Среде улица во Шпанија со калашников е изрешетан припадник на црногорски клан (ВИДЕО)

Денеска во центарот на шпанскиот град Марбела е изрешетан среде улица Милош Перуничиќ (41).

Станува збор за Црногорец од Бар кој е близок со Алан Кожар, кој припаѓа на криминалната група „Бар“, пренесува „Блиц“.

Тој претходно бил познат на полицијата за трговија со дрога, а минатата година бил пуштен од затвор каде што поминал една година.

Перуничиќ бил убиен околу 14 часот, среде улица во Марбела. Шпанските медиуми објавија снимки на кои се гледа безживотното тело среде пешачки премин додека полицијата стои околу.

Шпанските медиуми пишуваат дека маж облечен во морнарско одело му се приближил на Перуничиќ додека одел по улицата и испукал неколку истрели кон него. Неколку сведоци го виделе злосторството.

Сцената на злосторството се наоѓа на околу 100 метри од куќата на Перуничиќ каде што живеел. Напаѓачот му пристапил додека тој стоел со торба од продавница и од автоматско оружје испукал десетина истрели кон него. Потоа избегал од местото на несреќата со мотор.

Сепак, тој наскоро бил уапсен. Шпанската полиција денеска соопшти дека напаѓачот бил фатен.

Најголема излезност во Струмица во Струмичко-Радовишкиот регион

До 13 часот најгoлема излезност на гласачите во Струмичко-Радовишкиот регион е забележана во општина Струмица со 28,8 отсто од вкупно запишани 49.341 избирачи во Избирачкиот список.

Во Радовиш до 13 часот гласале 21 отсто од запишаните вкупно 24.205 избирачи, а во Конче има најмала излезност од 14,3 проценти од запишаните 2.724 избирачи.

Во општина Босилово до 13 часот излегле 17,9 отсто од запишаните 12.248 гласачи, а во Василево 20 проценти од 10. 592 запишани избирачи.

Во Ново Село на гласање излегле 20,40 проценти од 11.181 гласачи.

Според информациите од општинските изборни комисии изборниот ден досега поминува мирно и без проблеми.

Инаку, во шесте општини од регинот има запишано 110.291 граѓани, кои гласаат на 198 избирачки места./МИА

Почина Милош Јакеш последниот лидер на чешките комунисти

Милош Јакеш кој беше последниот генерален секретар на Комунистичката партија на поранешната Чехословачка, почина во 97 година од животот.

Тој станал лидер на комунистите во 1987 година и беше нивен водач во времето на кадифената револуција во 1989 година, кога беше ставен крај на 40-ет годишното комунистичко владеење во некогашна чехословачка, пренесе АП.

Во 1994 година Чехословачка по мирен пат се раздели на Чешка и Словачка.

Излезеноста до 13 часот во Велес е 28,76 проценти

Од вкупно 45 989 гласачи регистрирани на Единствениот избирачки список, до 13 часот гласале 13 226 гласачи или 28,76 проценти на 84 избирачки места во Општина Велес.

Лили Велковска, претседател на Општинската изборна комисија, изјави дека на сите 84 гласачки места гласањето се одвива мирно и во демократска атмосфера./МИА

притисни ентер