Стефоска и Маргарити го отворија Културно-информативниот центар на Македонија во Тирана

„Во овој прекрасен ден во Tирана, го отвораме нашиот трет Kултурно-информативен центар на Балканот. 

„Искуствата од центрите во Истанбул и во Софија ѝ даваат смисла на идејата за места што нè поврзуваат и нè врзуваат. Впрочем, центрите за култура имаат голема и одговорна задача – да не дозволат да се отуѓиме едни од други кога имаме многубројни причини да бидеме едни со други. Зашто на културата, границите не ѝ се познати", рече министерката за култура Ирена Стефоска, која заедно со албанската министерка за култура Елва Маргарити, денеска и официјално го отворија Културно-информативниот центар на Македонија во Албанија.

Во своето поздравно обраќање, Стефоска додаде дека водени од европската идеја, силно ги артикулираме заедничките интереси кон целтта – подобар живот за сите наши граѓани.

„И овој Културно-информативен центар е уште едно ново, убаво поглавје во односите меѓу Македонија и пријателска Албанија", рече Стефоска, која на директорот на Центарот, Златко Ориѓански, му порача портите на ова културно катче да бидат секогаш отворени за сите на кои македонската култура и уметност им се на срце.

Центарот се наоѓа во непосредна близина на Градскиот парк во Тирана, локација што овозможува видливост и можност за поголема посетеност на културните настани.

Отворањето на КИЦ во Тирана се реализира со поддршка на Министерството за култура во соработка со Министерството за надворешни работи, односно Амбасадата на Македонија во Албанија, со што се потврдува дека меѓународната презентација е еден од приоритетите на културната политика на дражавата.

Јутјуберот, кој не загуби против Мејведер, сега сака во ринг со Тајсон: Ќе го победам

Логан Пол има намера да се врати во рингот против некои од боксерските икони, сега дополнително охрабрен од неодамнешната борба во која не беше поразен во осум егзибициони рунди со Флојд Мејведер.

Ѕвездата на Јутјуб боксуваше пред десет дена со еден од најдобрите боксери на сите времиња во натпревар во кој судиите дозволија нокаут, но не го постигнаа, а бидејќи нокаутот не беше виден, на крајот скапо продадениот меч за плаќање по преглед, му донесе добра заработка на дуото во рингот, а на Пол и дополнителна популарност, што ќе се обиде да ја искористи што повеќе.

Мечот со Мејведер беше само втор за Логан, а во неговиот трет настап во спротивниот агол на рингот сака да го види Мајк Тајсон. И тој е убеден дека може да го победи некогаш најдобриот боксер на светот во тешка категорија, кој наскоро ќе наполни 55 години.

„Некој го спомна Мајк Тајсон. Мојот адвокат ми рече дека не е добра идеја, дека немам шанса и дека ќе ми ја откине главата. Во последно време поминав многу. Не можете да ми кажете дека не можам да го победам Мајк Тајсон. Тој е стар '', сигурен р јутјуберот кој ова го изјави во подкастот Impaulsive.

Логан бил критикуван по мечот против Мејведер, борец кој ја заврши својата кариера со 50 победи од ист број натпревари, затоа што барал премногу спас во клинчот за време на егзибицискиот натпревар.

Во Русија се избришани 150 сајтови на кои се нудат лажни сертификати за вакцинација

Оваа година, руското тело за надзор на телекомуникациите блокирало или избришало 150 страници со реклами и понуди за лажни сертификати за вакцинација против ковид-19, соопштило денеска надзорното тело за агенцијата ТАСС.

„Во 2021 година, врз основа на судски одлуки или барања за гонење, околу 150 сајтови во Русија беа затворени или блокирани затоа што нудеа лажни сертификати за вакцинација“, се вели во соопштението на надзорниот орган.

Сè на сè, од почетокот на 2020 година, повеќе од 1.000 материјали што содржат лажни информации за коронавирусот биле избришани или блокирани.

Македонски државјанин е фатен во Драч со 300 килограми кокаин (ВИДЕО)

Во Драч, Албанија биле откриени и запленети околу 300 килограми кокаин, скриен во кутии со логоа на Чикаго Булс, Пари сен Жермен и Диор, при контрола на македонски камион што превезувал железо.

Информацијата е објавена и на официјалниот фејсбук профил на албанската полиција.

Дрогата била сокриена во камион со македонски ознаки, што требало да замине за Италија. Како што информираат од албанската полиција, со камиотнот управувал македонскиот државјанин 40-годишниот Н.А. кој веднаш бил уапсен.

Според албанските медиуми , возачот на камиониот е македонскиот државјанин Назиф Ајроски , а дрогата требало да стигне во Неапол , Италија. Тој во полицијата рекол дека е само возач и дека не знаел дека во камионот имало дрога. Рекол дека со години превезува градежни материјали на меѓународни рути и не е поврзан со никаков транспорт на дрога.

Кокаинот бил спакуван во пакети со лого на светски познатите брендови „Чикаго Булс“, „Кензо“, „Диор“, како и под логото на францускиот ПСЖ.

притисни ентер