Среде пандемија во неколку линии од скопскиот јавен превоз патниците си дишат во врат

 Од јавниот превоз во Скопје, Симона и Александар најчесто ја користат линијата број 22, која се обраќа од Транспортен Центар до „Лепенец" и обратно.

Секој ден, двајцата граѓани, со маски на лицето и страв во коските, среде пандемија, надвор од протоколите, се приморани да го делат автобусот со прекумерен број на патници, кои, исто така, мора да стигнат до крајната дестинација во одреденото време.

Симона вели дека автоматски се губи смислата на самите мерки за заштита од коронавирусот кога има автобуси во кои се прават гужви и тие луѓе си дишат еден во друг. Дополнува дека напразно носи маска и внимава, кога потоа се качува во автобус и најмалку 20 минути поминува со голем број на луѓе, а притоа нема растојание помеѓу нив.

– Ми се случило да се качам во автобусот број 22 од Транспортен Центар и веќе на рекорд тој да се преполни, луѓето буквално си дишеа во врат, а кога дојде време да се симнам, мораше од автобусот да излезат пет-шест души кои се гужваа на самиот излез, само за да можам да се симнам јас, споделува Симона.

Александар, исто како и Симона, вели дека автобусите се преполни со патници покрај кои и тој не се чувствува безбедно.

– Со почетокот на пандемијата, драстично се намали бројот на возила кои сообраќаат на оваа линија. Во периодите кога се користи најмногу јавниот превоз, кога се оди на работа и кога се враќаме, воопшто не се почитува препораката за дозволен број на патниците во возилото, вели Александар.

На другата страна од градот, Марија, за да стигне до работа ја користи приградската линија број 71 и вели дека во време на пандемија, воопшто не е задоволна од „безбедноста" на истата.

– Секојдневно го користам јавниот превоз и се соочувам со гужви до тој степен да не можам да се поместам од местото на стоење. Дополнително, поради мерките, јавниот превоз за приградските линии е намален и со тоа значително се зголемува гужвата во автобусот, вели Марија.

Таа смета дека намалувањето на линиите во овој кризен период влијае негативно врз населението и нивната заштита од пандемијата со Ковид-19.

Како Симона, Александар и Марија има многу други патници, кои секојдневно, „заглавени" помеѓу желбата да останат безбедни, и да стигнат на работа, или, што поскоро дома, се изложуваат на ризик и ја валидизираат својата „Скопска" во преполнет автобус, помеѓу патници кои, исто така, немаат друг избор.

Протоколот за превоз на патници има, најважниот дел од реализацијата на истиот остана само на хартија

На почетокот од пандемијата со Ковид-19, Владата, меѓу другото, го изготви и Протоколот за вршење превоз на патници. Императивот од Протоколот е исполнетоста на возилото со патниците да е до максимум 75 проценти од вкупниот капацитет. Меѓутоа, од друга страна, често низ социјалните мрежи кружат фотографии од преполнети автобуси кои го претставуваат секојдневието на многу граѓани.

Протоколот, исто така, наложи и регулирано движење на патниците со влез и излез на посебна врата. Додека, во реалноста се воочливи турканици од патници во обид да „фатат" место во автобус.

Воочлив принцип кој е испочитуван од овој Протокол е одделеноста на возачот од делот за патници со физичка преграда, меѓутоа, се случува и некој патник да се „протне" и да се послужи со столчињата кои се наоѓаат зад возачот, во „забранетата зона". Наложените едукативно информативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки, исто така, можеа да се забележат во внатрешноста на автобусите.

Град Скопје и ЈСП велат дека се придржуваат на препораките, останатото е морална одговорност на патниците

Протоколот посочи задолжително носење на заштитни маски на патниците и возачот, но, истите, многу често не беа дел од заштитната опрема на луѓето кои се превезуваа. Во однос на ова, од Град Скопје за МИА изјавија дека не постојат механизми нивните инспектори да ги отстранат овие лица.

Јавното сообраќајно претпријатие се надоврзува во однос на културата на носење на маски, со што оттаму за МИА велат дека немаат ингеренции да ги казнуваат несовесните патници, ниту пак да им забранува влез во возилото.

– Во случајов, т.н. редари кои ги има во речиси секое наше возило, имаат обврска и ингеренции само да ги опоменуваат несовесните патници. Дел од нив, по усната опомена, ставаат маска, но, за жал има речиси секојдневни ситуации кога патници и покрај опомената продолжуваат да се возат без маска, па дури и се закануваат и предизвикуваат инциденти. Значи, сѐ е оставено на совеста на патници, велат од претпријатието.

Од Министерството за внатрешни работи во однос на казнувањето за неносење маска во автобус изјавија дека статистичките податоци за овие прекршоци се водат согласно членот од Уредбата односно Законот и по подрачје на полициска станица, па така, согласно евиденциите, како и начинот на водење на статистичките податоци, за овие прекршоци не се издвојуваат по места и објекти.

Што се однесува до преполнетоста, од ЈСП велат дека во изминатиов период имало ситуации, генерално две до три месечно, на зголемен, односно поголем број на патници од дозволеното.

– Во вакви случаи сме реагирале и реагираме на дневна основа, со вклучување на дополнителен број на возила на конкретната линија, велат од ЈСП. Изминатиов период така е реагирано на линија 2, 5, 50, 57 и уште неколку приградски линии, велат од ЈСП.

На прашањето дали сметаат дека одлуката да се намалат возните редови влијаеше неповолно кон заштитата од пандемијата со Ковид-19, од Град Скопје велат дека тие како институција само се придржуваат до овие одлуки и не ги носат истите.

Дополнуваат дека ја мониторираат состојбата во однос на искористеноста на јавниот превоз на дневна основа, преку контрола на искористените билети и преку тие статистики можат да утврдат дали се создаваат поголеми метежи на одредени линии и во одредени термини.

– Таму каде што детектираме се создава поголем метеж, интервенираме со зголемување на бројот на автобуси, велат од Град Скопје

Граѓаните бараат подеднаква и навремена заштита и ажурност во јавниот превоз

Симона смета дека за време на пандемијата со Ковид-19, во оние линии на кои се превезуваат повеќе луѓе, како што е тоа автобусот со број 22, треба да се пуштаат повеќе возила во пократок временски период. Особено наутро, кога луѓето одат на работа и попладне, кога се враќаат. Александар се надоврзува на неа и вели дека треба да се воведе начин на контрола на бројот на патници во автобусите, дали преку валидизираните билети или ангажирање на редар кој до сега не го има забележано. Марија бара подеднаков третман и за приградските линии.

Непочитувањето на протоколите е потенцијална можност за заразување со вирусот Ковид-19, па така вакуумот од преполнет автобус е секојдневен предизвик за многумина граѓани. Додека бројките на заразени со Ковид-19 флуктуираат, мерките се заоструваат и сето тоа го скратува денот на луѓето кои се приморани да одат и да се вратат од работа во уредно време. Бас Рапид Системот за кој Европската банка за обновлив развој ќе додели заем во износ од 70 милиони евра, ветува промени, регулирање на гужви и сè останато, во меѓувреме, пандемијата трае а граѓаните велат дека постоечкиот јавен превоз потфрлува и ги става нивните животи во опасност./МИА.

АИ: Глобалните човекови права соочени со најсериозни закани

Човековите права ширум светот се соочуваат со најсериозните закани во последните неколку децении, соопшти Амнести интернешенл (АИ) во својот годишен извештај објавен денеска.

Организацијата ги истакна конфликтите во Газа и Украина, како и ширењето на авторитарните влади, кои му штетат на меѓународниот поредок со кршење на меѓународното право и игнорирање на основните права.

-Флагрантното непочитување на меѓународното право од страна на Израел се надополнува со неуспехот на неговите сојузници да го запрат невиденото крвопролевање во кое страдаат цивили во Газа, изјави генералната секретарка на АИ, Ањес Каламар.

„Покрај руската агресија против Украина, зголемениот број на вооружени конфликти и масовните прекршувања на човековите права, забележани, на пример, во Судан, Етиопија и Мјанмар - глобалниот поредок заснован на правила е во опасност да биде десеткуван“, додаде таа.

И демократиите не ги избегнаа критиките на АИ, а Каламар кажа дека „тоа што го видовме во 2023 година потврдува дека многу моќни држави ги напуштаат основните вредности на хуманоста и универзалноста содржани во Универзалната декларација за човекови права“. Меѓу другото, во извештајот се критикува американското користење на ветото за да се парализира Советот за безбедност на ОН со месеци за резолуцијата за прекин на огнот во Газа.

Извештајот „исто така ги истакнува гротескните двојни стандарди на европските земји како Обединетото Кралство и Германија, со оглед на нивните основани протести против воените злосторства на Русија и Хамас, а истовремено ги поддржуваат дејствијата на израелските и американските власти во овој конфликт“, се наведува во соопштението на Амнести.

Војната во Украина беше уште еден клучен фактор што придонесе за падот на глобалното досие за човекови права.

Амнести ги наведе неселективните напади на руските сили „на населени области и цивилна инфраструктура за извоз на енергија и жито“.

„И руските и украинските сили користеа касетна муниција и покрај нејзината неселективна природа и постојаните ризици за цивилите“, се вели во извештајот.

-Извештајот на Амнести интернешенел прикажува мрачна слика за алармантна репресија на човековите права и кршење на меѓународните правила, сето тоа во услови на продлабочување на глобалната нееднаквост, суперсили кои се борат за превласт и ескалација на климатската криза, рече Каламар. /МИА

Во Македонска Каменица гласаат 6641 лице, излезноста до 9 часот 3,55 проценти

Во Македонска Каменица во рамки на Претседателските избори 2024 денеска треба да гласаат 6641 лица, кои се регистрирани во избирачкиот список. Гласачките места во оваа Општина биле отворени навреме, а гласањето се одвива без било какви проблеми.

До 09:00 часот кога е направен првиот пресек за излезноста на граѓаните од Општинската изборна комисија соопштија дека 3,55 е процентот на граѓани кои го оствариле своето право на глас

- Од вкупно регистрираните гласачи до 09:00 часот гласале вкупно 236 лица или 3,55 проценти од гласачите во Македонска Каменица го искористиле своето право на глас, информираа од ОИК.

Гласањето, како што додадоа, продолжува на избирачките места на кои граѓаните можат да го дадат својот глас за еден од седуммината кандидати за Претседател на државата.

Во меѓувреме, Општинската изборна комисија во соседната општина Делчево соопшти дека до 09:00 часот таму гласале 818 лица од вкупно 14.490 регистрирани гласачи што во проценти изнесува 5,65 проценти. /МИА

Жиру следната сезона ќе игра во американската лига

Оливие Жиру следната сезона ќе игра во американската МЛС лига.

Прославениот француски репрезентативец веќе потпишал договор на една и пол година со Лос Анџелес.

Напаѓачот во кариерата постигна 57 гола на 131 натпревар за Франција, а во новиот клуб ќе му се приклучи на долгогодишниот репрезентативен колега, голманот Хуго Лорис со кој го освои Светското првенство во 2018 година.

Французинот уште во март постигна договор со тимот од Лос Анџелес, а сега договорот е и официјално потпишан.

Жиру кариерата ја започна во Гренобл, потоа играше за Тур, Монпеље, потоа Арсенал, Челси, додека претходните три години играше за Милан, со кој беше и шампион на Италија.

Оваа сезона во сите натпреварувања за Милан Жиру постигна 15 голови. /МИА

притисни ентер