пронашле траги од крв.

Ерика Вердеција била мајка на 6-годишна ќерка.

притисни ентер