Стефоска во Тирана на средба со албанската министерка за култура Маргарити

Континуирана и интензивна билатерална соработка и координација во контекст на заедничкото управување со Охридскиот Регион во согласност со насоките од последниот извештај на Реактивната мисија на УНЕСКО.

Заеднички иницијативи и проекти за заштита на охридското крајбрејже како заедничка вредност, како и најава за скорешна заедничка седница на националните комисии за УНЕСКО, беа клучните теми на денешната средба на министерката за култура, Ирена Стефоска, со колешката од Албанија, Елва Маргарити, во Тирана.

Двете министерки ја потврдија традиционалната соработка меѓу институциите и уметниците на двете земји и разговараа за можностите за подобрување на соработката во сите дејности.

Беше поздравено и потпишувањето на Спогодбата меѓу Владата на Македонија и Советот на министри на Албанија за основање културно- информативни центри во Република Северна Македонија и во Република Албанија, која влезе во сила на 1 април 2020 година, како и денешното официјално отворање на македонскиот КИЦ во Тирана.

Министерките за култура, Стефоска и Маргарити, го реафирмираа и прашањето за потпишување нова Програма за културна соработка меѓу Министерството за култура на Македонија и Министерството за култура на Албанија за периодот 2021 – 2026 година.

Загина млад мото-каскадер, вежбајќи да постигне Гинисов рекорд (ВИДЕО)

Каскадерот на мотоцикли, Алекс Харвил загинал вчера додека тренирал за да го сруши светскиот рекорд во скокање со мотори, пишуваат американските медиуми. Тој имал 28 години.

Алекс планирал да го сруши светскиот рекорд на Австралиецот Роби Медисон од 2008 година, на 106 метри. Неговиот подвиг бил закажан за вчера, веднаш по тренингот што го чинеше живот.

Снимката од тест скокот, изведена од Алекс на меѓународниот аеродром во округот Грант, се појавила на социјалните мрежи и покажува како неговиот мотор удира директно во горниот раб на ридот што му служел на Харвил како рампа за слетување. Од ударот тој излетал од моторот.

Харвил бил оженет и е татко на два сина, од кои помладиот е роден минатиот месец. Во 2013 година тој веќе стана Гинисов рекордер во скок во далечина на мотор.

Германија ги избриша Франција, Грција и Шпанија од списокот на ризични земји

Германија ги отстрани Франција, Грција, Швајцарија и делови од Шпанија од својата листа на земји во висок ризик поради ковид-19.

Промената стапува на сила во недела, а оние што пристигнуваат од овие земји во Германија нема да повеќе задолжително да презентираат негативен тест или да останат во карантин 10 дена.

Земјите како Грција и Шпанија, кои економски се потпираат на туризмот, соопштија дека нивните економии страдаат од ограничувањата на патувањата воведени за време на пандемијата, пишува ДВ.

Но, оваа промена на правилата важи само за оние кои патуваат по копно. Патниците со авион сепак при влез во Германија ќе треба да презентираат негативен тест, потврда за вакцинација или доказ дека биле заразени со ковид-19.

Голем број други места се отстранети од списокот на земји со висок ризик, вклучувајќи ги Белгија, јужна Данска, Естонија, Јордан, Литванија, три провинции во Холандија, Норвешка, неколку региони во Словенија и Света Луција.

Во Салвадор запленети 750 килограми кокаин

Околу 744 килограми кокаин, проценет на над 18 милиони долари, е запленет во Салвадор во операција за разбивање на шверцерска мрежа што работи на плажите во земјата, соопштила канцеларијата на државниот обвинител.

Шверцерите на дрога дејствувале во регионите Ла Паз и Сан Мигел, на истокот на земјата лоцирани помеѓу Хондурас и Гватемала. Во операцијата биле уапсени девет лица, вклучително и државјанин на Гватемала.

Акцијата ја водела полицијата за борба против злоупотребата на дрога врз основа на информации дека се шверцувале големи количини на дрога на плажите во двата региона во Пацификот, соопштила канцеларијата на обвинителот. Дрогата била запленета во објекти на плажа, каде биле пронајдени и неколку пушки и пиштоли, штѕ исто така биле запленети.

притисни ентер