Стефоска: И не е така лошо што УНЕСКО го стави Охрид на листата загрозени подрачја

За министерката за култура Ирена Стефова не е катастрофа доколку УНЕСКО го избрише Охридскиот регион од листата на светско природно и културно наследство и го внесе на списокот на загрозени културни добра. 

Според министерката, која по службена должност е и претседателка на комисијата за УНЕСКО, ваквата евентуална одлука треба да поттикне повисока свест кај институциите и граѓаните.

“ Да се разбереме ставањето во опасност не е катастрофа, туку напротив ако дојде до тоа случајно тогаш и режимот на заштита мора да е уште повисок , УНЕСКО ќе помогне со експертиза, со фондови, но тогаш главната обврска и одговорност е на сите нас во нашата земја , се разбира и на институциите од локалната и централната власт, но и на граѓаните се разбира, ако сакаме ова светско и културно добро да го заштитиме.” - вели министерката за култура Ирена Стефова.

Една од најголемите забелешки на УНЕСКО се дивоградбите во крајбрежниот појас. Од тие причини Владата на вчерашната седница донесе одлука оваа година да се донесе детален урбанистички план од државно зачење за крајбрежјето и водите на Охридското езеро, преку кој се очекува да се решат проблемите со сите видови урбана узурпација.

Меѓу одлуките кои биле донесени се и поништување на плановите и проектите за ски центар и пат низ Националниот парк Галичица, адресирани се и барањата на УНЕСКО за регулирање на сообраќајот во стариот дел на Охрид, се вршат работи за пренасочување на реката Сатеска, како најголемиот загадувач на езерото, во старото корито кон реката Дрим и реконструкција на прочистетелнтие станици.

Извештајот за напредокот за 2020 година Владата треба да го достави до Унеско до први февруари оваа година. Во меѓувреме апел за спас за да се зачува статусот на Охрид до претседателот на државата Пендаровски побараа и активисти од граѓанската организација Фронт 21/42.

Калифорнија воведе вонредна состојба после силниот земјтрес

Гувернерот на Калифорнија Гавин Њусам синоќа прогласи вонредна состојба во оваа сојузна држава по замјотресот со јачина од 7 степени по Рихтеровата скала.

-Пред малку воведов режим на вонредна сосотојба за да се овозможи испраќање ресурси таму каде што е непоходно за вонредно да се реагира на земјотресот со јачиа од 7,0 кој се случи денеска наутро, напиша гувернерот на социјалната мрежа „Икс“. Тој додаде дека властите работат во оперативен режим за да ги „информираат и обезбедат безбедност на калифорнијци“.

Според Геолошката служба на САД, епицентарот се наоѓал во Тихи Океан, 63 километри западно од градот Петролија. Засега нема информации за настрадани или за материјални штети. Властите го повлечија предупредувањето за закана од цунами./МИА

Спречен терористички напад на божиќен пазар во Германија

Германската полиција спречила потенцијален терористички напад на божиќниот пазар во Баварија, откако добила дојава од странска разузнавачка агенција за активностите на еден осомничен маж на интернет.

Според германски Велт, осомничениот, 37-годишен маж од Ирак, бил уапсен во објект за баратели на азил во градот Аугсбург.

По апсењето тој е задржан во притвор каде чека депортација. Во 2016 година беше извршен терористички напад на божиќниот пазар во Берлин, кога припадник на џихадистичката исламска држава влета со камион во толпата и уби 13 луѓе.

Две години подоцна, екстремисти поврзани со Исламската држава извршија напад на божиќниот пазар во стразбур, кога беа убиени пет лица..

Триесет и шест нови волонтери на Мировен корпус положија заклетва

Ќе работат како специјалисти и наставници по англиски јазик.

Соработката и партнерството кои ги поврзуваат луѓето од различни земји и култури поттикнуваат меѓусебно разбирање, справување со различни предизвици и овозможуваат заеднички просперитет. Ангажманот на волонтерите е пример за моќта на таквата соработка. Тие речиси три децении го вложуваат своето искуство во градењето генерации на ученици со поголеми знаења и вештини, за што сме им многу благодарни, порача денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, на настанот по повод положување заклетва на 36 нови волонтери на Мировниот корпус во Скопје.

Новите волонтери ќе се приклучат на групата која брои повеќе од 900 волонтери кои служеле во Македонија. Ова е дваесет и седмата група која ќе живее и работи во нашата држава од отворањето на првата канцеларија на Мировниот корпус во Скопје во 1996 година.

На настанот денеска беше одбележано успешното завршување на интензивната 11-неделна обука во која волонтерите ги изучуваат македонскиот и албанскиот јазик и култура.

По давањето заклетва, новите волонтери на Мировниот корпус ќе ја почнат својата двегодишна служба во заедниците низ Северна Македонија. Тие ќе работат како наставници по англиски јазик заедно со локални наставници по англиски јазик, а дел од нив ќе служат како специјалисти за развој на заедницата кои ќе работат со различни организации и општини.

Министерката Јаневска во своето обраќање информираше дека волонтерите ќе помагаат за изучување на англискиот јазик во 17 училишта. Таа напомена оти верува дека тие ќе ја засакаат нашата држава и ќе го вложат целото свое знаење и умеење, за да им помогнат на учениците да го совладаат англискиот јазик.

-Денеска ги поздравуваме и им посакуваме добредојде на 36 наши нови пријатели, од кои дел почнуваат со волонтирање во 17 училишта распределени во различни локални заедници од нашата убава држава. Длабоко верувам дека нелагодноста што ги оставиле своите семејства и пријатели и удобноста на домот, во претстојните две години од ден на ден ќе ја заменуваат со радост од запознавањето на нова култура, обичаи и новите луѓе, кои за нас се нашето најголемо богатство. Не се сомневам дека новите волонтери, одбрани со одлични препораки, обуката што ја имаа овде ќе биде значајна помош на заедниците, каде што ќе работат исто како и сите нивни претходници, рече Јаневска.

Таа додаде дека соработката со професорите по англиски јазик во училиштата не само што ќе ги зајакне јазичните вештини на учениците, туку ќе ја поттикне нивната љубопитност преку игри, приказни, практични активности и други креативни методи за учење странски јазик.

Според министерот за локална самоуправа Зоран Перински, волонтерите заслужуваат посебно место поради нивната лична определба и посветеност да ги споделат своето знаење и искуство стекнати во Соединетите Американски Држави, со граѓаните на нашата држава и несебичо да помагаат.

-Граѓаните на Македонија со децении градат цврсти пријателски односи со американскиот народ. Заедно реализираме многу заеднички проекти, директно финансирани од даночните обврзници на САД, проекти кои имаат големо влијание врз животот на нашите граѓани. Мировниот корпус е присутен во земјата безмалку три децении и има голем придонес во зајакнувањето на пријателството. Престојот и работата на повеќе од деветстотини волонтери во земјата, е повеќе од само импозантен број. Тоа се многу повеќе пријателства, некои и трајни, преку кои се шири мрежата на нашите пријатели и добронамерници, рече Перински во своето денешно обраќање.

Како што посочи, до сега 91 волонтер биле вклучени во 49 општини. Напомена дека благодарение на нивната посветеност, организирани се многу курсеви за изучување на англискиот јазик, реализирани се голем број на хуманитарни акции, кои што се во директна соработка со граѓанскиот сектор.

-Во поново време, забележлива е соработката со секторите за локален и економски развој и секако со центрите за регионален развој. На локално ниво, можностите за осмислување и спроведување на заеднички активности се големи. Нашите луѓе се секогаш со подадена рака за гостите кои што доаѓаат со добра намера и отворено срце. Отворени им се вратите на нови волонтери во општините Росоман, Пехчево и Зрновци, додаде Перински.

Амбасадорката на САД во земјава, Анџела Агелер рече дека волонтерите ќе продолжат вредно да работат и да пленат со својата предаденост како амбасадори на Соединетите Американски Држави во оваа земја.

-Во мојата улога како амбасадорка, како и во текот на мојот претходен ангажман во Македонија, имав можност да ги посведочам ентузијазмот и енергијата на волонтерите на Мировниот корпус на дело. Волонтерите ги следам како работат во училишта, граѓански асоцијации, организации, општини, летни кампови и во нивните заедници, каде што живеат и работат, додаде Агелер.

Според амбасадорката, волонтерите го претставуваат најдоброто од она што Америка му го нуди на светот, а што е уште поважно, тие со себе назад ќе го однесат најдоброто од она што Македонија му го нуди на светот.

-Тие градат мостови меѓу луѓето од нашите две држави кои траат со години и продолжуваат да постојат дури и кога волонтерите ќе завршат со својата служба. Мисијата на Мировен корпус е промоција на мирот и пријателството. Кога претседателот Џен Кенеди ја потпиша легислацијата пред 63 години за основање на Мировен корпус, неговата замисла за примарниот ангажман на волонтерите беше да донесат мир и пријателство и да ги промовираат врските меѓу САД и светот, додаде Агелер.

Како што непомена, оваа цел е исто толку значајна денес, колку што била значајна во минатото.

-Ќе научите толку многу од ова искуство, ќе откриете дека сте посилни отколку што сте биле - барем јас така се почуствував, а вашето влијание ќе остави трага како сега, така и во иднина. Со нетрпение чекам да ве посетам во вашите места, ширум оваа прекрасна земја, посочи амбасадорката.

притисни ентер