Стевчо Јакимовски и Стојанче Ангелов во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гостуваа Стевчо Јакимовски и Стојанче Ангелов.

Бугарите си имаат една своја константа кон Македонија и нивниот негаторски став е јасен како ден, не им беше јасен само на оние кои го потпишаа договорот со Бугарија,што сега не ни е јасно,праша Јакимовски.
Не треба на овој начин да го рагневуваме македонскиот против бугарскиот народ, Каракачанов сака политички поени, очекувам и во иднина пречки но во оваа фаза сметам дека нема да им блоката кон нашите ЕУ интеграции, рече Ангелов.

Дали сме или не сме свесни дека и Грција и Бугарија си играаат симултанка со нас, а ние немаме константа кон националните прашања, рече Јакимовски.
Верувам дека живееме подобро, по влезот во НАТО заживуваме економски, корона кризата е малер во целиот свет, рече Ангелов.

Она кон што треба да се стремиме како македонци е да ги браниме сега заедно своите тези, а протестите на опозицијата се корисни. Зошто Мицкоски не протестираше кога се потпишуваше договорот со Бугарија и тогаш рече дека го подржува, рече Ангелов.
Нема теоретски шанси Мицкоски да го смените, протестите не се организираат да се одржел на власт, реплицира Јакимовски.

Погледнете ја целосно вечерашната емисија „Само вистина“ овде.

Почна со работа балканската база на податоци со информации за 4.000 ретки болести

Почна со работа балканската база на податоци за ретки болести, регионален проект што ги вклучува Хрватска, Црна Гора, Македонија, Србија и Република Српска (БиХ), јави дописникот на МИА од Белград.

Координаторот на проектот, Бојана Миросављевиќ за РТС изјави дека „освен пребарување на информации за болестите, постојат и форуми за пациентите и лекарите и тоа ќе биде нивно прибежиште".

Базата на податоци е регионален проект кој ги вклучува Хрватска, Црна Гора, Македонија, Србија и Република Српска, истакна Миросављевиќ, мајката на малата Зоја, која почина од Батеновата болест и по која беше донесен законот за борба против ретките болести.

-За време на нашата борба се уверивме дека голем број пациенти и лекари не го знаат доволно англискиот јазик за да го користат во медицински цели, а единствените информации за ретките болести се наоѓа на европскиот портал -Orfanet на англиски јазик, рече Миросављевиќ.

Таа додаде дека повеќе од 4.000 ретки болести се преведени во базата на податоци.

– Она што е важно, освен пребарувањето на информации за овие болести, е дека постојат и форуми за пациенти, затворени форуми за лекари и тоа ќе биде нивно засолниште. Вмрежувањето на пациентите и лекарите е важно за нас, посочи Миросављевиќ.

Базата на податоци се наоѓа на интернет-адресата retkebolesti.com, а Миросављевиќ нагласи дека ова е почеток, дека проектот не е завршен, но дека е одлична база на податоци и основа за подобрување на положбата на пациентите.

Град Скопје: На 193 пријавете оган на отворено, продолжува борбата против аерозагадувањето

На почетокот на есента и речиси еден месец пред почетокот на грејната сезона Градот Скопје ја продолжува кампањата за пријавување огнови на отворено на бесплатната телефонска линија 193.

Оваа кампања која игра сериозна улога во намалувањето на аерозагадувањето во Скопје се спроведува четврта година по ред и дава одлични резултати.

Знаеме дека палењето огнови на отворено најчесто е последица на несовесноста на одредени граѓани, но тоа често е и единствен начин за затоплување во студените зимски денови на нашите сограѓани кои немаат соодветно сместување. Она што претставува дополнителен проблем е што во ваквите случаи овие луѓе најчесто горат пластика, гуми, неквалитетни дрва и друго кои многу придонесуваат за загадување на воздухот. Четврта година по ред одговорно му пристапуваме на овој проблем. Подаваме рака на сите сограѓани. Сите заедно можеме да го спречиме палењето огнови на отворено, а со тоа да го намалиме загадувањето на воздухот. Но, истовремено водиме грижа и да им помогнеме на оние на кои помошта им е најпотребна. Град Скопје преку сопствениот инспекторат и Територијалната единица за противпожарна заштита, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи и Црвениот крст организира мешани тимови кои работат секој ден, 24 часа, во борбата против огновите на отворено – рече градоначалникот Петре Шилегов, на денешната прес-конференција.

Само во текот на оваа година на телефонскиот број 193 досега се пријавени 49 огнови на отворено. Минатата 2019 година биле пријавени 162 огнови на отворено, во 2018 година - 251, а во 2017 година кога почна оваа кампања, за неполн месец биле пријавени 54 огнови на отворено.

- Од тие причини уште еднаш ги повикуваме граѓаните активно да се вклучат во борбата против загадувањето на воздухот и сите случаи на палење огнови на отворено да ги пријават во кол-центарот, на телефонскиот број 193. Тука сакам да нагласам дека телефонското пријавување преку 193 е најбрзиот и најефикасниот начин на пријавување. Тоа е бројот на противпожарната единица која е единствената служба која има брз и проверен систем за реакција и ги покренува сите потребни служби со цел мешаните тимови навреме да излезат на терен. Дежурните екипи ќе ги процесираат сите пријави, односно огновите ќе бидат изгаснати, а нашите сограѓани кои ги палат огновите заради затоплување ќе бидат упатени во еден од згрижувачките центри. Затоа, наместо објавување на Фејсбук или на другите социјални мрежи ги повикувам граѓаните да пријавуваат исклучиво на 193. Природата на оваа работа е таква што тимовите можат да работат ефикасно само доколку се реагира брзо на единствениот проверен начин, а тоа е телефонскиот повик на 193. Се друго е непотребно губење време – нагласи Шилегов.

Оваа кампања, заедно со кампањата за спречување на палењето стрништа, односно остатоците од берба и субвенциите за чистење на оџаците во домаќинствата се едни од најважните кампањи на Градот Скопје за подигање на свеста во борбата против аерозагадувањето.

На денешната прес-конференција присуствуваше и командантот на Противпожарната бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски.

Судењето за „насилството во Центар" продолжува на 28 септември

Судењето за насилствата пред Општина Центар во јуни 2013 година продолжува на 28 септември со завршни зборови на одбраната.

На денешното рочиште, завршни зборови дадоа Обвинителството и одбраната на обвинетите Никола Груевски и Александар Трајковски.

Адвокатот Јовица Страшевски, бранител на обвинетиот Трајковски, во завршен збор пред Судот пушти неколку видеа од протестите на Шарената револуција пред канцеларијата на претседателот, од пред Собранието и Владата.

– Може да видите како се оштетува канцеларијата и зградите, како се навредуваат случајни минувачи и полицијата, но обвиненијата за сите се за учество во толпа, а не за насилство, изјави Страшевски.

Обвинителството, нагласи тој, не го докажа во ниту еден елемент делото насилство и барам да биде ослободен.

Обвинителката Фатиме Фетаи во завршен збор побара од Судот казните за поттикнувачите на насилствата пред Општина Центар, Никола Груевски и Миле Јанакиески да бидат најстроги за да се одвратат сите други од такви намери во иднина.

– Предлагам судот да ги прогласи виновни и да им изрече соодветни казни, а притоа да се има предвид и интензитетот на дејствијата. За поттикнувачите немам сомнеж дека треба да бидат најстроги за да се одвратат сите други од такви намери. Во однос на извршителите сите ги извршиле дејствијата, меѓутоа само за Игор Бошковски предлагам алтернативна казна поради интензитетот на неговите дејствија, изјави Фетаи.

Адвокатот по службена должност, на првообвинетиот Никола Груевски, рече дека целото дело се докажува само со еден разговор што е нелегално прибавен и го оспоруваме.

– Помилувањето за ова дело за Никола Груевски не може да се отповика. Таа постоела во моментот на покревање на ова обвинение и Судот не смеел да го прифати, изјави бранителот на Груевски.

Процесот го води судијата Душко Јосифовски.

Обвинителството на почетокот се откажа од гонење за лицата Даниела Рангелова, Милан Андонивски и Борче Богдановски. /МИА.

притисни ентер