Старт на учебната година од 1 октомври, настава со физичко присуство секаде каде има услови

И учениците од 4-то до 9-то како и средношколците, најверојатно учебната година ќе ја почнат во училишни клупи. 

Владата одлучи комбинираниот модел на настава да важи за сите ученици.

Според протоколите – училиштата ќе работат од 7 до 20 часот. Во група ќе може да бидат најмногу 20 ученици. Часовите ќе траат 30 односно 35 минути. Препорачано е наставата да се одвива на отворено и само тогаш нема да мора да се носат маски.

Владата оваа одлука ја донесе по притисокот од средношколците кои вчера преку протест го искажаа својот револт против онлајн наставата. Канал 5 и денеска анкетираше неколку ученици. Велат дека повеќе милуваат да седнат во училишните клупи.

Училиштата имаат рок до 10 септември да поднесат барање до Владата да почнат настава со физичко присуство, но претходно ќе треба да исполнат повеќе услови. Комисија од Влада ќе утврдува дали училиштето ги исполнува условите. Онаму каде не се исполнети условите, наставата ќе почне онлајн, освен за учениците од прво до трето одделение, но и за нив е дадено правото на избор.

Ако години наназад звукот на училишното ѕвонче и детската смеа беа препознатлива слика за овој ден, овој 1 септември се е поинаку. Вратите на сите училишта ширум земјава останаа затворени...

Учебната година за сите ученици ќе стартува на 1 октомври.

Гранди: Израел со нападите врз Либан го прекршува меѓународното право

Високиот комесар за бегалци при Обединетите нации (УНХЦР), Филипо Гранди, денеска во Бејрут изјави дека Израел ги прекршува меѓународните хуманитарни закони со своите воздушни напади врз Либан, бидејќи ги таргетира цивилите и цивилната инфраструктура.

Гранди е во Либан за да помогне во обезбедувањето сместување за повеќе од 1,2 милиони раселени лица, откако Израел ги засили воздушните напади и започна копнена операција.

Тој истакна дека Светската здравствена организација (СЗО) го информирала дека Израел напаѓал здравствени установи на различни локации во Либан.

- Борбите принудија околу 220.000 луѓе да преминат во Сирија, од кои 70 отсто се Сиријци, а 30 отсто Либанци, додаде Гранди.

Тој посочи дека поради израелските бомбардирања, патот до граничниот премин Масна е уништен, што го отежнува бегството на луѓето од Либан во Сирија.

Повеќе од 2.000 луѓе загинаа, а околу 10.000 се ранети во Либан за време на борбите со Израел во изминатата година, при што поголем дел од жртвите настрадаа во последните две недели, соопшти Министерството за здравство на Либан.

Израел соопшти дека во судирите со либанската милитантна група Хезболах, загинале околу 50 цивили и војници. /МИА

Иран ги откажува летовите поради заканите од израелски напад

Портпаролот на Иранската организација за цивилно воздухопловство потврди дека летовите на неколку аеродроми во земјата ќе бидат суспендирани од 21:00 часот вечерва до 5:00 часот утре наутро.

Портпаролот изјави дека се работи за „оперативни ограничувања“ без да наведе повеќе детали.

Во исто време, и тунелите Тохид и Ресалат во Техеран ќе бидат затворени.

Оваа одлука е донесена откако Израел најави напад врз Иран како одговор на лансирањето балистички ракети кон израелските воени бази од страна на Иран.

Претходно денеска, иранскиот министер за нафта Мохсен Пакнеџад ги посети најголемите нафтени постројки во земјата и се состана со највисокиот воен командант на Корпусот на гардата на Исламската револуција во областа за да разговара за безбедноста на локацијата. /МИА

Шолц: Германија никогаш нема да толерира антисемитизам

Германскиот канцелар повторно повика на прекин на огнот, за заштита на цивилите во Газа и за ослободување на преостанатите израелски заложници.

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ја одбележа претстојната годишнина од нападите врз Израел на 7 октомври, ветувајќи дека Германија „никогаш нема да толерира“ антисемитизам, но истовремено се фокусира на постигнување прекин на огнот на Блискиот Исток, јави ДПА.

Во видео-обраќање објавено на интернет, Шолц изјави дека никогаш нема да ја заборави својата посета на Израел минатиот октомври, кога се сретнал со роднини на убиените или киднапираните од страна на палестинската милитантна група Хамас на 7 октомври.

Една година подоцна, Шолц рече дека е неприфатливо „граѓаните од еврејска вера да живеат во Германија во страв и терор“, да се плашат да носат кипа во јавност или да се воздржуваат да го откријат своето потекло пред своите соученици.

- Еврејскиот народ во Германија ја има целосната солидарност од нашата држава и од сите пристојни луѓе во нашата земја, додаде Шолц.

Германскиот канцелар повторно повика на прекин на огнот, за заштита на цивилите во Газа и за ослободување на преостанатите израелски заложници.

Тој предупреди дека конфликтот ризикува да се претвори во регионален пожар, но рече дека Германија координира со меѓународните партнери за да спречи понатамошна ескалација.

„На првата годишнина од терористичките напади на Хамас врз Израел, мирот и помирувањето се чини дека се подалеку од кога било во регионот. Но, знаеме дека одржливото решение на конфликтот зависи од кредибилен пат кон преговарано дво-државно решение,“ заклучи Шолц. /МИА

притисни ентер