ССКМ: Неповратна финансиска помош за спас на туризмот и угостителството

Од декември нема никаква помош а веќе сме април. 

Туристичко-угостителскиот сектор се наоѓа го исклучително тешка состојба, а деловните субјекти поради тоа што не се во состојба да ги подмират достасаните обврски се принудени да ја прекинат својата деловна активност со што се доведува во прашање одржувањето на голем број работни места. Ако итно и неодложно не се исплати поддршката предвидена со петтиот пакет на мерки и не се обезбеди дополнителна директна и неповратна финансиска помош за овие сектори кои принудно поради рестрикциите не работат, постои реална опасност туризмот и угостителство како сродни гранки силно погодени од здравствено- економската криза неповратно да бидат оштетени и голем број ентитети од овој сектор да згаснат, предупредува Туристичко-угостителската комора при Сојузот на стопански комори на Македонија.

Од декември нема никаква помош а веќе сме април. Претпријатијата од овие сектори остро реагираат поради задоцнетата имплементација на последниот пакет на економски мерки. За секторите кои бележат пад на промет од над 80 отсто, а во некои дејности падот е и 100 отсто оваа помош е повеќе од неопходна. Поддршката за исплата на платата за јануари воопшто не е предвидена, а за месеците февруари и март иако до сега веќе требаше да биде исплатена, се уште се чека на донесување на законската регулатива која е неопходна за имплементација. Состојбата дополнително се влошува и поради тоа што носењето на новите рестриктивни мерки кои значат речиси целосно затворање на објектите од угостителство, дел туризмот и сродни објекти, не е проследено со дополнителна финансиска помош. Рестриктивните мерки за заштита на здравјето на граѓаните се пред се, но сметаме дека паралелно со нивното носење треба да се креира и додели соодветна помош за претпријатијата.

„Следејќи ги активностите на надлежните институции, но и на оние од кои во поширокиот општествен контекст од кои зависи имплементација на економските мерки се добива впечаток дека свесно се дозволува затворање на претпријатијата од туристичко- угостителскиот сектор со што се загрозуваат огромен број работни места. Во услови кога деловните субјекти се оставени сами да се снаоѓаат излезот се бара во намалување на трошоците кои во услови на немање деловна активност значи редуцирање на работни места. Потенцираме дека доколку се дозволи затворање на работните места ќе бидат потребни многу повеќе средства и време за нивно повторно отворање отколку што е сега потребно за нивно одржување и во прашање се доведува дали воопшто некогаш ќе се отворат доколку згаснат претпријатијата", вели Ана Марија Алексова, член на Управен одбор на ТУК.

Таа потенцираме и дека се ризикува да се најдеме во ситуација кога ќе се создадат услови за повторна активност на туристичкиот сектор да нема професионални и лиценцирани туристички агенции, професионални и лиценцирани туристички работници и водичи.

„Тоа не треба да се дозволи во мала и отворена економијата како нашата во која туристичкиот сектор е еден од оние кои можат да дадат сериозен стимул за раст и развој по надминување на кризата. Очекуваме надлежните институции да овозможат помошта од петтиот пакет итно да биде исплатена, да се даде неповратна финансиска поддршка за дејностите кои се опфатени со рестриктивните мерки, како и да се преземат мерки за спас на претстојната туристичка сезона", изјави Алексова.

ТУК бара да биде редизајнирана економската мерка „ваучерите за туризам" која и досега беше дел од пакетот за спас и за која има најава дека ќе продолжи. Имено потребно е во нејзината имплементација вклучување на сите сегменти на туристичката дејност. Тоа би подразбирало овие ваучери да бидат достапни и да се реализираат преку туристичките агенции, со вклучување на категоризирани хотелите, лиценцирани туристички водичи, превозниците од транспортниот сектор со што граѓаните би добиле комплетна услуга, а средствата кои се доделуваат како помош на тој начин би биле распределени на сите чинители на кои им е потребна.

Кардашијан во жешки пози со новото момче, рокерот ја објави снимката (ВИДЕО)

Рокерот Тревис Баркер ги изненади следбениците со нови објави на својот Инстаграм профил.

Баркер и го честитал роденденот на Кортни Кардашијан и истакнал колку ја сака, а за да му покаже на светот колку се заљубени, тој објави серија фотографии од нив заедно и едно видео во кое таа му го цица палецот. На фотографиите, двојката се гушка и се бакнува, а на една Тревис ја држи ногата на Куртни, додека дел од нејзиниот гол задник исто така влегол во кадарот.

Објавата предизвика голем број коментари. Некои му честитаат на парот за нивната љубов, додека некои, како пејачот Чарли Пут, го изразија своето изненадување со објавата на рокерот.

Патем, гласините за врската помеѓу Кортни и Тревис започнаа на почетокот на оваа година, а парот го потврди тоа неколку недели подоцна, исто така со објава на Инстаграм.

САД се обврзуваат дека ќе бидат предводници во борбата против климатските промени

Соединетите држави ќе се борат против климатските промени или „нема да остане ништо“ од нашата планета, рече американскиот државен секретар, ветувајќи дека ќе изврши притисок врз другите држави да ја намалат зависноста од јаглен.

Пред виртуелниот самит за клима во четврток и петок,чиј домаќин е американскиот претседател Џо Бајден, Антони Блинкен треба да одржи говор по повод враќањето на Вашингтон по повлекувањето на администрацијата на Доналд Трамп

„Ако Америка не го води светот во управувањето со климатската криза, нема да остане многу од нашата планета“, треба да нагласи државниот секретар според деловите на говорот што им се достапни на медиумите, пренесува Франс прес.

„Ако успееме во ова, ќе ја искористиме најголемата можност за генерациите да создадеме квалитетни работни места, да изградиме поправедно, поздраво и поодржливо општество и да ја заштитиме оваа прекрасна планета“, треба да додаде тој.

Иако минатата недела Соединетите Држави потпишаа заедничка декларација со својот главен стратешки противник Кина и ветија дека „ќе соработуваат во справувањето со климатската криза“, Блинкен најавува натпреварување.

"Во моментов доцниме. Кина е најголем производител и извозник на соларни панели, ветерници, батерии и електрични возила. Таа поседува третина од светските патенти за обновлива енергија".

„Ако не го надополниме доцнењето, Америка ќе ја пропушти можноста да ја обликува светската климатска иднина според нашите интереси и вредности и ќе изгубиме безброј работни места за Американците“, ќе рече американскиот државен секретар.

Во таа борба, Антониј Блинкен особено ќе го потенцира притисокот што треба да се изврши врз земјите зависни од јаглен.

„Кога земјите продолжуваат да зависат од јаглен, да инвестираат во нови централи на јаглен или да дозволат уништување на шумите, Соединетите држави и партнерските земји ќе ги предупредат на штетноста на ваквите активности.“

Кина, најголемиот светски производител на стакленички гасови, е одговорна за околу половина од светското производство на електрична енергија од јаглен, што е една од главните сопирачки во борбата против затоплувањето.

Но, ова прашање е чувствително и во САД, поранешниот претседател Трамп кој ја повлече земјата од Парискиот климатски договор, беше поборник на производителите на јаглен, иако побарувачката на САД за јаглен постојано се намалува.

Џо Бајден ги врати САД на договорот на првиот ден од неговиот мандат.

Се засилува ли тимот на „Сексот и градот“ по желба на Сара Џесика Паркер

Актерката Сара Џесика Паркер сака британскиот заводник Хју Грант да се појави во новите продолженија на серијата „Сексот и градот“.

Според странските медиуми, Паркер сака машка sвезда во серијата и дава се од себе за да го убеди Хју Грант да им се придружи на нивната екипа.

„Сара Џесика сфати дека треба голема, навистина голема, машка sвезда да се приклучи на повторната средба на „Сексот и градот“ за да помогне во олеснувањето на отсуството на Ким Катрал, и потенцијално и на Крис Нот, со кого сè уште преговара за враќање и за чија специфична улога сè уште се расправа “, изјавил извор близок на актерката за „Мирор “.

Новата сезона на „Сексот и градот“ се вика „И само така...“ и ќе има десет епизоди. Сара Џесика Паркер ќе биде во улогата на познатата Кери, а со неа во новите продолженија ќе се појават и Кристин Дејвис како Шарлот и Синтија Никсон како Миранда.

Хју Грант и Сара Џесика Паркер работеле заедно неколку пати. Тие прво соработувале во далечната 1996 година во трилерот Extreme Measures, а подоцна и во романтичната комедија „Што има ново со Морганови?“

притисни ентер