Средба на претседателот Пендаровски со Беса Адеми, претседателка на Врховниот суд на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ja прими Беса Адеми, претседателка на Врховниот суд на Република Македонија.

Претседателот Пендаровски, честитајќи го изборот за претседателка на Врховниот суд, ја нагласи важноста на улогата на Врховниот суд во воедначувањето на судската пракса преку надлежноста да утврдува начелни ставови и начелни правни мислења, со што се обезбедува единство во примената на законите од страна на судовите.

На средбата, претседателот Пендаровски истакна дека еден од најзначајните сегменти во европската интеграција на државата е ефикасното функционирање на правната држава, а независното, непристрасно и професионално судство е најдобар гарант за остварување на оваа цел.

Соговорниците разговараа и за предизвиците во остварувањето финансиска независност на судството, како и за кадровската екипираност на Врховниот суд.

Претседателот Пендаровски ја изрази својата целосна поддршка за независноста на судството и изрази подготвеност за соработка во сите области во кои ќе биде потребно и ќе биде побарано од Врховниот суд.

Видео: Интернет го исмева Маск за позите што ги изведе на црвениот тепих

„Никогаш не сум видел некој толку очаен да биде сакан од сите, а во исто време никого да не го сака“

Во текот на викендот, познати личности, спортисти и милијардери присуствуваа на 10-тата годишна церемонија на наградата „Breakthrough Prize Ceremony“ (позната како Оскари на науката), каде што врвните научници беа признати со награди од 1 милион долари.

На настанот се појави и Илон Маск, а неговото позирање на црвениот тепих беше... Па, прилично непријатно за гледање. Видеото се прошири на социјалните мрежи. Некој од публиката му викна да ги стави рацете во воздух и тогаш се случи ова:

„Никогаш не сум видел некој толку очаен да биде сакан од сите, а во исто време никого да не го сака“, „Како 12-годишно дете да се обидува да биде кловн во класот“, „Тој е толку скржав“, се само дел од коментарите на Твитер.

Извор: Индекс.хр

Од почетокот на руската инвазија во Украина како исчезнати се водат 37.000 лица

Украинските власти денеска објавија дека од почетокот на руската инвазија исчезнале околу 37.000 цивили и војници, што е нецелосна бројка бидејќи Русија окупирала речиси 20 отсто од националната територија, јави Бета.

„Речиси 37.000 лица исчезнаа, вклучувајќи деца, цивили и војници. Оваа бројка може да биде уште поголема“, напиша украинскиот комесар за човекови права Дмитро Лубинец на својот профил на Фејсбук.

Од почетокот на руската инвазија, на 24 февруари 2022 година, загинаа неколку десетици илјади лица, цивили и војници, но не постои општа проценка утврдена од сигурни извори.

Процедурите за идентификација на загинатите и исчезнатите може да траат неколку месеци.

Украинската и руската армија само во ретки прилики објавуваат биланс на загинати војници.

Не е познат и бројот на цивилни жртви бидејќи нема сигурни информации на териториите окупирани од Русија од почетокот на инвазијата./МИА

Белата куќа објави ново партнерство со 50 земји за борба против идните пандемии

Американската влада ќе работи со земјите за да ги подобри нивните методи на тестирање, скрининг, комуникација и подготовка за такви избувнувања.

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ќе им помогне на 50 земји да идентификуваат и да одговорат на појавата на заразни болести со цел да се спречи нова пандемија како Ковид-19, која остро го наруши нормалниот ритам на животот ширум светот во 2020 година.

Американската влада ќе работи со земјите за да ги подобри нивните методи на тестирање, скрининг, комуникација и подготовка за такви избувнувања, рече висок претставник на администрацијата на Бајден кој сакаше да остане анонимен. Официјалниот претставник не кажа за кои земји станува збор.

Соопштението доаѓа во момент кога земјите се обидуваат да се договорат за меѓународен одговор на идните пандемии. Четири години по пандемијата Ковид-19, изгледите за договор во оваа насока што ќе го потпишат 194-те членки на Светската здравствена организација изгледаат сè понејасни.

Програмата на САД ќе се потпира на неколку владини агенции, вклучувајќи го Стејт департментот, Центрите за контрола и превенција на болести, Американската агенција за меѓународен развој и други, за да им помогнат на земјите да го подобрат својот одговор на појавата на заразни болести. /МИА

притисни ентер