Стоилковски: Парцелата кај Треска е продадена за 1.600.000 евра помалку, со 50.000 помал данок

Петре Шилегов продолжува со молчењето за лагите за езерото Треска. Документите говорат сами за себе!, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Еве го ценовникот, на него стои дека цените почнуваат да важат од 01.02.2017 година.

КП Глумово, местото продадени и почнато со продажба со по едно евро, а наплатено 72 денари за 1м2. Реалната вредност изнесува 1.200 денари за еден метар. Ова е крајот на тој документ кој што е објавен на страницата на Град Скопје, и тука стојат имињата на сите проценувачи на Град Скопје.

141 парцела, вкупна градежна површина од 85.310 квадратни метри кај Езеро Треска се продавани за по едно евро!

Според проценителите на Град Скопје, вредноста на тоа метро е 20 евра, а продавано е за едно евро. Вкупната според тоа реална вредност за целото продадено земјиште изнесува најмалку 1.700.000 евра. Наместо тоа продадено е за 98.500 евра. Целото градежно земјиште околу езерото Треска е продадено колку еден стан во центарот на Скопје.

И Данокот платен во Град Скопје за трансакцијата, потврден од градоначалник на Град Скопје, сектор за финансиски прашања потврдува дека даночниот обврзник тој и тој ги платил даночните обврски по однос на данок на промет на недвижности во износ 204.723 денари, на ден 11 јули 2019-та година, Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје наплатува данок од 204.723 денари односно 3.300 евра за парцела од 85.310 м2. Тие пари почитувани, уплатени во данокот ги делат Град Скопје и Општина Сарај.

Реалниот данок, доколку продажбата била според проценетата вредност на земјиштето, градежното земјиште од проценителите, потпишани сите на документот објавен на порталот на Град Скопје со важност од 2017-тата година по цена од реална од 1.700.000 евра данокот би изнесувал би изнесувал цели 51.000 евра! 51.000 за Скопје и за Сарај, наместо овие 3.300 евра што ќе ги делат Скопје и Сарај!

Почитувани,

Имајте го ова предвид додека отпишуваат долгови на општините од државниот Буџет, имајте го ова во предвид додека се задолжуваат за отпис на долгови, а државата е во рецесија, имајте го ова во предвид додека наместо аеродроми, со парите од ТАВ се асфалтираат сокачиња низ маала, случајно предизборно за гласови повторно истите ликови.

Нема поголема штета од градоначалниците од СДСМ за било која општина за Македонија. И повторно ви ги нудат на послужавник и Шилегов и неговите ортаци, со старите лаги!

ВМРО-ДПМНЕ бара повлекување на предлог-законот за академија на судии и јавни обвинители

Во Собранието опозицијата побара повлекување на предлог Законот за судии и јавни обвинители, кој според ВМРО-ДПМНЕ не може да се носи со европско знаменце.

Повеќе детали има Андријана Лазова.

Андријана кои се аргументите на власта и на опозицијата околу овој закон.

Целиот извештај погледнете го во видеото.

Средба Битиќи – Доер Вос: Германската поддршка за реформите во економијата е една од најважните

Вицепремиерот Битиќи, кој престојува во работна посета на Берлин, на средбата истакна дека германската поддршка е една од најважните за земјава.

Економската соработка помеѓу Македонија и Германија беше главна тема на разговор на работната средба во Берлин на заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи со државната секретарка во германското Федералното министерство за економија и енергетика, Клаудија Доер Вос.

Вицепремиерот Битиќи, кој престојува во работна посета на Берлин, на средбата истакна дека германската поддршка е една од најважните за земјава, особено кога станува збор за реформите во економијата.

Битиќи, како што соопшто неговиот, кабинет констатира дека економската соработка на земјава со Германија е на исклучително високо ниво.

– Веќе традиционално оваа земја е прв трговски партнер на Македонија, како последица на голем број на директни инвестиции на компании од Германија. Беше потенциран и процесот на „near-shoring" кој подразбира преселба на голем дел од производството на компании од високоразвиените земји кои имаа сопствени капацитети во земјите од Далечниот Исток во нивна непосредна близина, а Македонија секако е една од дестинациите каде дел од ова производство ќе биде трансферирано, се наведува во соопштението.

Од таму информираат дека на состанокот вицепремиерот Битиќи ги претставил и преземените чекори за развивање на 20-годишна Национална развојна стратегија на земјава до 2041 година, во која ќе бидат опфатени сите аспекти на општественото живеење, а која треба да обезбеди одржлив економски раст.

Вицепремиерот Битиќи и државната секретарка Доер Вос, енергетиката, индустријата, заштитата на животната средина и спроведување на структурни реформи во економијата ги дефинираа како области каде би можела дополнително да се унапреди соработката.

Тие заклучија дека како една од конкретните мерки со кои директно ќе се помогне на инвеститорите, особено оние од преработувачката индустрија, а која е и дел од владината програма, е измената на царинскиот тарифник и негово прилагодување на царинските стапки во ЕУ. /МИА

Ковид пандемијата го отежнува пристапот до хормонска терапија за децата со низок раст

Билјана Стефановска  својата ќерка ја приметила на нејзината осма година дека до претходната година го носи ист број на патики и облека. 

Таа се обратила на доктор каде добила одговор дека детето мора да прима хормон за раст. Пред три годни само 100 деца примаа хормон за раст, Фондот за здравство дозволи доплнително 60 деца да се стават на листата за примање на овој хормон со што се намали времето на чекање на листата.

Докторите од клиниката за детски болести со апел до матичните доктори, родителите да ги следат децата, но и редовно систематски прегледи каде ќе се следи растот на детето до пубертетот.

На светскиот ден на одбележување на раст кај децата денот се посветува на родителите кои во време на пандемијата не ги носат своите деца на контрола дури и не примаат хормон за раст.

Во Македонија во овој момент 160 деца се на терапија на хормон на раст. Медицинските испитувања ги закажуваат матичните доктори до клиниката за детски болести.

притисни ентер