Стоилковиќ: Влијанието на Србија во Македонија се преувеличува - Канал 5

Стоилковиќ: Влијанието на Србија во Македонија се преувеличува

„За да се прикријат другите влијанија кои се обидуваат да навлезат во македонското општество и по економска и по политичка линија“

Стоилковиќ: Влијанието на Србија во Македонија се преувеличува

Како што постои српски свет, постојат и многу други светови, како што постои и македонски свет, инаку која би била целта македонските политички партии да одат во Албанија и да разговараат со Македонците во Албанија, или пак ако не постои македонски свет -која би била целта да се борат за првата на Македонците во Бугарија. Тоа е пред се' една културна кованица, која на некој начин покажува дека постојат Срби и надвор од Србија. Сметам дека е најнормално да имам прекрасни односи со српското државно раководство и да имам прекрасни односи со скоро сите претставници на српскиот народ на поранешна Југославија. Морам да посочам дека многу се манипулира со таа работа, јас сум Македонски граѓанин, член на Владата избран сум во Собрание но како дел на кабинетот на Премиерот Мицкоски и до сега од него немам ниту една забелешка за моето работење. Влијанието на Србија се преувеличува, за да се прикријат другите влијанија кои се обидуваат да навлезат во македонското општество и по економска и по политичка линија. Добро е што и Србите и Македонците се чувствуваат блиски меѓу себе. Македонската јавност знае кој е загрозен од тие добри односи вели вицепремиерот Иван Стоилковиќ во Само Вистина.

Полските борбени авиони во зголемена готовност поради рускиот напад врз западна Украина

Полски и сојузнички воени авиони утрово полетаа за да го заштитат полскиот воздушен простор, соопшти Оперативната команда на полските вооружени сили.

Полските борбени авиони во зголемена готовност поради рускиот напад врз западна Украина

Тревога беше огласена откако Русија почна воздушни напади врз западна Украина, во близина на полската граница.

Поголемиот дел од западна Украина беше во воздушна готовност речиси три часа по предупредувањата од украинските воздухопловни сили за напад со руски ракети и беспилотни летала.

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за масовни отпуштања во администрацијата

Врховниот суд на САД го отвори патот за администрацијата на Доналд Трамп да спроведе масовни отпуштања во федералната администрација и значително да ги намали бројните владини агенции.

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за масовни отпуштања во администрацијата

Одлуката произлегува од указ на Трамп од февруари, со кој се наложува на федералните агенции да се подготват за кадровски кратења. Според плановите, се предвидуваат отпуштања во министерствата за земјоделство, трговија, здравство и човечки ресурси, финансии, за прашања на ветераните, како и во повеќе од десет други агенции.

Во кратка, непотпишана одлука, Судот оцени дека администрацијата на Трамп „веројатно ќе успее“ да докаже дека мерките се во рамките на неговите законски овластувања.

Одлуката претставува нова победа за пошироките напори на Трамп да ја зацврсти контролата врз извршната власт. Врховниот суд веќе донесе неколку одлуки во негова корист, меѓу кои и оние поврзани со строги имиграциски мерки.

Со оваа одлука се укинува претходната забрана на федералната судијка од Сан Франциско, Сузан Илстон, која во мај привремено го блокираше процесот на отпуштања, оценувајќи дека Трамп ги пречекорил овластувањата без консултации со Конгресот.

Абот: Во поплавите во Тексас загинаа 109 луѓе, а најмалку 161 се водат како исчезнати

Гувернерот на Тексас, Грег Абот изјави дека во поплавите што ја погодија американската сојузна држава загинаа 109 луѓе, а 161 се водат како исчезнати.

Абот: Во поплавите во Тексас загинаа 109 луѓе, а најмалку 161 се водат како исчезнати

Тој додаде дека продолжуваат спасувачките операции по исчезнатите лица, чиј број е многу поголем од првично објавените процени. Голем број туристи не се пријавени во хотели туку кампуваат на брегот на реката Гвадалупе, која се излеа на 4 јули.

Абот најави и дека претседателот на САД, Доналд Трамп и првата дама Меланија в петок ќе ја посетата поплавената област.

притисни ентер