Стевановски: Новаци успеа да стане општина со најголеми заштеди на електрична енергија

Со домаќинско работење Новаци успеа да стане општина со најголеми заштеди на електрична енергија во Република Македонија.

Со домаќинско работење до статус на општина со најголеми заштеди на електрична енергија во Република Македонија, е еден од многуте успеси кои се постигнати во изминатава година од страна на Стевче Стевановски, градоначалник на Општина Новаци.

Истото е постигнато преку домаќинско работење и адаптирање на условите на пазарот за електрична енергија за дел од потребите, пред се во областа на уличното осветлување.

- До пред неколку месеци плаќавме енормно високи сметки на струја за уличното осветлување којашто ја плаќавме, но баравме начин за справување со последиците од енергетската криза и тоа го направивме преку анекс на договорот за јавно приватно партнерство. Со истиот, сметките за електрична енергија како обврска ги префрливме на приватниот партнер, со тоа преминавме од слободниот на регулираниот пазар за електрична енергија, а со тоа направивме огромни заштеди. Ова доведе до тоа Општина Новаци да е општина со најголема заштеда на електрична енергија во Република Македонија, а за периодот од октомври 2021 до октомври 2021 година истата да изнесува 76 проценти – кажа градоначалникот Стевановски.

Како признание за својата работа, годинава Општина Новаци го доби признанието ELOGE кое претставува ознака за извонредност во управувањето и исполнување на 12 начела на добро демократско управување на Советот на Европа.

Околу креирањето на Буџетот на Општина Новаци за наредната 2023 година, градоначалникот Стевановски информираше дека во тек се средби со граѓаните преку одржување на форумски сесии со цел да ги слушнат идеите, мислењата и предлозите на жители и истите да ги вметнат во буџетот и приоритетите на општината. До овој момент се одржани 2 вакви форумски сесии, а предвидени се вкупно 4.

Регионалната средба на општините од Пелагонискиот регион се одржа во Битола и истата беше организирана од страна на Комисијата за локална, Комисијата за инфраструктура, урбанизам и транспорт, Комисијата за енергетика и Комисијата за финансии при ВМРО-ДПМНЕ.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Полицијата покрена истрага против Расел Бренд: „Добивме бројни обвинувања“

Лондонската полиција соопшти дека покренала истрага против британскиот комичар Расел Бренд (48), откако неколку жени го обвинија за сексуално вознемирување и злоупотреба, пишува Си-Ен-Ен.

„По истрагата на „Channel 4's Dispatches“ и „The Sunday Times“ полицијата прими голем број наводи за сексуални престапи во Лондон. Исто така примени се и бројни обвинувања за сексуачни престапи сторени на други места во земјата и ќе ги истражиме. Сите прекршоци не се неодамнешни“, се вели во полициското соопштение објавено во понеделникот.

Да потсетиме дека Бренд беше обвинет за силување, напад и емоционална злоупотреба помеѓу 2006 и 2013 година. Тогаш беше на врвот на својата слава, работејќи за Би-Би-Си, Канал 4 и глумејќи во холивудски филмови. Обвинувањата ги објави на социјалните мрежи. „Тоа беше неверојатно напорна недела и благодарам на сите вас кои се сомневавте во информациите што ги добивате“, рече тој во видеото.

Една од жртвите која го обвини Расел имала само 16 години кога актерот ја малтретирал. Полицијата ги охрабрува другите потенцијални жртви да се јават. Инаку, Бренд моментално е во брак со писателката Лаура Галачер. Двојката се венчаше во 2017 година, а тој претходно беше во брак со пејачката Кети Пери.

Извор: Индекс.хр

САД и нудат на Полска заем од 2 милијарди долари за модернизација на нејзината војска

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден денеска објави дека нуди заем од две милијарди долари на Варшава за да помогне во модернизацијата на одбраната на Полска, објавија американските медиуми.

Во соопштението на Стејт департментот се вели дека Полска е „решителен“ сојузник на САД, чија „безбедност е од витално значење за колективната одбрана“ на источното крило на НАТО и дека таквото финансирање е резервирано за најважните безбедносни партнери на Вашингтон.

-Владата на САД и дава на Варшава до 60 милиони долари за покривање на трошоците за заемот во форма на странско воено финансирање, кое ќе поддржи „итни набавки на американски одбранбени производи и услуги“, соопшти Стејт департментот.

Овие 60 милиони долари се субвенција за заем наменета да се осигура дека Варшава ќе може да обезбеди поволни услови за заемот. /МИА

Дијамантската лига стартува во Ксиамен во април

Организаторите на Дијамантската лига го објавија вечерва календарот на атлетски митинзи во 2024 година.

Воведниот митинг ќе се одржи на 20 април во кинескиот град Ксиамен, додека финалето е закажана за 13 и 14 септември во Брисел.

Идната година на програмата се Олимписките игри во Париз, од 26 јули до 7 август., а последниот митинг од Дијамантската лига пред почетокот на најголемиот спортски настан ќе се одржи на 20 јули во Лондон.

Дијамантска лига – календар на митинзи во 2024:

20. април Ксиамен (Кина)

27. април Шангај (Кина)

10. мај Доха (Катар)

19. мај Рабат (Мароко)

25. мај Јуџин (САД)

30. мај Осло (Норвешка)

2. јуни Стокхолм (Шведска)

7. јули Париз (Франција)

12. јули Монте Карло (Монако)

20. јули Лондон (Велика Британија)

22. август Лозана (Швајцарија)

25. август Вроцлав (Полска)

29. август Рим (Италија)

5. септември Цирих (Швајцарија)

13/14 септември Брисел (Белгија). /МИА

притисни ентер