ССК скептични кон владините најави–се уште не сме ги добиле договорите

Првиот човек на ССК, Трајан Ангеловски за Канал 5 вели дека сите засегнати компании од комората уредно ги доставиле потребните документи, но од ЕСМ се уште не добиле повратен одговор за да потпишат договор.

За пониски цени на храната ќе се почека. Првиот човек на ССК, Трајан Ангеловски за Канал 5 вели дека сите засегнати компании од комората уредно ги доставиле потребните документи, но од ЕСМ се уште не добиле повратен одговор за да потпишат договор. Алармира службите да бидат поажурни, за фирмите најдоцна за неколку дена да добијат струја по 80 евра за мегават час. Во спротивно не треба да се очекува поефтинување на храната.

„Владините министри од една страна ветуваат намалување на цените на храната, а од друга страна државните електрани без да ги потпишат договорите, без да потече таа ефтина струја како ќе дојде до поефтинување./ Тоа е обврска на министрите и на директорите на тие јавни претпријатија да ја зголемат ефикасноста и адекватно да одговорат во овој момент. Затоа што очекувањата на сите граѓани е да видат ефекти, а не да остане на вербални изјави дека ќе следи нешто, а ќе дојде 1ви декември и нема да се случи ништо.“ изјави Трајан Ангеловски, претседател на ССК.

Надлежните вчера информираа дека 235 фирми се пријавиле на огласот на ЕСМ за субвенционирана електрична енергија. Со мерката опфатени се производителите на леб, млеко, масло за јадење, како и оние од месната и живинарска индустрија.

Министерот Бектеши вчера истакна дека очекува сите компании да ги намалат цените на храната од први декември – а во спротивно ќе ги замрзне цените.

Повластена цена компаниите ќе добиваат до 30ти април наредната година, а договорите ќе се потпишуваат секој месец.

Целосна доминација на „Барби“ и „Опенхајмер“ за наградата Златен глобус (ВИДЕО)

Летниот кино хит Барби води во номинациите за Златен глобус со девет категории, пред историската драма Опенхајмер која има осум, објави денеска организаторот на филмската награда во Холивуд.

Барби ќе се натпреварува во категоријата за најдобра комедија и мјузикл со American Fiction, The Holdovers и други на церемонијата во јануари што ќе ја започне сезоната на американските филмски награди.

Опенхајмер, со Силијан Марфи во главната улога, меѓу другите ќе се соочи со Killers of the Flower Moon и Maestro во битката за најдобра драма.

Во телевизиските категории најмногу номинации има семејната драма Succession, девет.

Златните глобуси се добар показател за најпознатата филмска награда Оскар што се доделува во март. Тие ќе бидат избрани оваа година од нова организација, откако во јуни беше распуштена непрофитната холивудска асоцијација за странски печат, новинарска група која беше на удар на критики поради етичките пропусти и недостатокот на различност.

Сопствениците на Златните глобуси, Елдриџ Индустрис и Дик Кларк продукција, ја поставија наградата како профитабилен бизнис, а гласачкото тело ќе се состои од расни и етнички различни 300 новинари од 75 земји. Победниците ќе бидат објавени на церемонија на 7 јануари.

Случајно открил тајна врата во хотелската соба, а зад неа уште една- глетка како од хорор филм

Следното видео се појави во средината на 2023 година, но сепак сега го предизвикува вниманието на корисниците на социјалните мрежи.

Прво беше објавено на профилот на Дијана Алварез, а прикажува човек кој направил запрепастувачко откритие во хотелска соба.

Кога ќе пристигнете во хотелот, обично сакате да го погледнете секој агол, можеби да ја сликате собата за вашите пријатели. Сепак, едвај сте доживеале што направил човекот од оваа приказна.

Тој покажал како отвора една од гардеробите во задниот дел од собата, а јасно се гледа дека „грбот“ е поделен на два дела.

Користејќи ја картичката, го помести панелот и се појавува скриен премин! Кадрите се застрашувачки, особено кога ќе сфатите дека просторијата е практично опкружена со „невидлив“ тунел.

Зад панелот имало уште една скриена врата која води до темен тунел, а главниот лик очигледно не сакал да истражува каде води.

„Замислете да го најдете ова во вашата хотелска соба. Застрашувачки. Бизарно. За што би можело да биде?“, се вели во пораката.

Невообичаеното видео има милиони прегледи, а многумина коментираат дека изгледа како најстрашните хорор филмови.

Иако не е откриено каде се наоѓа хотелот, едно лице напишало дека се работи за Чиле, а снимената просторија била наменета за криење од земјотреси, пренесува Мирор.

Друг тврди: „Многу хотели имаат скриени ходници зад ѕидовите. Ги користат за шпионирање, го знам тоа“.

Имало и корисници кои сметаат дека хотелот е реновиран, така што откриениот простор е всушност дел од стариот простор.

Францускиот парламент ненадејно го отфрли предлог- законот за миграција на Макрон

Француското Национално собрание денеска го отфрли предлог-законот за миграција од страна на владата, изненадувачки исход што им нанесе удар на напорите на претседателот Емануел Макрон.

Пратениците од екстремно десничарската партија на Марин Ле Пен, како и многу конзервативци, ги здружија силите за да го отфрлат законот во Националното собрание.

Отфрлањето на предлогот не значи дека владата мора да отстапи, ниту пак сигнализира крај на законот за имиграција.

Владата сега може да одлучи да го врати назад во горниот дом на парламентот, да го испрати до мешовит комитет на сенатори и претставници за да се најде компромис или да го повлече, што е малку веројатно.

Исто така, може да користи специјални извршни овластувања за да го наметне законот без гласање.

Предлог-законот за имиграција е клучна точка во обидите на Макрон да покаже како може да биде построг кон законот и редот додека ги држи вратите на Франција отворени за странски работници.

Но, бидејќи нема мнозинство во парламентот, тој не можеше да направи нацрт што ќе ги задоволи ниту левицата ниту десницата.

Владата го претстави предлог-законот како неопходен за да се олесни депортацијата на странските криминалци.

Една одредба ја отстранува забраната за депортирање на оние мигранти кои пристигнале во Франција пред да наполнат 13 години, како што беше случајот со исламистичкиот чеченски милитант со руско потекло, кој уби наставник во октомври.

притисни ентер