Стоилковски: Молкот значи одобрување на примитивизмот на Талат Џафери

Талат Џафери пцуе, навредува, се заканува со сексуална конотација кон вработени во Собранието, сето тоа јавноста го слуша, а институциите молчат!, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Пионот Димитар Ковачевски се изјасни за наглув кон примитивизмот и насилството коешто го трпат вработените во Собранието од Талат Џафери!

Институциите молчат, а молчи и Стево Пендаровски, чиј што заменик, во негово отсуство е токму Талат Џафери!

Молчат и пратениците од крими - коалицијата, молчат и од клубот на жени - пратенички, молчат сите, заглавени во заложништвото за да не им се растури крими - коалицијата ДУИ/СДСМ.

Почитувани,

Ова е скандал којшто не смее да помине тукутака само и само за одржување на крими - коалицијата на власт!

Молкот од институциите значат одобрување на примитивизмот на Талат Џафери! Снимката во којашто Талат Џафери од позиција претседател на Собранието најпростачки се однесува кон вработените, ја дава вистинската слика, го покажува модусот на однесување и на владеење на крими - коалицијата.

Молкот од институциите, одобрувањето, премолчувањето на примитивизмот значи одобрување иста ваков однос, такво самоволие и простотилок вон сите пишани и непишани норми, од сите оние партиски поставени функционери низ институциите во Македонија.

Снимката од Собранието во коешто Талат Џафери се заканува со сексуално општење со членови на семејствата на вработени во Собранието го дава вистинското лице како се кршат човековите права, како се задушуваат протести, како се задушуваат штрајкови во Македонија од крими – коалицијата ДУИ/СДСМ. Молкот од институциите, недоветноста на Димитар Ковачевски, молкот од Стево Пендаровски, ја даваат вистинската слика што трпат и трпеа оние воспитувачки во градинките, наставниците, и професорите во основните и средните училишта, што трпат оние вработени во Пошти, во Управата за матични книги, воздухопловство, земјоделците при откупот на нивните производи по смешни цени. Сите оние што јавно но законски изразуваат револт кон крими - коалицијата СДСМ/ДУИ.

Молкот значи одобрување на примитивизмот на Талат Џафери и јавно воведување на начин за водење на институциите на државата од крими – коалицијата ДУИ/СДСМ.

Почитувани,

Талат Џафери додека тече телевизиски пренос во живо на Собранискиот канал, на најпростачки начин, со зборови коишто се недостојни и не можам јавно да ги повторам, зборови полни со закани, уцени и омаловажувања се обраќа кон вработени во Собранието. Талат Џафери повеќе не смее да раководи со највисокиот орган на демократијата во Македонија. Џафери е недостоен да претставува било кого од граѓаните во Македонија. Доколку Талат Џафери сам не се повлече и не си поднесе оставка, пратениците мора да повикаат на испитување на неговата деловна способност за функцијата претседател на Собранието, но и за пратеничката функција.

Македонија не смее да биде заложник на личните кризи на Талат Џафери!

Руските сили ги гранатираа Запорожје и Одеса

 Украинците со дронови ја нападнаа Белгородската област

Руските сили изутринава извршија ракетни напади врз индустриската зона во Запорожје на југот на Украина и пристаништето Одеса, соопштија украинските власти.

Шефот на регионот Запорожје, Иван Федоров, на Телеграм напиша дека во нападот нема повредени, пренесува Укринформ.

Во Одеса имаше воздушен напад и екслозии, изјави шефот на регионалната администрација Олех Кипер.

Руската армија ја нападна и воздушната база во градот Конотоп во регионот Суми и 58-та украинска моторизирана пешадиска бригада. Во воздухопловната база се стационирани хеликоптери, а во близина се наоѓа и фабрика за ремонт на авиони.

Украинците, пак, со беспилотни летала ја нападнале руската погранична област Белгород, при што загинале две лица, објавија медиумите во Русија.

Спречен е напад со дронови во Смоленската област, а од делови на уништено беспилотно летало избувнал пожар во зградата на енергетскиот комплекс, изјави шефот на регионот Василиј Анохин.

Претходно во текот на ноќта, како последица на експлозија на дрон, оштетена е енергетската инфраструктура во областа Малојарославец во областа Калуга. /МИА

Сајкоски: Во програмата „Платформа 1198“ за Битола предвидено е изградба на обиколница

Во програмата „Платформа 1198“ за Битола предвидено е изградба на обиколница што ќе ја поврзува со Грција.

Почитувани граѓани на Битола,

Битола и битолчани ќе бидат во фокусот на идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

За Битола се предвидени многу инфраструктурни проекти. Во новата програма „Платформа 1198“ за Битола е предвидено да се изгради обиколница што ќе ја поврзува со Грција. Предвидено е да се изгради автопат кој што ќе поврзува Битола со Прилеп, а исто така предвидено е да се изгради патот Градско-Прилеп, со тоа што Битола ќе биде поврзана инфраструктурно и ќе има добра можност за економски развој.

Исто така, предвидено е реконструкција и рехабилитација на патот Кичево-Охрид. Подобрување на патната инфраструктура кон Ресен.

Исто така, во програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Платформа 1198“ предвидено е подобрување на железничката инфраструктура.

Со ова, на Битола ќе дадеме можност за економски раст и развој. Можност за подобра иднина на сите, и за младите и за возрасните.

Битола ќе го добие процутот онаков каков што треба да го има низ годините. Битола ќе биде економски центар во регионот.

Ѓорѓија Сајкоски, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 5

Ковачки: Со Платформата 1198 ќе го развиваме истокот на Македонија

Изградба на Клиничката болница и обиколница во Штип како и поврзување со Струмица.

Полека се враќа ентузијазмот кај нашите граѓани, сите се приклучуваат на идејата за Твоја Македонија и сите ни се приклучуваат на ВМРО-ДПМНЕ.

Со Платформата 1198 планираме да го развиваме истокот на Република Македонија, планираме изградба на Клиничката болница во Штип, планираме обиколница околу нашиот Штип и секако планираме физибилити студија, изработка на проект за поврзување на Штип со Струмица.

Како што работи успешно нашиот градоначалник во Штип, така планираме да работиме и ние на централно ниво.

Ги повикувам сите граѓани масовно да ни се приклучат на 24 април да го дадат својот глас за број 2 за Гордана Силјановска Давкова да биде претседател на Македонија, а потоа на 8 мај за Христијан Мицкоски и во Изборна единица 3 да освоиме една голема победа за ВМРО-ДПМНЕ и за Република Македонија.

Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3

притисни ентер