Стартува изградбата на 62 социјални станови во Неготино

Во Неготино почна изградба на шеесет и два станови за социјално ранлива категорија на граѓани. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

Џонсон во обраќање до нацијата ги претстави строгите мерки

Премиерот на Британија, Борис Џонсон, во телевизиско обраќање до нацијата објави низа нови мерки за борба против коронавирусот.

Ова се нови мерки што може да траат со месеци.

Претходно денес, тој најави, на пример, дека вработените во пабовите или продавниците, како и патниците во такси, ќе мора да носат маски. Бројот на гостите на свадба е исто така ограничен, а забранети се спортските сали во кои се вклучени повеќе од шест лица.

Борис Џонсон денеска наведе кои се новите мерки за Британците, кои би можеле да траат околу шест месеци.

• Забранети се спортови во затворен простор.

• Бројот на гости на свадби во Англија е ограничен на 15 лица.

• Продавачите, како и патниците во такси, ќе мора да носат маски.

• Планот за враќање на гледачите на спортските стадиони е одложен.

• Пабовите, баровите и рестораните ќе бидат отворени до 22:00 часот.

• Луѓето треба да работат од дома секогаш кога тоа е можно.

• Првиот прекршок за неносење маска ќе биде казнет со 200 фунти.

Во своето телевизиско обраќање, Џонсон најави дека доколку луѓето не ги почитуваат овие мерки, ќе мора да воведат уште построги мерки.

Тој рече дека Британците се соочуваат со несомнено тешки месеци, како што расте бројот на заболени од коронавирус.

„Да бидеме дисциплинирани и да го надминеме во духот на заедништвото она што не чека“, рече тој. Џонсон потоа додаде дека никогаш во историјата, колективната судбина на една нација не зависела од однесувањето на поединците.

„Ако ги следиме овие правила, заедно ќе ја поминеме оваа зима. Несомнено тешки месеци се пред нас. Борбата против коронавирусот не е ни близу завршена “, рече тој, додавајќи дека не се сомнева дека одлични денови доаѓаат за Британците, но дека пред тоа е потребна дисциплина.

Тој рече дека новите мерки ќе бидат спроведени доколку е потребно и со нови казни, до 10 000 фунти, но рече дека, доколку е потребно, ќе ги испрати и полицијата и армијата на улиците.

Тој додаде дека лекарите се едногласни дека сè ќе биде подобро на пролет.

„Се надевам дека тогаш ќе можеме масовно и толку ефикасно да се тестираме што луѓето ќе можат да бидат тестирани за неколку минути“, заклучи британскиот премиер.

Салма Хајек со стара фотографија,бремена во топлес собра милион лајкови(ФОТО)

Салма Хајек го одбележа 13-от роденден на нејзината ќерка Валентин Палома со стара фотографија од кога била бремена со неа.

54-годишната актерка објави топлес фотографија направена додека била бремена со Валентин.

"Утре малото бебе што се роди од мојата утроба официјално станува тинејџер. Тие растат толку брзо ...", напиша таа под фотографијата која собра милион лајкови.

Фановите и го честитаа роденденот на Валентина во коментарите и го пофалија изгледот на Салма.

„Среќен роденден, расте премногу брзо“, „Бог одвои дополнително време кога те создаде“, „Неверојатно си убава“, се некои од коментарите.

Салма и францускиот милијардер Франсоа-Анри Пино (58) ја добија Валентин во 2007 година, а парот се венча две години подоцна.

Голема акција на Европол и ФБИ:Уапсени 179 лица,запленети 500 кг. дрога

Полициските сили ширум светот заплениле повеќе од 6,5 милиони долари во готовина и виртуелни валути, како и дрога и оружје, во заедничката акција на црните веб-пазари, пишува Би-Би-Си.

Уапсени се околу 179 лица низ цела Европа и САД, а запленети се 500 килограми дрога и 64 пиштоли.

„Златното време на овие нелегални пазари заврши“, се вели во соопштението на Европол.

„Скриениот интернет веќе не е скриен“, рече Едвардас Силерис, раководител на Центарот за криминал преку интернет во Европол.

Операцијата позната како DisrupTor е спроведена со заеднички напори на Европол и Министерството за правда на САД. Уапсените криминалци биле вклучени во десетици илјади продажби на нелегална стока и услуги во Европа и САД.

Меѓу запленетите дроги имало кокаин, метамфетамин, хероин, екстази и МДМА. Од уапсените, 119 лица се од САД, двајца од Канада, 42 од Германија, осум од Холандија, четири од Велика Британија, тројца од Австрија и еден од Шведска.

Според Би-Би-Си, полицијата е се поуспешна во откривањето на операциите извршени на дарк веб мрежата до која што може да се пристапи само со помош на специјални алатки.

„Силите на законот се најефикасни кога дејствуваат заедно. А денешните вести испраќаат силна порака до криминалците кои продаваат или купуваат нелегална стока на дарк веб. Скриениот интернет веќе не е скриен, а анонимните активности веќе не се анонимни “, рече Силерис.

Директорот на ФБИ, Кристофер Вреј изјави дека денешното соопштение дошло во вистинско време со оглед на порастот на смртни случаи од предозирање за време на пандемијата на коронавирус.

притисни ентер