Средба Османи-Дендиас во Атина

Грција и Македонија треба да бидат пример за пријателство на Балканот.

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Бујар Османи,во рамки на првата официјална посета на Хеленската Република, по преземањето на функцијата, оствари средба со својот домаќин министерот за надворешни работи на Грција, Николаос Дендиас.

Фокус на разговорот меѓу двајцата колеги, на двете земји соседи беа воспоставување на рамката за следните активности што им претстојат на двете држави согласно Акциониот план за соработка и имплементацијата на Договорот за стратешко партнерство (познат како Договорот од Преспа). Покрај доминантните теми за интензивирање и унапредување на економската соработка, преку поголема соработка на стопанските комори, во делот на инфраструктурата, за меѓу граничните олеснувања на движењето на граѓаните, енергетиката, се разговараше и за понатамошно продлабочување на политичкиот дијалог, за пријателството и добрите односи со соседите, како политики на градење заедничка европска иднина.

„Вистинско задоволство е да се почне годината со ваква успешна посета на Грција. Нашите искрени намери се да го надминеме прагот на добрососедството, како коректен политички наратив, и да поставиме основа за изградба на едно подлабоко долгорочно пријателство меѓу двете земји, како највисок израз на успешност на политиката и дипломатијата", истакна Османи.

Европските интеграции и сојузништвото во НАТО, секако беа и една од темите на разговор меѓу двајцата хомолози при што во тој контекст, Османи потенцираше:

„Како непосреден сосед кој воедно и членка на ЕУ, сметам дека е особено важна принципиелната поддршка од страна на Грција за почеток на преговорите со Македонија, без одложување. Ја цениме оваа поддршка и ја сметам за еден од клучните инпути во создавањето долгорочно пријателство меѓу двете земји. Во истата насока сакам да ја нагласам и соработката во рамките на НАТО, преку аранжманот меѓу двете држави за заштита на воздушниот простор, што во голема мера придонесува за унапредување на довербата меѓу двете земји на политички и безбедносен план".

Во насока на засилениот ангажман на двете земји за збогатување на билатералната соработка, за време на официјалната посета на Османи на Грција,се потпишаа три Меморандуми за разбирање меѓу двете држави за соработка во областа наинвестициите и надворешна трговија меѓу претпријатијата „Грција СА" и „Инвест С.Македонија", за соработка меѓу министерствата за надворешни работи во едукацијата на дипломатите и за соработка во областа на цивилната заштита.

„Особено ме радува што денешната посета ја крунисавме со потпишувањето на три многу важни меморандуми за соработка. Отсекогаш сум велел дека економијата и бизнисот треба да ги предводат нашите односи, наша обврска е преку овие меморандуми, преку политичката соработка, да ги создадеме сите услови за натамошно унапредување на трговската размена, размената во областа на туризмот, инвестициите, како најважна и сигурно нај-опиплива придобивка за граѓаните. Пред нас стојат сериозни инфраструктурни и енергетски проекти: преку изградбата на интерконекторот за пренос на гас, поврзување на земјите преку гасовод, возобновување на постојниот нафтовод, учество во изградбата на гасниот терминал Александрополис, железничкото поврзување, патното поврзување и секако отворањето на новите гранични премини Маркова Нога-Лемос и Мајден-Промахои", нагласи Османи.

На агендата на Министерот во рамките на официјалната посета на Грција ќе бидат и средбите со Претседателот на Хеленската Република, Катерина Сакеларопулу, премиерот, Кирјакос Мицотакис и алтернативниот министер за европски прашања, Милтијадис Варвициотис

Џони Деп ги изненади фановите во Лондон, сите забележаа дека ослабел (ФОТО)

Џони Деп го привлече вниманието на неодамнешната премиера на Jeanne du Barry во Лондон.

Носеше црн костум на Диор, бела кошула и сив капут. Комбинираше и очила за сонце. 60-годишниот актер спремно им позираше на фотографите на црвениот тепих.

Неговите фотографии се проширија на социјалните мрежи, а многу фанови напишаа дека Деп многу ослабел. Покрај тоа, неодамна ја скрати косата. Во февруари се снимаше во Италија, каде што го режира филмот Моди, а потоа и понатаму ја носеше својата коса подолго.

Потсетуваме дека во историската драма Jeanne du Barry главната улога ја има Џони Деп. Филмот го режираше француската актерка и режисерка Мејвен, која го отелотвори главниот женски лик. Овој филм е и првиот филм во кој Деп глуми целосно на француски јазик.

Пендаровски: На 24 април заокружете број 1 за стабилност во следните уште пет години

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски попладнево беше со жителите на општините Чашка и Свети Николе.

Заблагодарувајќи им се за масовното присуство, Пендаровски истакна дека имајќи предвид дека во изминатите пет години постојано бил меѓу своите сограѓани, тие знаат за што се залагал и знаат дека така ќе продолжи и во следниот мандат. Во оваа насока Пендаровски посочи на двете големи придобивки за земјата во последните неколку години, односно членството во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ.

„Затоа овие избори се многу важни. Не смееме да дозволиме да се врати претходната власт. Постигнавме добри договори, се смиривме и се договоривме со соседите. Тие сакаат одново да преговараат и да изгубиме уште 10-15 години. До тогаш овие деца што ги гледаме тука ќе заминат од Македонија", подвлече Пендаровски.

Говорејќи дека како претседател не ги дискриминирал луѓето по ниту една основа и не ги делел на наши и на ваши, Пендаровски ги повика граѓаните на Чашка и на Свети Николе масовно да гласаат уште на првиот круг од изборите.

„Дајте да продолжиме со истите овие луѓе. Не ни треба пак да се караме внатре меѓу нас или пак да се караме со соседите. Мојот слоган е ,,Нашиот претседател" затоа што јас сум ваш, вие сте мои, сите сте наши", подвлече Пендаровски.

На прашање од присутните во однос на обвинувањата на опозицијата дека ќе го бојкотира вториот круг од изборите, Пендаровски одговори дека нема потреба да бојкотира зошто ќе ги добие изборите.

Граѓаните побараа коментар и околу изјавите на Гордана Силјановска-Давкова дека е неопходна реформа на Уставот.

„Јас мислам дека нејзината изјава е многу поопасна. Значи, тие три години како политичка партија се борат против промена на Уставот, да не биле Бугарите дел од преамбулата на Уставот. Но госпоѓата не зборува за тоа. Таа зборува за нов Устав, внимавајте зборува за граѓански Устав. Дали во тој граѓански устав како што го нарекуваат ќе има воопшто место за Македонците? Според мене тоа е многу опасна идеја освен ако госпоѓата не се потруди да објасни што подразбира под нов, граѓански Устав" одговори Пендаровски.

Во рамки на изборниот караван вечерва Пендаровски ќе одржи централен митинг во Велес, соопштувата од неговиот тим.

Гордана Силјановска-Давкова: Ајде да се сплотиме како калинката

Оваа глетка во Валандово, ќе се насмеете, ме потсетува на калинката. Ни треба единство, ни треба консензус за најважните прашања. 

Треба да се сплотиме како калинка, сите, без оглед на каква било припадност! Особено треба да се сплотиме со дијаспората.

Во годините на крајот на 19 век низ Европа, особено во Лондон во Бајроновото друштво, се дикутирало за Балканот и за Македонското прашање. Еден од најпопуларните британски премиери, Вилијам Гледстоун го напишал писмото до Бајроновото друштво со наслов: „Зошто не Македонија на Македонците?“ Во писмото вели: Зошто не и на тој мал народ да си ја земе судбината во свои раце? Така ќе има гаранција за мирот“ Сега повторно, мора да си ја земеме судбината во свои раце!

Дали оваа власт ве прави горди? Дали сме горди кога прифаќаме рамка што ниту една друга земја - кандидат ја немала? Дали сме горди кога за нас се поставуваат посебни услови? Дали сме горди кога сиромаштијата е најголема во Европа? Дали сме горди кога егзодусот на младите е неповратен? За жал, Валандово се празни. Затоа граѓаните треба како река на 24-ти април и на 8-ми мај да покажат дека тие се носителите на суверенитетот.

Македонија мора да биде горда, вие сте изворот на нејзината гордост!, рече Силјановска- Давкова, пренесе нејзиниот тим.

притисни ентер