ССМ со предлози за петтиот пакет мерки, субвенции за плата директно на сметките на работниците

ССМ повторно предлага надоместокот на плата за отсуството од работа поради зараза од Ковид- 19, изолација и само изолација поради изложеност на Ковид- 19 да изнесува 100 проценти од основицата утврдена со закон.

Владата да обезбеди финансиска помош и поддршка за компаниите кои нема да можат да ги обавуваат деловните потфати заради вирусот или ќе ги обавуваат со значително намален обем, првенствено и исклучиво за обезбедување средства за плата на работниците, е еден од предлозите на Сојузот на синдикатите на Македонија за најавениот петти пакет антикризни мерки.

-ССМ бара субвенционирањето на плата како мерка да продолжи онаму каде што производството е намалено како што тоа е утврдено и со четвртиот пакет на мерки, но да се исплаќа директно на сметките на работниците што се покажа како повеќе од потребно поради повторната злоупотреба на средствата од финансиската поддршка за исплата на платите на работниците обезбедена од Владата, со оглед на тоа што и по 5-ти пат, газди, оставија работници без никаква егзистенција, а за тоа земаа средства од државата, соопшти денеска ССМ.

Дополнително, бараат еден од главните услови за добивање на финансиска поддршка да биде враќање на работниците кои биле испуштени од работа, а исто така и задолжително да биде по користењето на мерката работодавачите кои добиле финансиска поддршка за исплата на плати да ги задржат односно да нема отпуштање на работниците најмалку три месеци по завршување на мерката.

Од ССМ сметаат дека работниците кои користеа мерки како хронично болните, бремени жени, чување на дете до 10 години, треба да бидат исплатени во висина нивната плата, без нејзино намалување, а истовремено да се води грижа и за мајките кои користеле породилно отсуство, а им престанал договорот за вработување по било кој основ и истите да имаат право на платено на породилно отсуство.

ССМ повторно предлага надоместокот на плата за отсуството од работа поради зараза од Ковид- 19, изолација и само изолација поради изложеност на Ковид- 19 да изнесува 100 проценти од основицата утврдена со закон. -Нагласуваме дека Сојузот на синдикатите на Македонија смета дека во Правилникот за листа на професионалните болести како професионална болест треба да се смета заразата со Ковид- 19, не само за здравствените работници, туку и за работниците од други дејности и вработени во институции на работни места каде е можен контакт и изложеност на Ковид- 19.", а Министерството за труд и социјална политика да предложи предлог законско решение или предлог решение во Правилникот во најскоро време, велат од ССМ.

Тие предлгаат насочување кон спроведување на јавни набавки од страна на државните органи, исклучиво од домашните компании кои не отпуштиле неосновано работници и не злоупотребиле од финансиската поддршка за исплата на платите.

-ССМ, поаѓајќи од тоа што националните и светските компетентни институции укажуваат дека оваа нова нормалност предизвикана од Ковид – 19 ќе трае подолг период и во иднина, очекува покрај мерките за субвенционирање и помош, Владата да преземе поголем ангажман за обезбедување нови инвестиции од домашно и странско потекло и да обезбеди економски мерки за поефикасно прилагодување на компаниите за продолжување на економските потфати со цел да се обезбедат реални и одржливи работни места и обезбедување на егзистенција за сите граѓани, стои во соопштението.

Исто така, бараат Владата да води грижа, финансиската поддршка и инвестициите да се обезбедуваат за компании кои ги почитуваа законите и колективните договори, кои немаат злоупотребено средства од финансиската поддршка од државата и кои имаат неосновано отпуштено работници, како и да се задолжат компаниите кои ќе добијат од финансиската поддршка и инвестициите задолжително да ги вратат работниците на кои им го прекинале работниот однос.

Предлагаат и еден од условите за обезбедување на финансиска поддршка и инвестиции од страна на државата да биде синдикалното организирање во компанијата, за да можеме и ние како претставници на работниците да гарантираме и да го контролираме користењето на средствата, покрај другото за плата и социјална сигурност на работниците.

Според Сојузот на синдикатите на Македонија, треба да се преземат сите напори со петтиот пакет мерки да им се помогне на работниците, претпријатијата и јавните служби да ја преживеат кризата, така што ќе можат нормално да се вратат на своите активности кога таа ќе заврши.

Сите мерки, смета ССМ, треба да бидат насочени кон зачувување на работните места, а во меѓувреме да се заштитат од невработеност и загуба на приходи и да се ублажат финансиските загуби. Луѓето кои се болни, кои се грижат за семејството или не се во состојба да работат заради корона вирусот, не треба да страдаат финансиски, па поради тоа, од страна на Владата, потребно е да се обезбеди финансиска помош за сите, порачуваат од Сојузот на синдикатите на Македонија.

СДСМ обезбедува вистинска валоризација на трудот на припадниците на Армијата

СДСМ обезбедува вистинска валоризација на трудот на припадниците на Армијата, примањата на војниците и подофицерите за три години, зголемени за 50%

Владата предводена од СДСМ води континуирана грижа за припадниците на Армијата како полноправна членка на НАТО.

За само 3 години, три пати ги зголемивме примањата во Армијата и тоа како за платите така и за надоместоците. Заедно со 8.000 денари за станбено обезбедување, примањата кај војниците и подофицерите се зголемени за 50%.

Платите за сите цивилни лица на служба во Армијата пораснаа за најмалку 26%, а кај воениот персонал имаме зголемување на платите за 16%. И не застануваме тука. Секоја година ќе ги зголемуваме овие износи. Стандардот на припадниците на Армијата и понатаму ќе расте.

Дневниот износ на надоместокот за припадниците на Армијата при вршење на стражарска служба, дежурства, служба на посебни воени објекти, извршување на задачи во кризна состојба, гранично обезбедување и трупни патувања од први јануари годинава е зголемен за 15 проценти од 610 на 700 денари, а во неработните денови и празничните денови овој износ се зголемува за 20, односно, 30%.

Овој надомест се исплаќа, пред се на професионалните војници и подофицери, а во помал број и на офицери, според услови пропишани во правилник за активности кои траат повеќе од 24 часа, најчесто континуирано и повеќе денови, а начинот на извршување бара зголемен психички и физички напор.

Во 2017 година затекнавме состојба во која пропишаниот надоместок воопшто не се исплаќаше, туку во претходните десетина години имало подолги периоди во кои надоместокот бил компензиран само со слободни денови. Тоа доведувало до голема отсутност и нарушување на континуитетот во функционирањето на Армијата.

Редовната исплата и зголемувањето на надоместокот е уште едно исполнето ветување за вистинска валоризација на напорите и трудот на припадниците на Армијата.

СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ: Пропаднат и фалсификуван попис ќе значи залуден трошок за граѓаните

Пропаднат и фалсификуван попис ќе значи залуден трошок за граѓаните и одговорност за Зоран Заев, затоа е потребно повлекување на законот и целосен консензус.

Законот за попис власта го донесе на насилен и криминален начин со злоупотреба на европското знаме. Стандардите за спроведување на овој попис кој што Собранието го донесе имаат застарена методологија и не се усогласени со стандардите на ООН и стандардите на Евростат.

Зоран Заев сака да спроведе попис со кои што однапред се договорени резултатите од овој процес.

ВМРО-ДПМНЕ силно се спротивстави на ваквиот закон за попис, бидејќи овој процес нема да биде статистичка операција туку политичка операција и резултатот од овој попис се веќе договорени проценти од партиите на власта. За тоа говори и членот во законот каде што се предвидува двоен потпис за верификација или признавање на пописот, по неговото спроведување.

Од страна на СДСМ и Зоран Заев не беше прифатен ниту еден амандман поднесен од ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак беше прифатен предлогот за време на пописот да се користат терминали за отисоци на прст

На граѓаните на Република Македонија не им треба политички попис, туку операција со вистински статистички бројки кои иднина ќе ги отсликуваат економските, социјалните стратегии за развој на Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ е за одржување на попис на населението и домаќинствата кои што ќе има вистинска рефлексија на демографските состојби во Македонија

Го повикуваме претседателот Стево Пендаровски, барем еднаш да испадне од сенката на Зоран Заев и овој штетен закон за попис да не го потпише.

Доколку Пендаровски го потпише овој закон, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преземе сите правни и институционални механизми за да се спречи одржување на овој политички процес, наречен попис.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Утре без струја дел од корисниците во Аеродром и Бутел

 Утре без електрична енергија во одреден период ќе останат дел од корисниците во општините Аеродром и Бутел.

Од ЕВН Македонија АД информираат дека без струја утре ќе бидат во периодот од 09:00-12:00 часот корисниците од бул.Јане Сандански згради број:86, 88 и 90 во општина Аеродром.

Во периодот од 08:00-09:00 часот без струја ќе останат корисниците од ул.Гоце Стојчевски згр.бр.5 влез 1,2 и 3, како и од ул.Лазо Москов згр.бр.2 влез 1,2 3 и 4 во општина Бутел.

притисни ентер