Средба Путин – Ердоган во Сочи

Точно напладне во рускиот град Сочи почна состанокот на двајцата лидери Путин и Ердоган посветен на турската офанзива. Official facebook: https://www.facebook.com/Kanal5Televizija/ Web: http://kanal5.mk/ Copyright: OnAir Media Group

Хурем има нова работа: Продава џемови, сладолед, кафе...

Германско-турската актерка Мерием Узерли, која стана позната по улогата на Хурем во серијалот ,,Сулејман Величествениот”, се пофали со новиот деловен проект.

Имено, актерката утре ќе отвори продавница за слатки во центарот на Берлин.

Како што објасни на својот профил на Инстаграм, се надева дека ова ќе биде само една во низата продавници што планира да ги отвори низ целиот свет.

"Ја отворам мојата прва продавница Нош Нош во Берлин. Тоа е вкусно и многу здраво слатко. Ова е само почеток на едно убаво патување. Почнувам во Берлин и се надевам дека ќе се раширам низ целиот свет. Јас и моите пријатели го создадовме ова место каде сакаме да се чувствувате како дома додека уживате во најквалитетните слатки “, напиша актерката под постот.

10.july I m OPENING up my first NOSH NOSH Shop in berlin @noshnoshberlin #comingsoon 🎊😎🥰 it’s about tasty and healthy delicious pieces 🥜🍫🍧☕️🥤 this is just the start of a beautiful journey - first in berlin then hopefully all over the world ! Me and my friends created a place where we want you to feel Home 🏡 ❤️ and enjoy the highest quality of our delicious offers... Almonds / Nuts gluten-free vegan chocolate Milk chocolate Our amazing „spoon Kakao“ 😱🥰 🥄 Macarons Jams Two times world championship ice cream 🍨🥰 Olive oil Coffee Tea And many many more ... visit us at NOSH NOSH Hackescher Markt @noshnoshberlin #food #healthy #gourmet #berlin #shop #hackeschermarkt #chocolate #icecream #jam #olives #oliveoil #nuts #kakao #highquality #noshnosh #noshnoshberlin #deliciouspieces 🥜

A post shared by meryemuzerlimeryem (@meryemuzerlimeryem) on

Таа исто така откри што ќе имаат да понудат.

„Ние нудиме веган чоколади, џемови, какао, макарони, сладолед што е најдобро на светот, маслиново масло, кафе, чај и многу повеќе“, напишала убавата актерка.

Претседателката на Боливија е позитивна на коронавирус (ВИДЕО)

Привремената претседателка на Боливија, Џанин Анез, вчера објави дека тестирањето покажало дека е позитивна на коронавирус, но се чувствува добро.

„Позитивна сум на ковид-19, се чувствувам добро и работам во изолација. Заедно продолжуваме“, напиша Анез на Твитер.

„Ќе бидам во карантин четиринаесет дена и ќе бидам тестирана уште еднаш. Се чувствувам добро“, додаде 53-годишниот лидер на десницата, во видео-пораката објавена на истата социјална мрежа.

Ова е втор лидер на јужноамериканска земја позитивен ма коронавирус, по бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој објави во вторникот дека е позитивен. Во Венецуела е заразен претседателот на Националното конститутивно собрание и лидерот на Социјалистичката партија, Диосдадо Кабело.

Џанин Анез го замени левичарскиот претседател Ево Моралес, кој се повлече во ноември 2019 година.

Боливија, земја со 11 милиони луѓе, има вкупно 42.984 заразени и 1.577 жртви.

Француски педофил ќе биде стрелан во Индонезија (ВИДЕО)

Французин најверојатно ќе се соочи со смртна казна со стрелање во Индонезија, откако е обвинет за злоупотреба на повеќе од 300 деца и тепање на оние што не сакале да имаат секс со него.

Полицијата соопшти дека го уапсила пензионерот Франсоа Абело Камил (65) во хотел во Џакарта минатиот месец, каде што две малолетни девојчиња биле во собата со него.

Доколку биде осуден, тој се соочува со смрт со стрелање или доживотен затвор, пишува Дејли Меил.

Инспекторите рекоа дека пронашле видеа на лаптопот на Камил на кои извршувал нелегални сексуални активности врз стотици деца на возраст од 10 до 17 години.

Пензионерот влегол неколку пати во Индонезија во последните пет години со туристичка виза, се вели од полицијата.

„Тој ќе им пристапеше на децата и ќе ги примамеше, нудејќи им работа како манекени“, им рече на новинарите началникот на полицијата во Џакарта, Нана Суџана.

„Тој би им платил на оние што се согласиле да имаат секс со него меѓу 17 и 70 долари. Ако одбијат, тогаш ги претепувал“, додаде полицаецот.

Полицијата верува дека Камил со години ги злоупотребувал индонезиските деца и дека може да има повеќе жртви.

притисни ентер