Стоилковски: Јовески и Русковска судат луѓе за софтвер, ама не се блиски на Заев, за Рашковски

Преочигледна е селективноста на ЈО на Љубомир Јовески и на ЈО за организиран криминал водено од Вилма Русковска.

Македонија на сите мерења тоне во корупција и криминал, Македонија секојдневно ја тресат корупциски скандали со имиња на функционери на режимот, а Јовески и Русковска не отвораат ниту еден предмет за тоа, и притоа внимавајте повикуваат некој друг да им ја заврши работата.

Нема крај на селективноста на Обвинителството и на судскиот систем затворени во пупката на Заев. Драги Рашковски, блискиот на Зоран Заев, измислува систем за снимање и автоматско казнување за прекумерна брзина во сообраќај. Рашковски прави набавка преку генералниот секретар каде се набавува софтвер со исти перформанси како неговиот пронајдок, ама несоодветен за МВР. МВР повеќе од осум месеци по добивањето на софтверот не го користи и прави свои набавки.

Почитувани, оштетен е државниот буџет, а ЈО не реагира, можеби само и само затоа што Драги Рашковски е и приватно и во владата близок на Зоран Заев, човек кој што наводно го реформираше судството и ги остави Јовески и Русковска да ги водат Јавните обвинителства.

Селективноста во нивната работа, а со тоа и злоупотребите на нивната положба и функција со нивното непостапување, е лесно да се докаже. Во Македонија набавка на софтвер којшто не се користи, односно не е навремено ставен во употреба или е несоодветен, се дела за кои што има пресуди, има и кривични пријави, по коишто се водат постапки. Но луѓето за кои што се водат вакви постапки, не се блиски на Заев, не се дел од актуелниот режим, не се дел од пакетот „Висока корупција“. Јовески и Русковска судат луѓе за софтвер, ама не се блиски на Заев, за Рашковски нема предмет.

Во јануари е поднесен кривична пријава против лице во МЕПСО, заради набавен софтвер во 2016-та година. Лани во декември заврши процес со обвинение поднесено од СЈО, исто за набавка на софтвер. И да не редам други случаи односно предмети со кривична одговорност за набавка на компјутерски програми коишто не биле соодветни, или не ги задоволувале потребите за кои што биле наменети, или купениот софтвер целосно не се интегрирал во системот. Или сето она кое што сега осум месеци по испорачувањето на софтверот на Рашковски се случува во МВР, случајот е јавно обелоденет, сите се заинтересирани за него, постои огромен јавен интерес, ама ЈО и ЈООК не реагираат и повикуваат некои „други институции“?

Едно е јасно, Зоран Заев се појави, во изјава го амнестираше Драги Рашковски и тој по којзнае кој пат минува без отворен предмет во Јавното обвинителство. Водејќи се веројатно по премисата „Ако можеше да се затворат предметот за „Леонардо“, зошто не би можело и ова“, Јовески и Русковска свесно ја кршат дадената заклетва и со непостапување прават злоупотреба на службената положба и овластување. А Драги Рашковски и по 100 скандали уште седи во Влада!

Ако барате дефиниција и пример за Режим и заробена држава-ова е токму тоа!

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба

Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик .

- Одделот за криминалистичка полиција по добиена наредба од ОЈО Битола, презел предистражни дејствија и по обезбедена документација и извршен увид во истата, до ОЈО Битола, во координација со СВР Битола, поднел кривична пријава против М.Г. од Битола, директор на ЈП „Стрежево" Битола, соопштија денеска од МВР.

Кривичната пријава е за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување” по чл.353 од КЗ и „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство” од чл.275-в од КЗ во врска со чл. 22 и против Љ.М.П. од Битола, управител на правно лице од Битола.

- Имено, М.Г. знаејќи дека правното лице во текот на 2018 имало набавено тапкач за снег - ратрак, спровел постапка за јавна набавка на ратрак за потребите на ЈП „Стрежево" Битола со точно одредени технички карактеристики на потребниот ратрак како тој што го поседувало правното лице од Битола и истиот да не е постар од 1995 година, на кој оглас како најповолен економски оператор понудувач било избрано предметното правно лице од Битола, додека Љ.М.П. на конкретниот оглас доставила понуда со невистинити податоци дека ратракот кој го нуди е произведен во 1995 година, иако знаела и била свесна дека ратракот кој го поседувала е произведен 1993 година, по што бил склучен договор со наведеното правно лице на износ од 1.875.967 денари без ДДВ иако ратракот бил купен од странство за 414.492 денари, односно истиот бил набавен од ЈП "Стрежево" Битола за 4,5 пати повисока цена од набавната и за износот од 1.875.967 денари М.Г. го оштетил јавното претпријатие, а Љ.М.П. се стекнала со противправна имотна корист, појаснуваат од МВР во соопштението.

Бојмацалиев: Од земја што бараше помош од други, сега нудиме помош за справување со миграција

Од земја што бараше помош од други држави, сега нудиме помош за справување со миграција, истакна денеска дополнителниот заменик - министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во Кавадарци.

Тој со дел од раководството на МВР оствари работна посета на Регионалниот Центар за гранични работи Југ во Кавадарци, по повод одбележување на една година од почетокот на мисијата на ФРОНТЕКС во Република Македонија, заедно работење на македонската полиција, со полицијата ја Европската Унија, ФРОНТЕКС.

- Ова е значаен договор што беше постигнат, со цел да ги одбраниме и нашите граници и границите на Европската Унија, од приливот на мигранти. Тоа успешно го правиме. Овој договор има една голема историска важност. Бидејќи Министерството за внатрешни работи со тогашниот министер Оливер Спасовски ја имаше честа да го потпише првиот договор со ЕУ на македонски јазик. Со тоа ги урнавме сите лажни вести дека јазикот е продаден, јазикот не е заштитен, рече Бојмацалиев.

Со тоа, подвлече, уште еднаш се покажува дека македонската полиција е рамо до рамо со европските полиции.

- Заедно работиме и од пред некое време, веќе имаме барање и од други полиции, со цел да вршиме обуки на нивните полицајци, како се справуваме со миграцијата, додаде Бојмацалиев.

Украина соопшти дека во руските напади во областа Днепропетровск загинале најмалку осум лица

Во големиот руски ракетен напад врз централниот дел на регионот Днепропетровск загинаа најмалку осум лица, 21 лице се повредени и оштетена е инфраструктурата, соопштија утринава локалните власти.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека во нападот се оштетени неколку ката од станбена зграда и железничка станица во регионалната престолнина Днепар, уште еднаш повикувајќи на дополнителни средства за противвоздушна одбрана.

„Русија мора да биде одговорна за својот терор и секој проектил, секој Шахед мора да биде соборен. Светот може да го гарантира тоа, а нашите партнери ги имаат потребните способности, рече Зеленски.

Украинските железници во државна сопственост соопштија дека рускиот напад намерно била насочен кон нејзината инфраструктура во регионот, при што биле повредени работници. Компанијата ја затвори својата станица во Днепар и ги пренасочи возовите што требаше да поминуваат низ градот. /МИА

притисни ентер