Српски „Курир“: Од септември во Србија доаѓаат 30 000 работници од Македонија и Албанија

Со „Отворен Балкан-ИД“ од септември во Србија доаѓаат 30 000 работници од Македонија и Албанија.

Наскоро, граѓаните на Србија, Македонија и Албанија ќе можат да се вработат во овие земји со идентификационите броеви на „Отворен Балкан-ИД“ без дополнителни административни бариери. Како што пишува српски „Курир“, „околу 30.000 многу потребни занаетчии, лекари, медицински сестри и техничари од Македонија и Албанија од септември ќе дојдат на работа во Србија без никакви дополнителни документи, работни визи и посебни дозволи“, јави дописникот на МИА од Белград.

Предвидено е граѓанинот кој сака да се вработи во една од овие три земји, да ги внесе своите податоци преку порталот е-Управа и на тој начин да го добие идентификацискиот број на иницијативата „Отворен Балкан“. Секој граѓанин кој ќе пристапи до порталот и ќе го добие тој број ќе може непречено да пристапи до пазарите на трудот во сите три земји, а целта е постапката да биде иста во Србија, Македонија и во Албанија.

Тоа ќе биде овозможено благодарение на иницијативата „Отворен Балкан“ и отворањето на единствениот пазар на труд. Дополнително, според експертите, целиот наш регион ќе стане многу поатрактивен за странските инвеститори, бидејќи полесно ќе најдат работници што им недостасуваат.

Директорот на владината Канцеларија за ИТ и е-Управа, Михаило Јовановиќ за Курир изјави дека сите професии што и се потребни на Србија интересни им се на луѓето од Македонија и Албанија.

-Сметаме дека ќе има работници кои ќе дојдат со завршено високо образование, но и оние кои имаат основно и средно образование. Многу се барани работниците во градежништвото и во областа на земјоделството. Треба да има многу заинтересирани и од областа на здравството, бидејќи платите овде се повисоки. Сепак, уште поважно е што како регион сите ќе станеме многу поинтересни за странските инвеститори, бидејќи побрзо и полесно ќе се дојде до работници, а тоа е една од причините тие да инвестираат во овој дел од Европа, кажа Јовановиќ.

Небојша Атанацковиќ од Сојузот на работодавачи на Србија оцени дека поголем број работници ќе им бидат од корист на работодавците за работни места кои вообичаено се секогаш испразнети.

– Мислам дека граѓаните на Македонија и Албанија во рамките на „Отворениот Балкан“ ќе бидат многу заинтересирани да дојдат кај нас, бидејќи условите и приходите се многу подобри. Исто така, кај нас работодавачите ќе имаат поголем избор и можност конечно да ги пополнат позициите за кои подолго време не можат да најдат соодветна работна сила. Ни недостигаат сите профили на занаетчии во градежништвото, заварувачи, потоа сите работници во угостителството и туризмот и за сезонски работи. Очекуваме од септември да пристигнат околу 30.000 работници, изјави Атанацковиќ за Курир.

Советникот на претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС), Ненад Ѓурѓевиќ кажа дека веќе подолг период има недостиг на работна сила во областа на земјоделството, градежништвото и текстилната индустрија. Тој додаде дека по пандемијата, многу меѓународни компании кои имаат свои ланци на Далечниот Исток ја разгледуваат можноста производството да го доближат до матичните компании во Западна Европа.

– Како Западен Балкан можеме да бидеме интересна дестинација за ваков тип на работа, оцени Ѓурѓевиќ.

Тој наведе дека ПКС нема прецизни податоци колку работна сила недостига, но наведе дека има потреба од работници за сезонски работи и во меѓународните компании кои работат овде.

-Познато е дека овие работници доаѓаат од соседните земји и од одредени земји на ЕУ, така што овој недостиг некако се компензира, но има потреба да се регулира, овие луѓе да имаат здравствено осигурување и да им тече стажот, нагласи Ѓурѓевиќ.

Просечната плата во Србија изнесува 631 евро.

Драмски театар Скопје ја именува големата сцена „Ристо Стефановски“

Драмски театар Скопје ја именува големата сцена „Ристо Стефановски“, промовира и негова монографија.

Драмски театар - Скопје ја именува својата голема сцена во „Ристо Стефановски“, кој беше театролог, театарски работник, театарски историчар и долгогодишен директор на оваа културна установа (1957-1983). Беше промовирана и монгорафијата „Ристо Стефановски“.

Ристо Стеафновски е роден на 5 декември 1928 година во Скопје, кој на 22 април 1957 година бил назначен за директор на Куклениот театар, подоцна преименуван во Младинско-детски театар и на крај преименуван во добро познатиот Драмски театар во Скопје, каде бил директор повеќе од 25 години.

Промоторката на монографијата „Ристо Стефановски“ Искра Гешовска потенцира дека Стефановски не е само втемелувач на Драмскиот театар, туку и на современиот македонски театар. Додаде дека тој е најпрогресивниот директор, со визија и со непрегорност, не само за театарот туку и генерално, за институционалната култура и за она што треба да значи и како треба да се развива стратешки една институција од сферата на културата.

Директорката на Драмски театар Викторија Рангелова Петровска информира дека Стефановски ја отвора вратата, го зацртува патот, ја создава основата, и низ годините ги води најголемите премрежиња, борби и победи на Драмски театар.

-Најистакнатите македонски театарски режисери, драмски автори, актери и останатите креативни чинители, ќе имаа понеизвесен пат во градењето на професионалната кариера доколку не добиваа отворени можности од страна на Стефановски. Оттука тој не работеше само за растењето на Драмски театар, туку делуваше во целокупниот културен растеж на државата. Неговата визија, умешност и сеопфатна посветеност, им овозможи на соработниците и вработените во Драмски, по секој постигнат успех да зрачат со неподнослива гордост и оправдана ароганција. Стефановски успеа вредносните критериуми да ги постави високо на скалата и никогаш не отстапи од нив. Тој имаше свој правилник за успех по кој мора да се делува, потенцира Рангелова Петровска.

Додаде дека и денес некои од нивните колеги од другите театари на шега го нарекуваат Драмски „домаќински театар“.

-И домаќинлукот му го должиме на Ристо, тој/тоа е седмото правило од прирачникот за успех, потенцира Рангелова Петровска.

Промоторката на монографијата „Ристо Стефановски“ Искра Гешовска информира дека Драмскиот театар - Скопје му оддава чест на Ристо Стефановски, кој е втемелувач, основач, поставувач на визионерските и стратешките насоки на понатамошниот негов развој.

-Со ова монографско издание за Ристо Стефановски, како и со именувањето на големата сцена на театарот се покажува дека не само што има јадра кои пркосат на оваа доминантна култура на заборавот, туку и дека постои јасно проникнување во втемелувањето на она што значи императивна вредносна вертикала, потенцира Гешовска.

Посочи дека монографското издание внимателно уредено од Александра Бошковска, е важен придонес кон аргументацијата за историското значење на Ристо Стефановски, не само за Драмскиот театар, туку за историјата на современиот театар. Во него се поместени делови од неговите дневнички записи, делови од рефлексиите на колешките и колегите, соработничките и соработниците на Стефановски, хронолошки и биографски единици и факти поврзани со целокупната дејност на Стефановски. Станува збор за концентриран, систематично сублимен преглед, или, како што рече, ако сакате резиме, на еден столб во македонската современа култура.

-Ракописот на оваа монографија, ни потврдува дека Ристо Стефановски, не само што е од оние ретките во нашата култура кои со љубов и врвно знаење работела во сферата на менаџирањето, развивањето и архивирањето на театарот, како една од најкомплексните институционални структури, туку, уште поважно, според фактите на историјата на македонскиот театар, како уникатно посветен директор и театролог тој дава непроценливо важен и единствен придонес за осовременувањето, еманципирањето на театарот и во организациска смисла и во репертоарна смисла, потенцира Гешовска.

Речиси три четвртини од Полјаците се против испраќање полски и НАТО војници во Украина

Речиси три четвртини од Полјаците (74,8 проценти) не сакаат полски или НАТО војници да бидат испратени во Украина.

Речиси три четвртини од Полјаците (74,8 проценти) не сакаат полски или НАТО војници да бидат испратени во Украина, додека само 10,2 проценти од нив го поддржуваат ова решение, покажа анкетата на Институтот за пазарни и социјални истражувања (ИБРИС), спроведено по барање на полскиот весник „Речпосполита“.

Според истражувањето, 15 отсто од испитаниците немаат мислење во врска со тоа.

„Иако Полјаците не сакаат да испратат војници во Украина, тие се согласуваат да започнат преговори со НАТО и Украина за проширување на воздушната одбрана на територијата во близина на границата и овозможување соборување на руски ракети или беспилотни летала кои летаат кон Полска“, се наведува во истражувањето спроведено на крајот на февруари.

Се додава дека дури 69,3 отсто од испитаниците го поддржале ваквото решение, 17,6 отсто биле против, а 13,1 отсто немале мислење.

Мицкоски: Не очекувам власта да престане со црната кампања, ние ќе водиме позитивна кампања

Не очекувам власта да престане со црната кампања, додека ние ќе водиме позитивна кампања со проекти и решенија на проблемите.

Црната кампања е карактерна особина на оваа влада. Не очекуваме дека ќе престане таа нивна црна кампања која изобилува со монтажи, со навреди, со многу измислици и клевети, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата на Општина Гевгелија, запрашан од новинарите дали во пресрет на почеток на изборната кампања очекува фер кампања од власта.

Тој истакна дека, што се однесува до ВМРО-ДПМНЕ, нема да води црна кампања затоа што македонските граѓани знаат дека Македонија од осамостојувањето немала полоша влада, од оваа на СДСМ и ДУИ и затоа ќе води позитивна кампања со презентација на проекти и решенија за проблемите на граѓаните.

„Нашата цел е во оваа кампања да водиме позитивна кампања, односно да зборуваме за проекти и да зборуваме за решенија на проблемите на граѓаните, а не да се оптеретуваме со тоа, кој колку бил лош бидејќи сите граѓани знаат дека владата на СДСМ и ДУИ беше лоша. Односно, да бидам попрецизен, полоша влада од осамостојувањето на Македонија немало“, рече Мицкоски.

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ:

притисни ентер