Стаменкоска-Трајкоска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи реформи,просперитет и добра иднина - Канал 5

Стаменкоска-Трајкоска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи реформи,просперитет и добра иднина

„Експертите за селективност нас не обвинуваат дека ние правиме селективност. Селективност или било каков коментар поврзан со сето ова што се случува за трагедијата во Кочани е од голема штета за истрагата која се води во периодов“.

Стаменкоска-Трајкоска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи реформи,просперитет и добра иднина

„Експертите за селективност нас не обвинуваат дека ние правиме селективност. Селективност или било каков коментар поврзан со сето ова што се случува за трагедијата во Кочани е од голема штета за истрагата која се води во периодов“, прецизираше во своето излагање пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменкоска-Трајкоска во вечерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Стаменкоска-Трајкоска истакна дека потребно е да се остави да се заврши истрагата од страна на органите и и постави прашање на Јованка Тренчевска, од СДСМ која исто беше гостинка во емисијата зошто немало вакви рекации од нивна страна кога станувало збор за другите несреќи што се случуваа, зошто немало реакции за целиот криминал за кој апелирале дека постои со докази.

„Сега имаме состојба во која се ловат дневно политички поени за да се поентира за нешто, се обвинува за нешто, само за дневни политички поени. Впрочем сите апелираме да се остави истрагата на органите, на институциите ова е нешто трагично што се случи за Македонија, зарем сега треба политички поени да се вадат? Зошто немаше вакви реакции од ваша страна кога стануваше збор за “Беса“, за “Ласкарци“, за другите несреќи што се се случуваа, зошто немаше вакви рекации за целиот оној криминал за кој апелиравме дека постои со докази“, категорична е Стаменкоска-Трајкоска.

Стаменкоска -Трајкоска и укажа на Тренчевска во однос на нивните обвинувања за селективност дека во суштина самите го критикуваат обвинителот Коцевски кој СДС го изгласаа.

„Според вашето тврдење, значи според сите логички размислувања селективноста во Македонија поврзано со случајот за Кочани ја прави обвинителот што вие го избравте. Вие самите си го критикувате вашиот избор. Да не се мешаме во истрагата, да не се мешаме во процесот, да видиме обвинителството што ќе извади, па после тоа и ние да реагираме како пратеници со одредени активности во Собранието кој ќе ја зголемат надзорната улога на сето она што се случува“, децидна е Стаменкоска-Трајкоска.

Стаменкоска-Трајкоска посочи дека парламентарното мнозинство е сосема стабилно. Таа додаде дека голем е бројот на пратеници во Собранието кои ја поддржуваат Владата. Таа додаде дека на локалните избори ВМРО-ДПМНЕ нема да коалицира со некој кој коалицира со некој кој што дупло игра, или некој кој што сака да прави коалиција со онаа политичка партија која што правела штета во минатото, а тоа е ДУИ.

„И те како е стабилно парламентарното мнозинство, таа тема мислам и дека треба и веќе да ја затвораме, заради тоа што станува збор за многу голема бројка на пратеници кои се приклони кон поддржување на Владата која носи реформи, просперитет и добра иднина за Македонија“, заклучува Стаменкоска-Трајкоска.

Во јужноафрикански рудник за злато заробени 289 рудари

Во Јужна Африка во тек е спасување на 289 рудари, кои од синоќа се заробени под земја во рудникот за злато Клоф.

Во јужноафрикански рудник за злато заробени 289 рудари

Јужноафриканската компанија Сибани-Стилвотер (Sibanye-Stillwater), сопственик на рудникот Клоф, соопшти дека во моментот се спроведуваат процедури за обезбедување на областа и испитување на окното, за да може рударите да бидат извадени на површина.

Портпаролот на компанијата посочи дека рударите се на сигурно и им е доставено храна.

Кривична за велешанец за кражба на пари и ракија и за кавадарчанец кој му помагал

Кавадаречката полиција поднесе кривична пријава за велешанец за кражба на пари и ракија и за кавадарчанец кој му помагал, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.  

Кривична за велешанец за кражба на пари и ракија и за кавадарчанец кој му помагал

- ОВР - Кавадарци, до Основното јавно обвинителство - Кавадарци, поднесе кривична пријава против Џ.Н., на возраст од 32 години од Велес и Ј.Ф., на 22-годишна возраст од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик. На 26 јануари 2025, околу 12 часот, првопријавениот влегол во домот на А.К., на возраст од 55 години од Кавадарци и одзел 176.000 денари и 10 литри ракија, а второпријавениот му помогнал во извршувањето на кривичното дело, на тој начин што му кажал дека во домот нема никој и дека влезната врата е отворена, појаснија од СВР - Велес.

Оттаму додадоа дека Џ.Н. му дал дел од одземените пари на Ј.Ф., а ракијата ја оставиле на кејот на реката Луда Мара, каде била пронајдена.

Андоновска: Двајцата потврдени пациенти со мајмунски сипаници се од Скопје, според информациите

Заменик-министерот за здравство, Јовица Андоновски на денешната прес-конференција информира дека по лабораториски анализи на Институтот за јавно здравје потврдени се два случаи на мајмунски сипаници.

Андоновска: Двајцата потврдени пациенти со мајмунски сипаници се од Скопје, според информациите

Андоновски соопшти дека попладнево ќе заседава Комисијата за заразни болести.

Апелира граѓаните да не паничат оти како што рече, системот функционира и се преземаат сите активности.

И директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска информира дека се работи за два машки пациенти родени на 1981 и 1985 година, и двајцата од Скопје. Според информациите шти ги дале двајцата пациенти не патувале никаде надвор од државата.

Таа нагласи дека едниот пациент е хоспитализиран на Инфрктивната клиника во Скопје, а според нејзините информации другиот се уште не се пријавил на ниту една од клиниките и не е хоспитализиран. Потенцира дека не се поврзани случаи.

И директорката упати апел граѓаните да не паничат и потенцира дека не се работи за ново заболување и за тоа веќе има протоколи.

притисни ентер