ССМ утре ќе ја блокира улицата пред ОРМ и Стопанската комора

ССМ утре ќе ја блокира улицата пред ОРМ и Стопанската комора, ако нема договор на ЕСС, најавува генерален штрајк

ССМ утре ќе ја блокира улицата пред ОРМ и Стопанската комора

Претседателството и Советот на Сојузот на синдикати на Македонија како највисоки тела на синдикатот утре од 13:30 до 14:30 часот ќе ја блокираат улицата пред седиштето на Организацијата на работодавачи во центарот на Скопје во знак на незадоволство од нивниот предлог за методологијата на минималната плата.

Претседателот на ССМ Дарко Димовски во изјава за МИА вели дека за нив е неприфатлив предлогот на работодавачите според кој минималната плата би изнесувала 16.164 денари.

– Со она што го нудат минималната плата во нето износ би била 16.164 денари што за нас е неприфатливо во никој случај кога знаеме дека минималната синдикална кошничка изнесува 35.040 денари. Затоа утре по завршување на седницата на Советот на ССМ директно излегуваме со целото Претседателство на ССМ и сите штрајкувачки одбори на протест со блокирање на улицата пред седиштето на ОРМ и Стопанската комора на Македонија, изјави Димовски.

Нивна делегација ќе присуствува и на седницата на Економско-социјалниот совет закажана за 16 часот во Владата, а доколку не биде прифатено нивното барање за минимална плата од 18.000 денари и скалесто зголемување на сите останати плати, ќе излезат на генерален штрајк.

– Доколку во 16 часот не се прифатат барањата за минимална плата од 18 илјади денари и скалескт зголемување на сите плати, штрајкот ќе се роди пред овие две организации на работодавачи и во иднина ќе продолжи на нивна штета бидејќи нема да дозволиме штетата да ја трпи само работникот, истакна Димовски.

Вчера, на седницата на Економско-социјалниот совет не беше постигнат договор за зголемување на минималната плата. Консензус има дека минималната плата треба да се зголеми, но, не и за колку или на каков начин да се дојде до тоа.

Што значи кога имате букви што се повторуваат во името

– кој е себичен, а кого го чекаат големи трошоци? Еве што открива тоа за вашата личност!

Што значи кога имате букви што се повторуваат во името

Секоја буква има своја вибрација – посочува нумерологијата.

Името на една личност може да открие многу за нивниот карактер и личност. Во многу култури, се верува дека повторувањето на одредени букви во името може да влијае на карактеристиките на една личност. Еве како, користејќи нумерологија, поединечните букви можат да го обликуваат карактерот на поединецот.

Имено, според нумеролошката интерпретација, секоја буква во името носи посебна вибрација.

Повторување на буквите A, И, Ј

Луѓето во чиишто имиња се повторуваат овие букви се сметаат за храбри, силни, се стремат кон независност и слобода, се стремат кон висок социјален статус и се склони кон борба за признавање и напредување во кариерата.

Повторување на буквите Б, К, Р

Повторувањето на овие букви во името укажува на емотивна и уметничка личност, која е тактична и им помага на другите. Таквите луѓе често се чувствителни и склони кон уметничко изразување.

Повторување на буквите Ц, Г, Л, С

Луѓето во чии имиња се повторуваат овие букви се исклучително имагинативни и талентирани во уметничкиот израз. Сепак, тие можат да бидат склони кон себично однесување и трошење енергија во потрага по задоволство.

Повторување на буквите Д, М, Т

Повторувањето на овие букви укажува на личност која напорно работи, управува со финансиите и презема одговорност за своето семејство. Сепак, ова може да го забави нејзиниот напредок.

Повторување на буквите Е, Х, Н

Луѓето во чии имиња се повторуваат овие букви може да бидат успешни во правни работи или во продажба, но истовремено може да бидат склони кон неодговорност во семејниот живот.

Повторување на буквите У, В

Повторувањето на овие букви во името, често укажува на личност со изразени уметнички таленти, која се стреми кон општествено признание и популарност, сака патувања и општествени активности.

Повторување на буквите О, З

Повторувањето на овие букви во името укажува на личност која сака длабоко размислување, истражување и медитација, и се стреми кон вистина и оддалечување од секојдневните проблеми.

Повторување на буквите П, Ф

Луѓето во чии имиња се повторуваат овие букви често се способни и моќни во бизнисот, но истоврмено може да имаат потешкотии во семејниот живот и да се соочат со големи трошоци.

Чешка испраќа медицински тим на барање на Скопје

Министерката за одбрана Јана Чернохова потсети дека Македонија веднаш и понудила помош на Чешка по големите поплави минатата година. 

Чешка испраќа медицински тим на барање на Скопје

Чешката Република со специјален лет вечерва испраќа медицински тим од Централната воена болница кон Македонија за да помогне на барање на македонските власти по трагичниот пожар во дискотека во Кочани во кој загинаа најмалку 59 лица, а 155 се повредени.

„Владата одобри испраќање медицински тим од Министерството за одбрана, поточно тим од Централната воена болница, 10 воени лекари и медицински персонал. Веста за ноќниот пожар во Кочани длабоко ме потресе. Сојузниците мора да стојат еден до друг во тешки моменти. Затоа веднаш го исполнивме северномакедонското барање", изјави вечерва чешкиот премиер Петр Фијала.

Министерката за одбрана Јана Чернохова потсети дека Македонија веднаш и понудила помош на Чешка по големите поплави минатата година.

МЗ: Сите пациенти кои се префрлени во странство се во стабилна состојба

Министерството за здравство останува во постојана комуникација со сите надлежни институции и меѓународни партнери за натамошна координација и поддршка.

МЗ: Сите пациенти кои се префрлени во странство се во стабилна состојба

Министерството за здравство информира дека од раните утрински часови во Клиничкиот центар функционира кризниот штаб, во тесна координација со Министерството за внатрешни работи и Министерството за надворешни работи. Тимовите на здравствените установи се целосно ангажирани за обезбедување соодветна медицинска нега, а состојбата на сите пациенти се следи внимателно, при што се спроведуваат конзилијарни одлуки за натамошните медицински постапки.

Во текот на денешниот ден се згрижени над 140 пациенти, распределени во здравствените установи низ земјата:

• Клинички центар – 20 пациенти

• ГОБ „8 Септември“ – 20 пациенти

• Универзитетска клиника „Св. Наум Охридски“ – 21 пациент

• Клиничка болница Штип – 20 пациенти

• Општа болница Кочани – 7 пациенти

• Клиника за токсикологија – 2 пациенти

Покрај медицинската грижа во земјата, дел од пациентите се префрлени во здравствени установи во странство, како резултат на меѓународната поддршка и соработката со партнерските земји:

• Република Турција: 3 пациенти пристигнаа во Истанбул, а дополнителни 6 пациенти се очекува да пристигнат во Анкара до полноќ.

• Република Бугарија: 14 пациенти се хоспитализирани.

• Република Грција: 4 пациенти се згрижени.

• Република Србија: 5 пациенти се веќе хоспитализирани, а дополнителни 12 пациенти со воен авион се на пат кон Белград.

• Република Хрватска и Романија: Се очекува во тек на утрешниот ден да бидат испратени по 4 пациенти во секоја од овие земји.

• Република Словенија, Унгарија и Австрија: Во текот на утрешниот ден се очекува овие земји да испратат медицински авиони за транспорт на пациенти.

Сите пациенти кои се префрлени во странство се во стабилна состојба и под континуирана медицинска нега.

Како дополнителна поддршка во справувањето со кризата, во земјата пристигна медицински тим од ВМА Белград, а се очекуваат и медицински тимови од Чешка, Израел и Белгија, кои ќе се приклучат на напорите за обезбедување соодветна здравствена грижа.

За сите информации поврзани со состојбата на пациентите кои се наоѓаат во странство, како контакт лице е именуван проф. Д-р Игор Николов, кој е достапен на телефонскиот број: +389 72 270 648.

Министерството за здравство останува во постојана комуникација со сите надлежни институции и меѓународни партнери за натамошна координација и поддршка.

притисни ентер